јуни-јули
m:ma
goddess
г:години:17
д:досега
објавено:песни во аламанах како резултат од проект на НВО “МАНА“
н:нешто за себе:јас
сум Риби
р:риба
Креветот беше удобен, огромен. Лебдев на него, се впивав за да можам да
потонам во таа убавина. Го зголемував неговото шушкање со помрднувањето на
моите нозе, почнав да ја зголемувам и неговата површина. Јас се намалував,
а тој се зголемуваше.
По некое изминато време, на кое не сеќавам како го поминав, слушнав крик.
Крикот ги содржеше звуците на задоволството и убавината на сексот.
Врескаше, за момент можеше да се слушне и крцкањето на креветот, а над тој
звук, по негов ритам, како нешто дебело се ниша.
Почнав да се спуштам близу до тоа, целосно, огромно нешто. Застанав пред
чудото и ù се пикнав во гаќите, уште поголемо чудо: не беше влажна. Се
прашував: зошто лежи на креветот, стенка и не е влажна? Беше импресивно
дебела девојка, многу очигледно, ако ја погледнеш ќе кажеш дека мора да
мастурбира, ако сака да се задоволи, но мене ми се допадна.
И' ги настранив гашите, го исползив јазикот кон
нејзиниот клиторис - мирисаше многу убаво - започнав со движење и
забележав смирување, крици на незадоволство немаше, но немаше ниту на
задоволство. Го видов, беше јако розово и немаше влакна околу него, тоа ми
направи големо задоволство и почнав да ја допирам мојата вагина со
нејзиниот клиторис. Јас, за разлика од неа, врескав. Се запалив како
никогаш порано и посакав да ја ебам, да можев да имам нешто големо со што
ќе пенетрирам во неа и ќе ја натерам да вриска. И'
ги соблеков гаќите, таа не се помрдна. И' ги
мирисав, толку пријатен мирис, како да мирисам букет со цвеќе, а не нечија
вагина која треба да има мирис на нешто отровно. Морав да ја видам мојата
прва љубов, ликот да и го запаметам, да ја наполнам мојата глава со
споменот од неа, можеби беше грда, но јас ја чувствував прекрасна. Се
заљубив во нејзината вагина и нејзиното ладно, делебло тело. Ја свртев.
Се разбудив наредното утро. Правев сè по навика која преминала во принцип.
Си го наместив креветот, се соблеков пред огледалото за да се восхитувам
на моето тело - го обожавав - и доручекот , кафе и цигара со весник (не ги
сакав, но морав да ги читам како невработена ).
“М.Б. извршила самоубиство во својот стан“
“Но јас сонував “ - извикав - “Јас секогаш сонувам“ ...
п:поинаков начин
на водење љубов
Влезе мува во собата, прелета круг околу Неа и излета од таму од кај што
дојде.
Таа влезе во кадата. Пред да го пушти млазот од тушот се измоча врз
својата рака. Репризите од мочањето врз некој дел од своето или туѓо тело
го емитуваше како премиера, за да го зголеми уживањето.
Го пушти тушот и ја миеше целата таа отровна течност од нејзината рака, ја
градираше нејзината убавина и бараше да верува во некој вид претпоставен
господар, нејзин владетел, некој кој ќе го сочува, реализирајќи ја
неговата интима, како свој објективен љубовник.
Излезе од кадата и застана пред огледалото: несовршено дело створено од
други, две тела, а толку совршена појава.
Ја слушаше “ Peepshow “ , Pram.
( како набљудувач на моите мисли мислев ќе ја самоубијам Неа, но ја
зголемив нејзината сексуалност и ја навлажнив повеќе од која било друга
девица ).
Беше пресно исперена бела мајца.
Во раката држеше епрувета, која беше ја украла од лабораторија во која
нејзината внука одеше на пракса. Испраќањето и глумењето вистинска тетка
го користише како совршена прилика за крадење на стаклените лабораториски
садови.
Почна да го зјапа половиот орган на огледалото и полека да го следи
пенетрирањето на епруветата во внатрешноста на нејзиниот вагинален отвор.
Не се наречуваше себеси за нимфоманка.
Погледнуваше повремено во очите на одразот љубејќи го дарот што
замислениот љубоник и го дава.
Во ноќта ја гледаше и и изразуваше божествена љубов. Легнуваше на
креветот, ја смесуваше во неа и со рацете , замислувајќи си дека нејзиниот
љубовник има фатлив облик, го допираше и гребеше воздухот истовремено
врескајќи ги звуците на сексот.
Водеше љубов гласно. Се вртеше на стомак и стенкаше уште погласно.
Тоа навистина беше гласно водење љубов, обликувајќи ја идеалната форма на
нејзиниот нов љубовник.
Во претсобјето стоеа, на главата со бели дамки, сите поранешни љубовници.
л:лебдење над
најтемниот парк во најчистата ноќ во центарот на скриеното
Премногу сум проклето створена да бидам дама. Не знам како се ждрига, како
се чепка нос и како удира реата на смрдлив полов орган, но мочам каде ќе
стигнам оставјаќи траги од плунка...И не знам што друго би одело во склоп
со следната реченица, но сакам да лебдам, високо над крилестите мои
пријатели што спиеа со мене додека бев со тројно помала површина. Да,
сакам да лебдам и сега лебдам и мојот компјутер лебди и ушите ми се
одвоени од телото... И тие лебдат. Рацете ми одлетаа седумдесет и осум
километри подалеку од другите мои летачки делови и не знам што се случува
со нив или што ќе се случува? - сигурно е пронајден оној кој го бараат.
Јас лебдам без моето тело и си ги барам очите за да можам да го видам она
што испушта звук на лижење. Сакам да го видам тој јазик, сакам да го
ставам во уста, шушка фасцинанто, фантастично...
Рацете се вратија.
Во мојата глава постои друг свет, поинаков од оној вистинскиот, паралелен
на трет свет кој пак е паралелен со четврт, а тој четврт друг свет е
паралелен, пак, со петти свет и така натаму паралелни светови по ред,
нефатлив...Но знам дека тој свет не постои. Да постоеше ќе бев во него
чепкајќи си го носот и ждригајќи.
Пак лебдам, но овој пат во сон и не сакам да продолжам зашто моите раце се
изгонети од седумдесет и осум километражното место.
п:подобро
чувство
Границата на кадарот и светлото е голема кружница, јас сум центарот и до
секој замислен предмет се движам по радиус. Како допирна точка на тетивата
со кружницата се другите ликови во полусветло. Тоа ја прати публиката во
спротивна насока од сцената и сета гужва дојдена да ме гледа мене почна да
гледа во својот свитикан стол и ... СТОП! Го прекинав монологот.
Нервозната реплика ја прочита режисерот.
Еден од статистите ја стави својата рака на мојот газ. Тогаш публиката,
при повторно свртување, бараше еротика.
Останаа курви и момчиња од шеснаесет години.