т:темплум  

 

јуни-јули
п:
павлова слободанка



г:години:19
с:студент на Анлиски јазик и книжевност
с:сакам да читам, уживам во музика и во сики. Некогаш цртам, а цело време сликам и најмноу од се' што правам кога не учам - висам на интернет.
unwritten24@yahoo.com



ф:фоторафјата е виновна

 Тогаш сфатив колку грда може да биде една пеперутка. Го земав апаратот. Пеперутката стоеше врз портокаловиот цвет. Сина, мојата омилена. Таа стоеше позади со зачудувачки убава насмевка отслкана на нејзиното лице. Таа навистна беше убава, дури и повеќе од доволно за да привлече нечиј поглед. Нејзните очи совршено се софпаѓаа со крлјата на пеперуката. Немаше разлика во бојата. Немаше разлика во огнот кој го распламтуваа. Крлјата мавтаа низ воздухот со истата онаа живост со кој пеперутката се обдуваше да искористи од цветот колку што е можно повеќе. Смеејќи се кон мојот апарат, таа сакаше да ја сликам колку што е можно повеќе за тоа кратко време. Тогаш, поледнувајќи во часовнокот, ја попречи величественоста на последната фотографија. Уште една - и' реков. Но, таа брзаше и си замина. Таа немаше право да брза, пеперутката имаше. Жвее само еден ден, дваесет и четири часа. Таа имаше дваесет и четири години. Сеуште беше на скалите, брзо прескокнувајќи две по две за да стине до колата. Иако сеуште беше блиску, веќе ужасно ми недостигаше. Некако успеав да ги задржам солзите, само за кратко, а потоа ги скрив, ги проолтав со усните чувсвувајќи ја нивната горчина во грлото. Преправајќи се дека повеке не ја забележувам, се свртев и продолжв да ја сликам пеперутката. Звукот од колата сигурно ја вознемири пеперутката. Двете си заминаа истовремено. Збогум беше последното нешто што сакав да им го кажам. Поради мојата лоша навика да се приврзувам за луѓе и предмети, ги ставив збогувањта на мојата “избегни ги овие работи” листа.
Ти и твоите слики, ми пиша таа. Ке го испуштев авионот ако пристигнев триесет секунди подоцна. Таа веќе леташе три часа. Јас три часа ја барав пеперутката. Изнервирана од неуспехот да ја најдам, не ни помисував да вратам некоја порака. Секако занаев дека ке ми се јави следното утро. Телефонот навитина заѕвони наредното утро. Беше нејзинот број, но не и нејзнот глас...
Како нејзин најблизок роднина ме викна да го идентифкувам телото. Излегов надвор. Пред вратата лежеше најгрдата бубачка што дотогаш сум ја видела. Според остатоцте од она што некогаш била, заклучв дека била пеперутка. Сините крилја беа откорнати од телото, па претпоставив дека некоја мачка малку се забавувала. Дваесет и четирите часа на пеперутката поминаа. Нејзините двесет и четри години завршија. Двете ја задржаа сличноста дури по смртта. Кога ја видов, таа не беше во подобра состојба од пеперутката...
Сеуште сликам. Секогаш кога ке завршам, останувам 30 секунди подолго да направам уште една, последната фоторафија што не ја сликав пред мноу години. Тоаш погледнувам во очите на сестра ми, па го вртам погледот кон крилјата на пеперутката. Фоторафијата е виновна што неможам да ја заборавам нивната боја. Ја споделја убавината на синото, но ја изгубија истовремено.


 


м:мaбел

Мабел имаше толку многу луди идеи и откачени мисли кои постојано му провејуваа низ главата, што плашејќи се дека може да ги изгуби или некој едноставно да му ги украде, ги оставаше дома во кутијата за кафе, па во кутијата за шеќер. Откако веќе ги преполни, ги складраше под креветот, во фиоките, а некои дури и ги замрзна во фрижидерот за длабоко замрзнување. Но, тој не беше сопственик само на мисли и идеи, имаше и една стара виолина која му ја остави дедо му пред да загине погоден од тежината на кутјата за кафе. Виолината имаше само две жици зашто дедо му освен тоа што свиркаше со гудалото, одвреме-навреме откинуваше по една жица да си ги зачисти забите. Сега со тие жици беа затегнати капаците на кутиите. Мабел сакаше да свири, но никогаш не можеше да се реши да ги одврзе жиците од кутиите и да ги прикачи на виолината. Навистина не знаеше која желба да си ја исполни, дали да научи да свири и да изгуби неколку мисли или да си ги зачува во кутијата ама да не научи да свири.
  Еден ден се прближи до кутијата за кафе. Толку беше преполна, што жицата веќе не можеше да издржи и се скина. Мислите почнаа да излегуваат една по една. Едни лебдеа низ воздухот, други се лизгаа низ умивалникот, барајки излез низ водоводот, трети се скрија позади вратата и чекаа Мабел да ја отвори вратата и да излезат надвор, а тој стоеше среде соба со волината во рака и навистина не знаеше што да направи. Беше сосем празен. Складирајќи ги своите идеи во кутиите, не остави ништо за себе, па сега не беше ни чудно што беше немоќен. Но, и мислите грешат, па една прлично паметна место лево сврти десно и влезе право во Мабел. Тогаш се се смени. Мабел ја остави виолината на масата, направи два чекора и стигна до витрината од која ја извади мрежата со која фаќаше пеперутки, гумата со која ја отнуваша шољата кога ке се затнеше. Со мрежата ги улови мислите кои лебдеа, а со гумата ги извади оние од умивалнкот. Сите мисли беа повторно кај нивниот создавач. Но, сега Мабел не ги стави во кутија. Ги прими назад кај себе заедно со оние од другите кутии, од под перницата и креветот, ги одмрзна и замрзнатите. Тогаш ги врза жците на својата виолина и користејќи ја имагинативната содржна на своите мисли создаваше звуци дотогаш нечуени, звуци кои ќе те нетераат да застанеш под прозорецот на Мабел и да ги слушаш се додека не сфатиш дека часевите одамна ти завршиле, или работното време веќе ти поминало, а ти сеуште слушаш.




 

?:????????????????????????

Кажуваше дека верува, но многу ретко го гледаа во црквата. За празниците знаеше дека двапати годишно треба да ја посети мајка си зошто или на прочка или на велигден таа правеше баклава.... И тогаш беше еден од тие празници, па тој ден мораше да ги посети местата на кои најмалку сакаше да си го троши времето. Влезе во куќата и уште на самиот праг забележа дека го погодил празникот. Мајка му, пресреќна што го гледа, набрзина се облече и го истурка надвор за заедно да отидат во црквата. Долго враме им требаше да стигнат поради толпата луѓе кои ползеа по тесната улица. Тој сакаше побрзо да се врати дома зошто ветрот му ја разнесуваше косата на сите страни, па му доаѓаше пред очите и го нервираше. Не можеше да го поднесе тоа. Имаше уште нешто што не можеше да поднесе, една мисла што ја имаше истата продорна моќ на ветрот. Не знаеше од каде му долета во главата. Го исплаши. Беше нешто на кое никогаш порано не помислил. Стоејќи на гробот на татко му, сфати дека може да доаѓа многу пати тука, да запали свеќа, демек на мртвиот да му било светло, да постои некое време и да си оди. Ама еден ден ќе дојде, ветрот можеби пак ќе му ја разнесува косата на сите страни, а тоа нема да го нервира... и нема да се врати дома... Никогаш повеќе. Тогаш нему некој ќе му осветлува. Тогаш нема тој да остава од баклавата на гробот да се најдело пред некого, туку некој друг нему ке му остави. Се разбира дека нема да стигнат до него, зошто ако циганите поминале во 8:00 да соберат нешто за појадок, на ручек пак ке огладнет и ќе се вратат. Нели е тоа апсурдно. Што ке му е таа храна кога и самиот ке биде изеден од она што дотогаш го хранело, нетежнато над него. Што ќе му е таа светлина. Па таму каде што ќе биде нема да ги чита лектирите за наредната година, па да му треба светлина. А до кога ке свети?! Додека има некој што се сеќава на него! И до кога со таа храна пред него?! Зарем кога ќе престанат да му ја носат ќе умре од глад. Можеби, ако постои смрт и после смртта. Да, се плашеше од неа и од сите болести кои како еднонасочен автопат водат кон неа. Но, повеќе се плашеше да замине пред да ги исполни своите замисли. Повеќе се плашеше од староста. Не сакаше да остаре...
Уште дуваше ветер. За среќа можеше да го почувствува. Сега беше среќен што косата му влетуваше во очите и што овојпат, сепак ќе се врати дома и ќе ја запали ламбата зошто веќе се стемнуваше и ќе го отвори фрижидерот, зошто беше гладен.


 


 

ц:црвените еднооки

Утрово заврши Третата светска војна. Овојпат, Париз беше избегнат како место на кое вообичаено се склучуваат примирјата. Всушност и кој би можел сега да стигне до Париз, пред неколку дена го снема од глобусот. А кој би тргнал натаму, и со што. Нема никој. Од денес па натаму кислородот ја има улогата на една од честичките на супстанцата поради која сé се врати во првобитниот хаос.
На Венера, илјадници црвени еднооки гледаат пренос во живо на channel Earth. На огромниот видеобим нивниот репортер ја објаснува зачадената слика. Сивилото преовладува. На црвените еднооки сеуште не им е јасно кои чувства треба да ги покажат, да прснат од смеа поради самоуништениот вид или да ги свиткаат усните во тажен полукруг. Репортерот ја продолжѕва приказната, кога одеднаш купот метал почнува да мрда. Тој ја извлекува жената од под купот, ја собира својата опрема и за неколку минути се враќа на Венера. Интересот за channel Earth полека опаѓа кај црвените еднооки. Нивниот кабелски оператор го исклучува овој канал од мрежата, притоа прогласувајќи го за здодевен и нејасен.
Жената полека се движи низ купот, чекорите и се тешки, но не поради купот метал кој до пред малку го потиснуваше целото нејзино тело, туку од оловната прашина што и навлегуваше низ носот и ñ ги отежнуваат чекорите. По неколку минути легна, а од надуениот стомак почна да излегува синот што требаше да се роди во куќата во која и таа беше родена. Да, требаше, но во купиштата отпад тешко беше да препознаеш што некогаш било куќа, што автомобил а што човек. Се беше слеано во сивилото. И ете го излезе на крај, но не со плач како секое бебе, туку со смеа, толку гласна што дури и црвените еднооки можеа да ја слушнат. Веднаш истрчаа кај кабелскиот оператор со молба повторно да го добијат channel Earth во мрежата. И го добија. Сега гледаа низ огромниот видеобим во суштеството кое штотуку се роди како единствено од својот вид. Низ гнасната портокалова кожа продираа црни ремени за кои во нормални услови би помислиле дека се влакна, но беа премногу дебели, До колената нозете му беа споени, а на стапалата место прсти имаше по седум портокалови јазици. Рацете, кои одвај стигнува до половината на неговиот стомак, немаа обични прсти, туку по една мала глава прикачена на краевите. За среќа немаше мозок и во нив, за разлика од големата глава приклештена на рамениците од која дури се гледаше делче од мозокот. Мајка му умре од страв, а црвените еднооки го сожалија сирачето и го пренесоа на Венера. Првата светска војна започна и кај нив. Сега на Уран жолтите четириоки гледаа пренос, како човечкиот род, иако во модифицирана форма, полека но сигурно, го уништѕва целиот универзум.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

































































































































































































 

  д:дома