јуни-јули
л:леа
mail:
lea_izabela@yahoo.com
п:потреба
Понеделник е. Изабела реши да прошета. Надвор врне, но таа имаше чадор.
Иако на чадорот имаше 4 дупки, таа излезе, откако размисли:
- 4 капки од 4 дупки со веројатност 0,0023 ќе капнат на мојата глава на
секои 15 минути; 3 капки со веројатност 0,03 ќе капнат на мојата глава на
секои 13 минути; 2 капки со веројатност 0,01 на секои 10 минути и 1 капка
со веројатност 0,1 на секои 5 минути.
Секако, чадорот го остави дома во плакарот каде живееше духот на баба и.
Духот на баба и, не беше антропоморфен. Тој имаше n-димензионална форма во
3-димензионален облик на вазна. Е сега, сите ќе помислите дека духот беше
десна рака на Изабела, но, се лажете. Тој беше нејзин смртен непријател.
Па, добро, зошто Изабела го чуваше во плакар? Токму тоа, таа го
размислуваше одејќи по патот:
- Ако во 4 месеци еднаш треба да излезам од дома кога надвор врне и ако
треба да го земам чадорот со мене, секако баба ќе сака да ме нападне, ако
биде таму....значи 3 пати годишно со веројатност 0,333 мене ќе ми се
покачи адреналинот...до педесеттата година, постојано ќе имам возбудувања
и следствено ќе можам на моите внучиња да им кажам колку ми бил интересен
животот!
з:злите мошти на
костурот
(воведување на нов збор во македонскиот речник)
- Јас сум моќен! – рече костурот, и умре.
Бидејќи беше костур, не знаеја дали да го закопаат. Чичко Славе рече:
- Па нека е костур, но живеел на овој свет и треба да го закопаме со
привилегии.
Но, жена му Стојанка, противречно се развика:
- Неговите мошти се зли, не смееме да ризикуваме! Кој би знаел што може да
стане.
И така, костурот остана да лежи, а неговите мошти да се злијат по патот.