т:темплум  

 

јуни-јули
в:
виктор б.



г:години:23
viktorb@mail.net.mk

 



ш:што знаев за Кетрин?

Кетрин беше девојка. А што би можела да биде друго? Ја знам од порано, не ја познавам лично. Но знам што зборат другите за неа. Велат сенешто, сешто. Без крај! Кога луѓето не би знаеле и не би говореле толку многу за другите, велат, би било мртовечки досадно. Би било тешко кога луѓето би раскажувале за своите скриени желби, страдања и надежи. Тогаш е најопасно. Велат тоа води кон безнадежност, губење и самоубиство.
Кетрин живееше сама. Кога се враќаше од работа, никој не ја пречекуваше. Никој не и’ го беше посветил времето нејзе, на таа осамена жена која имаше 32 години. Тишината и’ беше најдобар пријател. Така велеа. Така разбрав. Натаму се’ беше фантазија и мое поврзување на работите.
Секоја недела на балконот, таа ги менуваше саксиите со цвеќиња. Забележав зајачки уши, кактуси и сардели, едни од оние кои старите баби ги ставаат во слатко, за да мириса поубаво. На тој начин мислам дека сакаше да изврши некакви промени на нештата што ја опкружуваа. Најверојатно е дека длабоко во ноќта плаче, а потоа се самозадоволува со вибратор за кој неретко се обвинува дека греши и дека не е она вистинското. Недостасуваа вистинскиот допир, бакнежите и милувањата. А така е кога човекот е осамен, без да има некој друг човек со кој ќе ги сподели милувањата и страстите. Па си дозволува работи и постапки кои ги чува длабоко во себе, а ги прави кога е осамен и кога знае дека не постои некој воајер кој ѕирка низ прозорите од соседната зграда со цел да си го измава до безсвест. Да. Кетрин се криеше од причини што не беше егзибиционист. Не беше една од оние кои своите голи гради ќе ги трие од прозорот со цел да ја забележат соседите. Таа не се сложуваше со тоа. Мислам. Но по ѓаволите! Таа сигурно сакаше да го направи токму тоа. Сигурно е свесна дека ако не предизвика, работите ќе останат онакви какви што се сега. Статични.
Таа сега спие. Светлото е изгаснато. Сака многу да спие. Така, на тој начин, можеби не мисли на работите, на своите стравови и на тишината.
Велат, баба и не ја сакала многу затоа што мислела дека Кетрин е глупаво девојче. Бабата викала дека кога барем еден од родителите е глупав, а за таква ја мислела мајката на Кетрин, тогаш несомнено е дека детето што ќе се роди ќе биде глупаво. Таа, старката, дури зборела дека ако дете на обични работници било најдобро и надпросечно во резултатите на факултет или било која друга активност, тогаш тоа било резултат на замена на бебиња во јавните болници. Дури се сомневала и во потеклото на својот син.
Разбрав дека Кетрин до својата 20 годишна возраст живеела со својот татко и бабата. Мајка и беше починала од рак на матката кога Кетрин имала 11 години. Кога била мала за неа не се грижеле домашните. Тие плаќале за друг да се грижи за неа.Постоела некоја жена. Жената од својата цицка ја доела Кетрин додека оваа била уште во пелени. Жената се викала онака како што се викала. Знам само дека таа жена едвај да изговарала по некој збор. Најверојатно тоа е причината што Кетрин проговорила многу касно.
Градот во кој денес живее Кетрин одамна се беше променил. Тоа е придонес на времето. Како и насекаде во светот, работите се менуваат по некаков тек, за кој не би сакал да говорам во моментов. Ми се спие. Добра ноќ.




 

к:к*р-муабет

Влезе во таксито затоа што брзаше. Требаше да се види со Пол, човекот кој долго време го трпеше, иако нејините постапки не можеа да бидат оправдани. Суровост и арогантност не можеа да се скротат со човек кој беше кроток, примерен и тивок. Да,... таа знаеше, тоа беше сурово и ебано грешно... но, и Ева била кучка и ебано грешна, си помисли.

Возачот беше постар маж, да речеме некаде 50 години. И при првата средба на погледите, на Ен и прелета мисла, блесава мисла дека и таа еден ден ќе биде стара и грозно нервозна поради климаксот.

Во моментов носеше црни очила за сонце, иако времето не беше сончево. Небото беше облачно.

- Може да запалам цигара ? - изусти Ен преку својата набабрена уста, која навистина беше убава и сочна и ретко кој припадник на посилниот пол остануваше рамнодушен. Тоа го забележа и самиот возач и покрај неговите години, знаеше сеуште да забележи кое овошје е послатко, посочно ...

- Слободно ...а каде одите? - се заврте и ù ја запали цигарата.
- Градски трговски... - рече Ен, притоа испуштајќи го првиот дим.

Низ прозорот од автомобилот, Ен гледаше разни луѓе, одеа некаде, и повеќето ù се чинеа загубени, а времето беше такво што уште повеќе ја нагрдуваше ваквата слика... глупаво време, си помисли, како и глупоста што обично и ја припишуваа затоа што е плавуша со шишкици, а плавушите се глупи ко цајканите.

Ен за возачот, кој исто така носеше очила за сонце, помисли, онака без врска, дека можеби бил фраер во младоста. И дојде да се насмее. Фраер шесдесет друга, се насмевна. Возачот ја забележа.

- Имате убава насмевка
- Мислите? - се насмевна наивно.
- Да, искрено - се насмевна и таксистот, истакнувајќи ги белите заби
- Ај не се мањачите ! - рече Ен и нагло го смени изразот на лицето
- Зошто сте такви, јас не мислев...
- Без правдање. Ги знам таквите чичици кои им се полнат гаќите кога ќе видат млада цура... Но, сепак, велите убава сум?
- Да ве погледнам ... - ги подсимна очилата и ја погледна, повторно насмевнувајќи се, а Ен намерно ги набабри и испрчи своите усни во вид на ружа.
- Одлично
- Добро... зошто се мањачите? Немате жена? Или се ви е ебано досадно, па најдовте на мене да си ги трошите вашите валкани мисли ?
- А зошто, пак, да не?!
- Застани, деген, мочан глуп ... застани, на ти пари и гитла да не те видам и на Пол да му ебам матер...
- Излегувај, марш, кучко, шо се понашаш, знаеш дека ја вакви ко тебе секој ден сум бембал и уста не отвориле, а ти...

Ен излезе, треснувајќи ја вратата.

- Да се ебеш у гс, педер глуп - и замавна со штиклата по хаубата.
Ен остана сама, без една штикла. Ко заебана пепелашка, помисли и почна гласно да се смее. Минувачите останаа зачудени.

Во истиот момент две пријателки кои беа седнати во едно кафè водеа разговор:

- Кински вели дека не сум можела да... се загледа во одредена точка и заплака.
- Што тоа кажи бре! Те чекам од прееска да ми кажеш ! И види плачеш! Аман! На ти шамивче.
- Не можам да зборам понатаму.
- Ќе те убијам. Доаѓав до овде само за да ми кажеш глупост ! Стани. Стани, реков! Свесна ли си ти што правиш со својот живот?
- Свесна сум.
- Глупости свесна! Ако имаш три чисти ќе ја исфрлиш таа будала од станот и никогаш нема да ја примиш.А не уште ќе ти вика, што не си можела ...кажи бре
- Да ја затворам тапата ко шо треба...
- Леле мајко. Па што не му го затнеш чмарот со таа ебана тапа ! И ти за ова? Не ми се верува ! Плачи пизда ти матер. Место ти коа он ќе ти ја помести кутијата со цигари да го направиш лом, он тебе те прави парче. Оди лечи се! Ја и ти повеќе муабет, не! Што сме биле биле ! Сме делеле љубовници, сме делеле од гзот гаќи, ама ова!
- Ама не разбираш, не е до тоа ...
- Епа што е тогаш мајчина му?
- Бремена сум.
- Бинго! Е сега ја имаш добитната комбинација. Сеа си Императорката сеа ... Ќе го абортираш?
- Не знам.
- Шо? Слушај ти! Имаш 20 години. Животот е пред тебе! Шо да не мислиш уште сега да сушиш пелени и да имаш подочњаци, кога добро знаеш дека он и те како шврља кај ќе стигне...А да се провериш од некаква болест, не ќе биде лошо. Ја виде онаа Африканката што дојде на изложбата. Гомното ја меркаше цело време. И што? Што ме гледаш така ? Мислиш не се ебеа? Мислиш ја ќора сум ? Кога двајца сакаат да го направат ТОА, ништо не им е тесно. ВЕ – ЦЕ ДРАГА ! ВЕ – ЦЕ ! Добро доста плачеш, мислам дека претерав. Ќе те одведам дома.
 


 

г:губење

Се возам во автобус. Си одам дома. Ја гледам раката, врз која паѓа бран светлина. И чувствувам осаменост како никогаш досега.
Кафето, пред да се качам во автобус го пиев сам, и притоа читав весник. Весникот не ме интересираше. Лесно е да глумиш француски стил на живеење, си помислив. Испушив две цигари, изедов колач од јаболка, а ставив и премногу шеќер во кафето. Не е битно. Нели ?
Колку само мисли ми навираат додека ги проаѓаам овие километри. Се’ е некако мирно, но болно мирно. Мирно со примеси на изопаченост. Помислувам...
Пред неколку дена на дедо ми му растворив една од оние шумливи таблети. Но, знам. Тој не им верува на новите производи. Се потсмева кога му велам дека од нив ќе му минат киселините во желудникот. Всушност, го лажам, но што да правам. Ми вели - содабикарбона. Немало содабикарбона. Па кажи ми дека нема. Баба секогаш ти ставаше сода бикарбона ... Но баба ја немаше нешто повеќе од 6 месеци... Погледнав надвор низ прозорците од собата на баба ми и дедо ми...Надвор е ведро... и прозборев тивко. Реков: Брзо минува времето. Дедо ми не ме слушна. И тој нешто си збореше: Колку е часот?...промрче со зарипнат глас. Дванаесет и пол – одговорив.
И сонцето ме тера на размислување. Мислам , за што ли размислуваат оние на кои деновите им се при крај, а кои сепак се свесни? Зошто ли не зборува пријателката на мајка ми која е болна од рак ... дали е тоа заради немоќта пред незибежниот момент? Дали е тоа слично како кога малите деца кои ги носат на инекции, не зборат туку само подголтнуваат заради грутката во грлото? Или сето тоа е само физичка немоќ, предизвикана од раширениот рак како главна причина?
И не знам зошто студентите не ја сакаат теоријата на веројатност, кога во неа се препознава и дефинира надежта кај човекот. Болниот секогаш го бара оној еден процент кој преостанува и кој вели дека тој еден ден ќе оздраве. И дека ако оздраве, сигурно нема да ги направи истите глупости и грешки што ги беше направил пред болеста. Тоа е надежта. А покрај апсолутната веројатносна распределба на можните настани, секој човек си има своја релативна распределба. Ја гради и ја одбира онаа со која ќе му биде најлесно и најдобро.
Вчера, одејќи кон интернет клубот, за да пратам некаква порака, забележав една мајка која водеше дете за рака. Детето здогледа нешто на улицата, застана и подвикна мошне задоволно ПЛАСТЕЛИН !. Не е тоа пластелин, тоа е корка од помаранџа ! – одговори мајката, повлекувајќи го детето. Од соседната кафана се слушаше музика: Сваке ночи сањам твоје очи...
Зар веќе сум стигнал дома ?... Зар веќе?
Седев на масата. Таму ми се врати и свеста. Време е за ручек. Помислив. Имам обврска. Трите парчиња леб и прокулин капки во очите на дедо ми.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





















































































































































































































 

  д:дома