т:темплум  

 

јуни-јули
в:
вучовска билјана



м:мишко

Каде да седнам? Може до прозорецот, се плашам од тазе варосани ѕидови. Добро.

Се плашам. Посебно кога страшењето ми е придружено со грозно чувство дека убавото, слаткото и мазното од мојот живот ми бегаат од поглед и дофат токму во мигот кога им се предавам, кога почнувам да уживам во нив. Сакам кога сум опуштена, кога можам да си ја контролирам параноидно-шизоидната потреба за постојана болка и меланхолија, за континуирано жалење за секоја ебена работа која е делумно присутна или целосно отсутна во мојот свет. Ебате размислите глупави и празни! ( И перверзни.) Сакам кога сум отворена за светлината, кога се прегрнувам со отворени гради, кога не ги осудувам и ги прифаќам сите форми на заебаност, кога кулирам додека медитирам на сите и сè. Кога го љубам животот.
Да. Значи, се плашам. Стравот мене, млад човек во експанзија на своите високи вредности и идеали и идеални и вредни таленти, ми е, како да кажам, храна. Сигурност. Како кога на дваесет и три години ќе легнеш со мајка ти в постела, и ќе заспиеш на нејзините гради како кога си бил во пелени. И паѓаш, во таа мека, мирисна длабочина. И се будиш со обилна лига на десното ќоше од усните. Да, сигурност. Несвојствено ми е да чекорам низ животните полиња без страв. А стравот често ми се поврзува и со суетата.
„Леле, и што ќе речат моите ако ме фатат како мастурбирам.“ ( Ќе ми биде срам да ги погледнам, зашто ќе ја извалкам, повеќе сопствената отколку нивната, претстава за себе.) „Леле, што ќе си мислат другарките ако дознаат дека ме привлекуваат жени. Ќе бегаат од мене, ќе мислат дека сакам да ги легнам.“ ( Страв од осаменост.) „Ау, што ќе си помисли дечкото ако тотално му се отворам во сексот. Ќе си рече `Леле, ороспија.“ ( Неприфаќање на сопствените желби. И таленти.)
Ех. Не можам а да не станам сентиментална кога зборувам за мојата зависност од страв. Може да запалам цигара? Рацете ми се тресат. Пак ми паднал шеќерот...
Највеќе ме плаши помислата дека стравот ме надвладува. Преку кур веќе од постојана борба со себе, не можам да ти опишам колку ми е тешко кога ме напаѓа тој демон. Во тие моменти чувствувам како ме фаќа за пета и бесно ме влече во некоја црна дупка. Ама па, од толку време поминати заедно во борба почнавме и да разговараме еден со друг. ( Кога го љубам животот. ) Таму долу, во некоја смрдлива темница, онака, клошарски , си седиме , откако сфативме дека ниту јас ниту тој треба толку врева да дигаме околу целиот случај. Си се помиривме и договоривме дека само треба да го игнорирам кога ме фаќа и тој самиот ќе си отишол. И име му дадов. Мишко. Мишко ти е страшна појава. Има заби како врколак, жолти ( ама многу му се меки, гризал тој и други страдалници пред мене ), и влакната му испаѓаат, стар е. Ми кажа дека му дојадило, некоја сила таму да му кажува кого и со каква параноја да го напаѓа. Без врска, вели. Ќе се пензионирал. И најважно од сè, ми кажа дека сите болки се всушност само илузија, онака, ти се чини дека ти е страв. Нема реална основа. Како не, „немој да излегуваш, надвор темница е, ќе те силува некој.“ Па баш мене, единствената жена во градов, ќе ме силува некој. Како тој силеџијата да нема да си најде нешто друго за силување. Па нека ме силува, и онака не сум се ебела седум месеци. Седум месеци. Страв, дека не можам да водам љубов со некого друг откако не сум со најголемата љубов на овој мој живот...
И ете, така, дознав дека ние луѓето може мошне ефективно да го исконтролираме нашиот страв и потребата за болка. А таа потреба сите си ја имаме. И монасите, седејќи и молејќи се за апсолутно добро и потполна верба, апсолутно уживаат кога се камшикуваат во моментот кога „ниските страсти“ ги напаѓаат. И таму ли Мишко вмешал прсти?
Се плашам дека не сум доволно добра, силна. Дека ми смрди здивот, дека имам мустаќи и криви нозе.
Се плашам од туѓи стравови, тие ми се некако туѓи, непознати и не знам како да се справам со нив.
Ама каааакво задоволство чувствувам кога се плашам.. Тогаш знам дека сè е во ред. Зашто, тешко е да бидеш силен, и да знаеш дека си ништо друго освен чиста и непокорна сила.

Ебате размислите, психоаналитички и луцидни!

Страв.

Страву,
те јадам
како што сонцето ги јаде
јадните преостанати мракови
в зори!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

























































 

  д:дома