т:темплум  

 

јуни-јули
ј:
јованов јане



г:години:22
с:студент при катедрата за руски jазик на филолошкиот факултет
ververickata.blogspot.com
janejovanov@mail.ru



з:за да се сфати, треба да се фати - киселото млеко

Како и секое обично столче, и ова столче имаше многу работа завршено во неговиот столарски век. Тоа беше едно старо, изветвено, излижено столче кое со генерации ги трпеше големите задници на малите-големи луѓе. Не познаваше многу изрази, ама сигурно изразите како `лицемерен`, `користољубив` и сличните им не влегуваа во неговиот скромен речник. Дрвото од кое беше направено си имаше своја приказна која и му даде толку енергија да издржи толку години. Само едно го мачеше додека стоеше само во големиот шпајз со денови... Само една мисла му поминуваше низ дрвените му жили - уште колку ќе може да ги издржува малите-големи луѓе, уште колку задници со големина од обична топка до надуен балон можеше да издржи... И уште едно, никој никогаш не му се беше заблагодарил за тоновите задници кои ги трпеше... Не беше доволно просветлено... И не беше сам во тоа, уште многу столчиња го имаа истиот проблем, без разлика од нивните ногарки, три, четири или повеќе - сите се чудеа на слободата која си ја земаа задниците... Да се побунат можеа - ама тоа би значело само едно - кршење и фрлање некаде на некоја локација за искористени и непотребни материјали. Тоа многу и не се разликуваше од нивната сегашна состојба, но барем беа во едно парче. Дури и повременото фарбање и `шминкање` не им донесе среќа, не ги усреќи како што мислеа големите задници... И сето тоа траеше со генерации, сета таа омраза тлее, се чува скриена во лавиринтите на дрвените прстени... Штета што никогаш не пламнуваа... Барем ќе биде убав и забележителен пламен кој барем на момент ќе ги потсети големите задници на малите столчиња...



 

с:сериите

Минимализмот во сферата на нуклеарните учебници по хортикултура се клонираше себеси и во други димензии од животите на младите листови хартија кои беа брутално омаловажувани со написите на нивните кожи, го трпеа напливот на сината смрт од евтиното ладно оружје. Тие се договорија за масовно харикири, но баш кога решија да дигнат мини револуција покрај нив помина еден том од изборот од светски шпански серии и сега решија да ја сменат тактиката на нивното харикири... Не можеа а да не си го измијат лицето после таа случка... Ги фати неспремни... Решија тоа да го направат без многу фама... Следниот ден веќе по нивните кожи можеше да се прочита дека дрвата им откажале послушност и дека тие продолжуваат да прават повеќе хартија за шпански серии... Жално за младите листови...
 


 

s:s.o.s.

Денес стана некако небрежно од креветот, за секунда и не се сопна од неговата суета која зазеде залет од пред неколку дена. Седна пред огледалото и погледна директно под агол од 89 степени во него. Пред него се појави неговото громорозно лице полно со самобендисани акни... Можеби и направи неколку чекори за да се увери дека тоа е тој, ама некако лицето од спротивната страна не мрдаше воопшто. `Еј` - му викна и чекаше како љубопитен октопод да види дали ќе се мрдне некоја црта од лицето кое ширеше атмосфера загадена од нафталин. Но ништо, ама баш ништо... Го зеде со себе и другото огледало, ама и на ова се покажуваа само корупки од нешто што би требало да биде дрво или пардон - лице. Ништо... Се изненади од инатливоста на огледалото и му се закани со тупаница... Од другата страна за момент светнаа очите на огледалскиот клон. Му светнаа очите и му згаснуваа, светнуваа и згаснуваа... Тешко му падна на оригиналот да ги прима овие овации од светлина, додека овој огледалскиот клон ја подигна раката и ја стави на раката на градната коска и ги отвори ширум очите и само со долги и кратки светлосни сигнали сигнализираше: три пати кратко, три пати долго, три пати кратко - и се така во континуитет од неколку минути додека на овој дебилов му текне дека станува збор за морзеовите сигнали - и тој си го протолкува звучно еве вака: ти ти ти - тиии тиии тиии - ти ти ти што во превод за обичните new age смртници гласи: SOS + рака на градната коска = спаси си ја душата, спаси си ја душата... И исчезна со еден блесок светлина...




 

т:транс-зиција

Тој денеска, како никогаш порано си ги изми забите со информацијата за невработеноста, а веднаш потоа си ја исуши главата со податокот за средната плата... После сето тоа, не му остануваше ништо друго освен да си избричи дел од кортексот за барем секунда да заборави дека вулканите еруптираат во одредени интервали од животите на младите фиданки. И се имаше наведнато на некоја фобија и и’ носеше појалок секој ден после пладне. Тоа му премина во навика па затоа мораше почесто да ја сецка мортаделата која растеше во неговата фантазија со невидена брзина, а црниот бибер некако не се совпаѓаше во целата таа бајка па едноставно го нарече со обично име `рубикова коцка`... Ако некаде го видите овој нерегистриран случај на ветар на вашите улици, јавете се во министерството за урагани, таму ќе ви дадат информации како да ја преживеете сета таа бура.




 

ж:животинска

И што ако на штурците не им се допаѓаше музиката на чучулигите, и што ако елените имаа аверзија кон рисови... Тоа не беше мотив за реката да тече во ритамот на убиствената балада која траеше со векови... Мотивот не ни беше познат во светот на животните - тој се беше некако шмугнал додека овие биле во единство... Оттогаш изгледа се’ почна... Почнаа верверичките да пијат јогурт а мравките да гледаат Опра... Дури и лавовите почнаа да го слушаат Болерото... несвојствено за нив... Ама се некако мрзеливците останаа најпаметни, најзадржани во своите одлуки... Изгледа мотивите на убиствената балада не влегуваат брзо во бавните ходници мрзеливскиот кортекс... Плус за нив... Барем се нагледуваа на животни комедии...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































































 

  д:дома