т:темплум  


2007:јули/август
општ конкурс


a:a nonimus





 

v:viva la revolucion, дел 1

Лула се појави како фантом во подрумската просторија во куќата на Спајк. Договорени беа да пушат некоја убица трава таа вечер.
- Рецепторите на турн-оф бебо, иначе рикверц назад идеш - ја потсети Спајк. - Ова ти е слободна вечер.
- Готово бе, исклучени се. - мада колку е крајно неиздржан тој термин... слободна вечер...- Аман пушти го навака џоинтот бе бебо, го исцица цел.
- Држ, бебо.

Стварно е посебно задоволство да се пуши џоинт со Спајк. Ритуал. Апсолутна посветеност. Убави мрсни туфни без многу семки. Мерак за очи, за прсти, за плуќа. При тоа секогаш има доста, Спајк е стар џано, риспект; и травата е толку добра - те удара уште при прво влечење прв џоинт.
Спајк не дила, да се разбереме, он е медијатор. Кроз него несакајќи поминува добар дил. Дилот го наоѓа него. Нема замарање, нема брканици.
Последица на вградените рецептори од повисок вид кои овие чудни суштества ги имаат од раѓање. Магнетизам. Необјасниви феномени. Да се влече спонтано некаква ситуација...битие...суштества...мит...
Со тек на време се научија правилно да ги контролираат. Па така, на моменти знаеја сами да ги предизвикаат работите што им требаат, а на моменти силно ги затвораа тие канали на восприемање со цел максимално да се опуштат.
Но дури и кога беа присилно затворени тие канали, сепак чудни необјасниви фантастични моменти предизвикуваа со самото постоење. Не е можно под присила да ги поттиснеш тие канали до крај - стално се тука, стално брчи главата, тоа е нешто што се носи од раѓање. Ги оставаш само привидно затворени додека се препушташ на моментите релаксација.

Низ полу-отворените прозорски капаци се протнуваа виолетови зраци од месечината. Во позадина валовито носеа звуци од убав психоделичен транс.
- Јас не знам бебо што ставаат во ова грасов ама многу е добро.
- До целата ситуација е воопшто бебо. Ти се погоди поимот слободна вечер. А до пред малце ми се тегавееше неодлучно дали да останеш.
Вистина е, си помисли Лула. Но едноставно поучена од сите претходни искуства знаеше дека кога доаѓа од оваа страна на градот мора да и се деси некоја пропратна неочекувана ситуација. Просто ќе ја изнајде нешто што не го очекува. Ќе го предизвика. Ко да знае нештото дека е тука и баш тогаш ќе најде за сходно да ја извика. Рецепторите не и се исклучени - тоа е. Никогаш не научи како да ги исклучи скроз. Истрауматизираност. Потреба да се биде секогаш спремен. Борба за опстанок.
 



 

v:viva la revolucion, дел 2

Лула живееше во престижниот дел од градот. Беше дел од старата аристократија. Но, кога почнаа превирањата и гонењата од новата владеачка класа, таа застана во делот опозиција. Не затоа што беа блиски по политички или општествени ставови, туку едноставно зашто не припаѓаше на новиот сталинистички поредок на самобендисаниот диктатор Квази Анти Корупт. Секој кој не припаѓаше на новиот поредок на Квази Анти Корупт беше сместуван во толпата Опозиција. Дел од таа толпа веќе беше ликвидирана, дел беше пикната по затвори, дел во канализација, дел прогонета по странство, дел обновена со лоботомија - т.е. купена со позиција, титула и кеш. Страшно време завладеа во земјата. Дојде време на еднопартиски систем пак. Гадна варијанта на оној во комунизмот. Под присила и ги земаа поседите - лозјето во Соње, викендичката во Маврово - под изговор дека се купени со искорумпирани пари. Едноставно власта и ги одзема, демек ги национализира, па после тоа ги подели на по некој идиот под изговор дека државата си ги повратила средствата од нивниот трансфер. Каков трансфер бе копучишта, па тоа се поседите кои се мои по фактор семејно наследство.
Документи имаше, ама за жал правен систем во државата веќе немаше. Па таа со цел да си ги задржи документите за некои подобри времиња и да спречи да ги украдат и нив, реши да не се бори повеќе за ништо што би можело да ја оштети повеќе. Си го задржа само станот во дебар маало. Но, и тоа маало сега се преполни со секакви копуци и повеќе сакаше да бега од другата страна на реката каде сеуште има отпор, таму каде е седиштето на опозицијата.
Спејк беше член на големото андерграунд опозициско движење. Тоа движење беше составено од членовите на сега веќе уништените партии од некогашната опозиција, членовите на нарко круговите, дел од запустената вистинска интелектуална сила, останатиот дел од аристократијата, албанската мафија, циганите, клошарите, и сите слободни уметници.
Наспроти нив стоеше барикада од полиција, сите сељаци, цела провинција, целиот слој со коефициент на интелигенција под 100, и сите педери во државава. Гај популацијата беше во апсолутен подем. Беше страшно битно да си геј. Ако си геј си по дифолт мезимец на диктаторот.
Така, на чело на инквизицијата - специјалната полиција - стоеше најголемата лезбача во градот, Г-ѓа Гоце-Делчевска. Инквизицијата прво прибираше, па после можеби можеби објаснуваше зошто. Но, како и да е, нејзината моќ беше толкава што можеше со години во притвор да седиш додека ти се утврдува процесот. Опасно време ги зафати сите. Не дај боже да паднеш во очи со нешто, било што, на мета дојдеш ли на владеачките касти - готов си. Инквизицијата почнува да те гони, и ти си во постојано луцидно бекство.
Во една пригода Лула напиша многу добар текст и го објави во тогашната Трибина. Просто измисли приказна и ја објави. Како не можеа да направат разлика припадниците на новата владеачка каста помеѓу реалност и фикција, како и самата приказна бегаше на момент од фикција во реалност, Лула веднаш беше ставена на список на инквизицијата. Но, како сепак спаѓаше во малце порастеретените и не толку опасни кругови на уметничката опозиција, а и неверојатно и се допаѓаше на Г-ѓа Гоце-Делчевска, Лула не беше приведена при првата средба со аждајата. Имаа еден ко божем случаен контакт преку полицајката Лезби деВит - другарката од детство на Лула, и после тој контакт, дали на среќа или несреќа (сега тоа е дискутабилно до бесвест и парадоксално до срж), Г-ѓа Гоце-Делчевска разви неверојатно шизофренична потреба да ја преобрати оваа мала девојчица во еден од нив. Каква ли неверојатна досетка. Да преобратиш некој кој те пљукал. Да веруваш дека припадник на опозицијата кој се дрзнал не само да пишува туку и да го објави напишаното под изговор дека литературата трпи све и тенка е границата меѓу реалноста и фикцијата, па реалното може да е чиста фикција и обратно; значи еден таков што во очи што те прави мајмун да веруваш дека можеш да го преобратиш. И да сакаш бре. Па тој нема ниту една конструктивна мисла за тебе да напише пошто не си му дораснат по ниту еден принцип на споредба. И ти мислиш дека ќе го преобратиш...па тоа ниту било ниту некогаш ќе биде...
Парадоксално време дојде за живеење во оваа мала слатка држава Неизлезија. Логиката се укина како поим - тоа е. Сосема нелогично значи, Гоце-Делчевска го посака тоа перо на малата девојчица и ја посака и малата девојчица и од тука враќање назад НЕМА. Ќе пишува само за нас, ќе го велича владетелот до бескрај, ќе ми прави кафе наутро и ќе ми ги пере боксериците...
И крај.
Среќа Лезби деВит сеуште не беше потполно преобразена (а и самата го осети камшикот од новата власт многу јако откако ја префрлија да работи во село Арачиново), па навремено ја информираше Лула кога лудата лезбача има часови слободно време.
Таква беше и оваа вечер. Г-ѓа Гоце-Делчевска имаше слободно време, па Лула веднаш беше информирана да бега од дома за да не ја нападнат специјалците. Во слободно време Гоце-Делчевска мораше да прави јаки подвизи за нивната кауза, а како се беше настрвила на перото (и телото) на Лула - само тоа и се моташе по памет - како да ја ќари да пишува за нив. И во слободно време да и ги пере боксериците.

- Повеќе ни месецот не можам раат да го гледам бебо - му рече Лула на Спајк - да ти ебам слободната вечер да ти ебам. Ексик.

Здраво е и корисно понекогаш да се насмееш на своја сметка. Уште ако пушиш џоинт, тоа смеење е добредојдено. Паранојата се претвора во нешто сосема нормално и престанува да зазема еннормни размери.
 



 

v:viva la revolucion, дел 3

- Бебо, бегам од таа лудачата веќе извесно време, ама све ми се чини дека треба да ме снема од станчето. Ќе треба да им го оставам и станчето бе. Не сакам бе. А морам, мора да ме снема длабоко во андергаунд круговите на опозицијата зашто повеќе не ќе можам да бегам и ќе успее да ме фати на препад аждајата - ќе ме акне у притвор. И тамо ќе скапам до крај на животот.
- Или до крај на нивното владеење.
- Нема да се види така брзо тој крај. Не е спремна новата опозиција за уривање на власта. Многу не расцепкаа. Раздели па владеј. А и нив многу ги има. Немам толку време за чекање. А и по кој основ бе јас да лежам, заради напишана приказна ли? Ни политички затвореник не можам да бидам. Па нели збориме за висок степен на демократија бе. А вамо искача дека уопште нема слобода на говор, а па да не ти зборам за слобода на уметничко изразување па ич.
- Ма, кој би те оставил да трунеш во притвор, не влагај у таа прича бебо, него само ми дојде така да кажам зашто не ми се свиѓа песимизмот во твојот глас. И воопшто песимизот и стравот кај народот. Тачно дека све пробаа да уништат, ама можеш ли пелин да искорениш бе. Не има доста. Од герила банда полека стануваме голема организација. Водачот ни е јак, плус силно го држиме во тајност, и ќе успееме да ги згазиме. Ама ќе ги згазиме, да знаеш. Кога ќе дојде време за револуција ќе има тежок масакр. Со мафијата не смееш да се заебаваш, како не разбра оној шупакот не ми е јасно. Е сега дел од мафијата е со нас. Сите прогресивни струења се со нас. И се што претставува интелигенција со над 100 посто коефициент. Еден удар ќе има и тој удар ќе биде со тешки последици.
Спајк се замисли за момент. Дали смее да и каже до крај што е планот на опозицијата? Не заради тоа што би можела да го каже некому - тоа знаеше дека нема да се случи - туку поради екстрмноста на самиот план. И како тој план би можел да влијае врз сепак не толку радикално угнетена личност како што е Лула. (хмм, постои сепак голема веројатност преку навистина јака игра на зборови малата да им долови колку е јака опозицијата всушност, зашто стилот на кој едвај ќе дочека да ги пљукне следниот пат знаејќи го планот ќе биде многу многу поинаков, а да се исконтролира еден уметник - тоа е апсолутна невозможност, и тоа го знаеме сите)
Па таа воопшто не била фатена од инквизијицата, ниту пак гонета толку сурово како дел од другите во опозицијата. И се е тоа неверојатно сомнително. Тој самиот веќе во неколку наврати беше физички малтретиран. Му влегуваа во куќата ненајавени и бараа 300 чуда. Откако немаше ништо да најдат, после демолирање на куќата од патос до таван, го прибираа по полициски станици и го тормозеа да признава секакви будалаштини за кои не му беше јасно дали се измислени од нив (зашто такви небулозности само тупоглави суштества може да измислат) или може некој си измислува приказни доброволно како би добил поени а преку поените бодови за искачување погоре по скалата на власта (пари, моќ и позиција).
- Бебо, ај бе жити све, да го испушиме грасот, и дур пушиме бар да не се замараме со вакви муабети. Мотај пак.

Но од битните муабети никако не може да се избега...
- До кај си со книгата, бебо?
- Скоро сум при крај. Уште не знам како ќе заврши, ама па тоа никогаш не го знам - спонтано ми доаѓа. Драфтот му го дадов на Глувчо - Трибина, ама ми се чини веќе е купен он од власта бе. Или од влијателните кругови во општеството - што е сега па една те иста работа. Ме зачуди само фактот што блаботеше дека му се свиѓа, а вамо изеде бурек кога требаше да го стави на листа на принтање. Бар да го видев на листата, знаеш. Уште не беше готов матерјалот, во драфт беше, го преправав после тоа неколку пати. Кога он замисли си ти, сакал публицитет. Па нели до вчера се рачунаше за цитирам: дом на авангардниот пишан збор бе..,кога, го гледам ми се исправа со силни фаци од естаблишментот и скока пред камери, ги лиже за спонзорства, им се упикува за публицитет...па тоа не е ли искорумпираност бе...
- Не бе бебо, тоа е курварлук тежок. Кога ти зборев ја батали го, ти не па не, добри дечки се, со традиција во постоењето и начинот на постоење. Те разбирам јас, ако не таму каде ќе издаваш? А?
- Нема.
- Нема.
- Ништо нема. И тоа што имало сега нема. Биди среќна што не си дојдена на тоа тереџе да треба по директива да пишуваш, знаеш...од тоа да ти зависи егзистенција бе...сега за сега само те врбува Бркајлиовска Мадмуазел (Гоце-Делчевска) ама ми се чини не се труди со сите сили да те фати...да сакаше да те фати до сега едно 100 пати ќе те фатеше...и не ми збори за основ, основ се измислува отпосле...него, знаеш ли што си милам јас дека е работата...хммм...мислам дека она очекува да ти напишеш нешто за опозицијата на начин на кој само ти знаеш, а кое ќе им прикаже работи кои тие не ги знаат... несакајќи во твоите фантастични приказни ти откриваш многу тајни...е сега, они што се шупоглави и не знаат да протумачат - тоа си е друга работа...ама ме запука бе ова грасов ми укочи говор ебате...и сега може да е и нешто друго, си викам јас, ќе почекаат да ја издадеш книгата прво, па после тоа ќе го видат ефектот од целата работа, и конечно доколку се покаже твојот пишан збор доволно силен - ќе те приберат и ќе те преобратат да работиш за нив...ништо не зависи од Тупоглавовска Мадемоазел гризел, све зависи од Мистер Чаплински (Квази Анти Корупт химселф) уствари, знаеш...и ти може да си мислиш дека она те јури затоа што те јури, ама ние добро знаеме дека она не те јури него те јури уствари он...комренде си амика? Ајде влечи...

Неколку моменти седеа без да кажат збор. Зборовите понекогаш се најмалку потребни во комуникација со блиски луѓе. Кога така блиските луѓе имаат и посебни рецептори, зборовите претставуваат дури вишок, па ти се чини некогаш ако ја кажеш мислата на глас ќе изгуби од јачина...

Едно исто е позади секоја мисла, кажан или некажан збор - потребата од бунт, револуција, преобразба. Прогрес.

Молк. Им се фрлаа бомби, силно силно силно...тоа што не го кажаа на глас им ечеше во уши - потребата од револуција.

Нивното заедничко молчење го прекина мобилниот на Спајк. Без да одговори на телефон, Спајк викна:
- Да бегаме! Брзо!
Ја отвори тајната врата и со трчање го поминаа тајниот премин кој носеше до една слепа темна уличка од спротивната страна.
Спајк ја повлече Лула до еден ќош од каде можеа да ја видат неговата куќа. Клекнати така во темницата, во најзабутаниот дел од слепата уличка, гледаа како коридор од возила се распосла пред влезот на куќата. Најпосле, од најголемото возило искочи еден лик околу кој се собраа 200 горили. Ликот тргна, од едната страна пратен од позната женска фигура, од другата пратен од познат машки лик. По одот го познаа главниот лик - чаплин корак мења стил живота...од лево Гоце-Делчевска, од десно нивно другарче - некое кое било откупено при последната берба на инквизицијата...
- Пу бе да ти ибам кодошот да ти ибам - се распали Спајк.
- Да одиме бебо...
Како што се движеа по темницата, со до крај укључени рецептори како би избегнале опасност, низ тишината им се судираа мислите: овој не е дојден по него, овој е дојден по нејзе баш...
Враќање назад за нејзе повеќе нема, прагот е поминат со двете нозе, стапната е на другата страна скроз. Илегала.
 

 



 

v:viva la revolucion, дел 4

Мобилниот на Спајк заѕвони пак.
- Све е ОК - рече Спајк - доаѓаме.
Андергаун движењето се покажа навистина поспремно отколку што тоа Лула си го замислуваше. Потполно навремено и правилно беа информирани за све. Се движеа по непознати маршути низ градот, имаа изградени подземни тајни пролази, тунели, па дури и цели улици, многу малце комуницираа додека имаа цел која треба да ја постигнат, и се дури им траеше тајната задача ги имаа до крај укључени вродените рецептори.
- Ги имаш и ти, само не си ги доразвила уште - и рече Спајк како одговор на прашањето кое таа не стигна дури ни сама на себе ментално да си го постави.

Излегоа од подземјето и влегоа во една од темните раскошни шуми во близина на градот. Тука ги чекаше возило. Не се поздравија со двајцата други бандити. Влегоа во возилото и ќутеа цел пат.
Најпосле стигнаа до една ширум отворена железна врата. Влегоа во некаков двор. Сигурно е некаква викендица. Опустен двор додуша, но се гледа дека некогаш бил многу убаво уреден. Застанаа пред куќата во дворот. Спајк ја зема Лула за рака и влегоа внатре. Шок. Во празната куќа цел гарнизон бандити. Многу многу луѓе. Некои дури во униформи. Лула не можеше да се прибере. Влегоа во една посебна просторија и седнаа на каучот. Чекаа. Смири се, побогу, опрај се, Лула еј - си викаше Лула во себе - нема везе ништо, може ти е филм, сонуваш, може ти е трип, се трипаш, може те завозе нештото што беше испрскано по грасот, маме му ебем враќај се назад у реалност, контролирај се ејјј. И таман кога сакаше да вресне силно силно од мука, вратата од собата се отвори и внатре влезе сенка од еден чуден лик со пура во устата.
- Значи, ова е девојчето што мајсторски го испљука Чаплинизмус и тоа му го објави во еден од официјалните медиуми. Хахахахахххх. Браво. Страшно ги потресе сите таа чудна чудна приказна. Дали знаеш колку може силно да удри пишаниот збор? Ене го лудиот не може да спие долго долго време. Му го наруши имиџот. Фикција било? Хахахахххх. Чекаше да те фати Гоце-Делчевска. Ти и нејзе ја среди бе малечко? Каков парадокс, сфаќаш ли? Се затреска у тебе госпоџа полиција и не сакаше да те прибере. После го убедуваше Чапљо дека ќе те преобрати. После го убедуеше дека може да дознае нешто од другиот твој пишан збор. Но, ти му се наљути на Глушецот Трибински и му рече да си ебе матер. И при последниот контакт со Чапљо, Глушецот призна дека заебал работа. Не им беше на нив до книгата, него до она што ти понатаму ќе го напишеш. Викнаа цел батаљон стручњаци од надвор за да можат да откријат што уствари пишуваш ти и да ни влезат у трага преку твојот пишан збор. Какви шупци. Хахахах. Не ми се верува. Фино си направија стратегија откако не успеа од прва да те фати полицајката. Иначе, стратегијата ја направи најголемиот советник на Чапљо, пази: ти ќе продолжиш да пишуваш, а Глушецот ќе те објавува; ти ќе мислиш дека си у авангарда, а уствари песму ќе појеш директно у уши на Инквизицијата. И овие стручњациве ќе те толкуваат после. А бе мрак, хахахахаххх, мрак невиден. Но, како Глушецот е у его трип успеа да усере работа и ти се направи шизик демек да го молиш за да те објави. После да сере како дури и си го молела да те објави. А бе гледај народ жити све. Пратиш ли ова што ти го зборам? Ама ти, морам да признаам, многу фино одигра и го отера у курац Глувчо. Касно го призна тоа Глушецот пред Чапљо. Дури вечерва успеа да процвили дека си го одјебала. Каков идиот. И одма тргнаа по тебе. Нема зашто да доволуваат пред очи да им се збира и забавува бунт-покретот без врска. Ама, опозицијата све знае унапред, по потезите што ги прават од километар да ги гледаме ќе сфатиме што се случува. Не ни треба да ни шепне некој издајник, џабе рецептори немаме ние. А џабе рецептори немаш ни ти. Си осеќаш све, ама и припишуваш на паранојата све тоа. Уметник. Мене ми е чест што се запознаваме... додуша, приликите се чудни... но само така ќе сме можеле да се запознаеме јас и ти.
- Ај ако сака некој нека ми опне еден бокс сега, жити све. Спајк, ела бе брат удри ме еднаш сега жити све. Нема бе ваков лик во земјава, не се родил уште. Што бара ликот на Ел Че во ова селендрава овде упикан богу иза штрафцигера. Бегај. Сум се мрднала ептен. Што ставаат бе по тоа грасот не ми се верува. Во Балканкан викаа печурки ставале. Сега што ставаат бе? Некаква непозната тешка халуциногена состојка. Кога пушта ова бе? Спајккккк алооо, се измрдав од место бе брат.
- Лула друже, многу е едноставно уствари. Еве што се случи: кога ЦИА го утепа Ел Че уствари, нели, Америте никако не беа глупави да остават све што претставувал Ел Че да умре со него. Земаа примероци од неговата ДНК и успеаа да го клонираат и тоа успешно, и продолжија тоа да го прават секој пат кога им треба. Е сега, збориме за високите масонски ложи кои стојат зад сите тие организации душо драга, а на нив им треба Ел Че во ситуации во кои друг тип опозиција не би можел да им помогне. Дел од меморијата на Ел Че е исто така добро сочуван во најтајните системи во ЦИА. Многу малце клонови на Ел Че имало по светов, повторувам, само во случаи кога тоа се покажало како неминовно за да се сруши поредокот во некои земји каде почнува да владее тотална налудничавост т.е. такозваниот сељо-тоталитаризам. Таков е сега случајот во нашата мала слатка државичка. Им требаме на светскиве сили, али сега више се дојдени до степен кога не може да излезат на крај со идиотите на власт. Така, решени скроз да го срушат целото идиотско селско гнасно педерско и декадентно лидерство, високите масонски ложи дадоа команда да се пушти во земјава клон на Ел Че ПРОНТО. Сега не треба време за да се добие зрел човек. Технологијата е многу напредната. Го направија за кратко време. Му уградија дел од меморијата која ја чуваат од вистинскиот Ел Че како би се осигурале во успешност на операцијата. И конечно, фала богу, добивме вистинско револуционерно движење во земјава. Сите со вродени рецептори се дел од ова движење. По магнетизам се привлекуваме. Плус ни се приклучуваат сите угнетени од актуелниот сељинизам, како и дел од мафијата, уметниците, и високата интелектуална сила. Ама ти тоа што треба да ти го кажам сега веќе си го знаеш...и...
- Што мајка барам сега јас тука? Што?
- А што мајка бара да те јури Чапљо? Па со сопствени очи виде, нели?
- Јас ќе и кажам, олабави Спајк. Те бара за да те услови: или ќе прифатиш да пишуваш за него, ќе те купи, ќе ти ја откупи слободата на говорот, па ќе го величаш по медиумите - што он обожава, на што мастурбира, се возбудува бескрајно и тако даље; или ќе гниеш у притвор додека стручњаците не успеат да откријат каде тоа и на кој начин во твојот напишан опус ти пљукаш против државата и си државен непријател од највисок вид.
- И, пак ќе го поставам сега истото прашање: Што мајка барам сега јас тука?
- Дојди.
 




 

v:viva la revolucion, дел 5

Тргнаа по подрумски простории. Одеа низ долги подземни ходници. Поминаа низ повеќе други мали ходници кои водат кон некакви врати. Конечно стигнаа до една голема врата. Спајк ја отвори врата. Лула пригушено вресна од возбуда. Цела штампара имаат бе овие бандитиве. Се принташе матерјал на велико. Продолжија во соседната просторија. На еден деск во најубавиот дел од просторијата беше поставен еден компјутер. Право тамо ја носеа. Седна на дескот, пријатно е, убаво, ја пипна масата, допирот го натера компјутерот да изреагира. Се подигна сликата на мониторот. На него напишани само три збора: Лула, Ла Револуцион. Не праша што е работата. Знаеше што и е задачата. Нема да се врати никогаш назад во легала. И сега не ни сака назад. Треба да се пишува многу многу многу, треба зборот да се чита насекаде по народот кој не може да мрда, насекаде по светот. Ова е контра удар врз Инквизицијата - ова е парчето ветување наречено Ла Револуцион.

Остана сама пред мониторот. Не ни примети кога двајцава си отидоа. По извесно време помисли на Ел Че. 300 параноји и се мотаа по глава. Батали ги тоа параноите, човекот е закон. Но, клон е. А американизацијата ја неќу у пички си материну. Како сега? Фактички за нив треба да работам. За што? За смрдешите Амерички. Отвори интернет, отвори меил. Порака. Непознат испраќач. Многу малце текст унутра, мали букви. Зголеми фонт и одеднаш на лицето и блесна широка широка насмевка:
- Имало повеќе клонови, но само на еден глупавите амери се решија да му ја вратат меморијата назад:)
Вива ла Револуцион, Ел Че.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
























































































































































































































































































































































































































































































 

  д:дома