т:темплум |
јуни-јули
у:ученичка
во д.с.е.п.у. Васил Антевски-Дрен, 3та год м:маглата и времето во животот на младичот Стоеше потпрен со левата рака и малку потклекнат. Имаше широки погледи. Високо и пространо отворени над гребенот. А пред него огромен прозорец. Гледаше. Проникнуваше во далечината. Не размислуваше за ништо. Единствено едни те исти проблеми во главата не можејќи баш ниеден да избегне. Тоа беше секојдневие претопено со одредена тежина и лоши настани, та за него претставуваа проблем. Надворешната слика па и не беше толку мирна. Неговото срце беше помирно, тоа одамна не зачукало силно и крвта не избивала. Толку луѓе врвеа по улиците и го имаа снегот истерано од својот правец. Тој беше на не толку допирливите места и криејќи ја калта создаваше мелодични чувства на зимска идила. Еден човек помина. По него друг, нивниот број дури не можеше да се изброи, секоја минута нешто долу се движеше. Беше прометен дел од денот. Па и кога не е прометен. Со денешната младина и нема час кога сè е мирно и константно. Но, тој воопшто не го приметуваше тоа. Неговите мисли итаа, со благ израз на сериозност, неговото лице го примаше заморот. Но, не. Не може баш сега да заспие. Покрај сиве овие работи тој да го напушти местово и да пропатува. Не си дозволуваше да ја напушти сегашноста. Неговата свест го држеше буден, затоа и застана на прозорецот. Го сконцентрира погледот на една точка гледајќи ги четирите дрва како една целина, сето тоа несвесно. Тоа беше игра на погледот. Мислите на една страна, срцето на трета, а очите пак сосема друго размислуваат. Можеби човекот несвесно си ја поврзува својата околина видена од очите со она што го чувствува внатре. Така тој и не го тргна погледот од четирите суви на снегот влажни дрвја. Четири работи го мачеа. Секоја со својата дилема, секоја со својата тежина и димензија. Но погледот падна на едно суво дрво. Многу познато дрво. Дрво прегледувано, гледано и гледано и мислено и покажувано низ текот на годините. Па, што да прави кога живее со години во еден ист стан. Секогаш гледаше надвор и секогаш несвесно го гледаше тоа дрво. Старо дрво, можеби постаро од него, но толку жилаво и цврсто што годините не му наштетиле и го оставиле редовно да го изнесува својот плод. Но, тоа не беше и толку обично дрво. Самото тоа дрво во околината на видикот в пролет несе најубаво. Сите беа зелени, а тоа бело. Како уште од пролетта да ја чекало зимата. А во лето кога сите беа темни, густи, желни, тоа темно црвено. Често потсеќаше на срце, на цвекло, како целото да беше цвекло, силно, крваво. Плодот што го носеше не беше користен и не беше дрво од таков какрактер. Никој и не го приметуваше. Па тоа беше естетско дрво, дрво кое го китеше паркот на начин на кој што другите дрва не можеа. Тоа беше посебно. Не размислувајќи ги овие работи, со сосема други на памет наеднаш се освести од занесот и му се случи нешто чудно. Работа која за момент му ја поврати психичката присутност покрај физичката. Дрвото почна полека да го снемува. Не, тоа не исчезнуваше, туку наеднаш почна да побелува. Сè околу него побеле и таа силна белина го покри дрвото и го покри и неговиот видик. Како мал облак од некаде да пристигнал токму пред неговите очи, па тој не можеше ништо да види. Со секоја секунда погледот му стануваше сè побел и околината од горе не можеше да ја види, а најмалку пак жилавиот мал пријател. Него не го возбуди оваа работа, само го натера да обрне внимание каде се наоѓа и што прави. Белината го натера да ги растера тешките мисли и да го избистри погледот. Премногу се беше доближил до прозорецот. Посегна со прстот по белата магла на прозорецот и почна да го пишува своето име. Набрзо потоа дувна повеќе и тој уште повеќе се замагли. Маглата не траеше долго, како таа доаѓаше, така и си одеше, полека но толку брзо. Оваа игра беше зимска игра. Игра на прозорецот и неговите прсти, заедно со маглата. Зимска игра како и секоја друга. Па снегот, мразот и ледот нудеа многу опции за разонода. Зар не сте размислиле? Зимата не е како другите. Во текот на годината сè е исто. Истите дрва, истата земја. Па која толку приметува дали цути или пак паѓа? Но белата боја е повпечатлива, највпечатлива, најразлична, друга... Времето проаѓа. Тоа најизразено се осеќа кога заоѓа сонцето. Па замислете како ли бега, си оди времето, а тоа може да се измери и да се осети само преку сонцето. Каква ли е таа брзина само?! Си оди, а на небото му остава траги. Траги од чевли како што таа си отиде и ги остави пред него. Упс, му проструи таа мисла. Ненадејно се искраде од некаде, го штрекна и уште побргу си помина. Значи тука била, а?! -си помисли он! Што е работава што и да прави, се потсетува на една мала но проклета мисличка. А таа скришум истрчува, го подбоцнува срцето и те остава растреперен да стоиш не гледајќи во ниту една точка. Така си размислуваше тој. Голем бес чувствуваше одвнатре. Како да рацеве, нозеве, телото целото го тера да направи нешто што тој самиот не бара да го направи. Чувствуваше огромна енергија како му струи низ жилите. А од каде сета таа лутина? Снегот одамна си имаше отидено, времето беше друго. Зима со налик на пролет. Зима дува и сончева. Зима за акција. Зима во која треба нешто да промени. Зима во која треба со раката да ја избрише маглата од својот живот. |
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори | |||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања |
д:дома |