јуни-јули
в:велковска весна
д:другарство
Марија ги облече кондурчињата, го стави ранецот на рамо и тргна кон
својата најдобра другарка Симона, да ја викне за да одат во училиште. Само
што сакаше да ја отвори портата насмеаното лице на Симона се покажа пред
неа. Ајде, спремна сум!- извика во истиот миг. Го земав и јажето, можеме
да поиграме малку пред да ни почнат часовите радосно рече Симона. Тогаш да
побрзаме извика Марија, и наместо да побрзаат тие трчајќи стигнаа во
школскиот двор.
Кога стигнаа таму ранците ги оставија на клупата, го извадија јажето, и
само за миг околу нив се насобраа десетина девојчиња, извикувајќи радосно
- и ние сакаме да играме со вас! И почнаа да играат. Занесени во играта не
го ни слушнаа ѕвончето што го означуваше почетокот на часовите. Дури кога
видоа дека само уште две - три деца има во дворот се стрчаа и тие да
влезат.
Тоа им се случуваше скоро секој ден. Двете другарки учеа во исто одделение
и беа неразделни. Освен во играта неразделни беа и кога требаше да се
решаваат и тешките задачи, многу лекции заедно ги совладуваа, со една
лектира понекогаш се служеа и двете и заедно ја обработуваа...
Тој ден радосни се вратија од училиште. За два дена следеше екскурзија.
Знаеа дека ќе им биде супер и дека убаво ќе се забавуваат. Покрај полниот
ранец со храна, ќе земат и топка, тенис, јаже и ќе играат цел ден. Така и
беше. Денот беше убав и сончев. Децата спремни пред училиштето нестрпливо
ги чекаа автобусите за да тргнат на екскурзија. Кога стигнаа на
пространата ливада, ги извадија малите ќебенца и поседнаа на тревата,
извадија набрзина све што понесоа за јадење, ставиа се на куп и секој се
служеше со што ќе посака. Немаше тука двоење ова е мое , ова е твое - све
беше нивно, зедничко. После тоа секој се забавуваше на различни начини, па
во игра и смеа им помина денот. Среќни и задоволни од убаво поминатиот ден
се враќаа дома весело пеејќи во автобусот. И така деновите им поминуваа
брзо, исполнети со учење, но и со песни и игри.
Но како што се ближеше крајот на учебната година Симона стануваше се
потажна, затоа што знаеше дека Марија ќе си замине во друго училиште и
повеќе нема да учат заедно. Тие набрзо ќе се преселат во нов стан, така да
повеќе не ќе може да се гледаат. Тажна беше и Марија. Не и беше мило што
мора да ја остави својата најдобра другарка како и другите дечиња со кои
што учеше и си играше, а и потајно се плашеше од новата средина. Се
измачуваше себеси постојано прашувајќи се - дали ќе најде нови другарчиња,
како ќе ја прифатат наставниците и учениците од новото училиште, дали ќе
се вклопи во новата средина? Но едно беше сигурна, без разлика како ќе
биде, знаеше дека никогаш нема да ја заборави Симона со која што ги делеше
своите тајни и со која го поминуваше најголемиот дел од денот, како и
другите другарки од ова училиште.
Дојде и тој ден. Симона скриена зад завесата низ прозорецот кришом гледаше
како чичковците го товарат камионот со работите од куќата на Марија. Тие
почнаа да се селат. Солзите и течеа низ лицето, но таа како да не беше
свесна за нив. Стоеше зад завесата скриена како да не сакаше никој да ја
види нејзината тага. По некое време се слушна тропање на вратата. Кога ја
отвори вратата пред неа стоеше Марија. Беше дојдена да се збогува со
својата другарка. Двете силно се прегрнаа расплакани знаејќи дека можеби
долго време нема да се видат. - Никогаш нема да те заборавам Симона, низ
солзи зборуваше Марија, ти си и ќе останеш мојата најдоба другарка, но јас
ќе ти пишувам писма, ќе ти се јавувам на телефон, секогаш кога ќе можам ќе
доаѓам да те посетувам - ветуваше Марија. И јас исто така ќе ти се јавувам
секој ден - повторуваше Симона.
Тоа лето така и беше. Се слушаа секој ден. Но кога тргнаа во училиште
обврските а и новите другарчиња го направија своето. Тие се слушаа све
поретко и се одалечуваа една од друга. Поминаа години а тие немаа слушнато
ништо една за друга.
Еден ден Симона шеташе замислена низ градот. Застануваше пред излозите и
им се восхитуваше на преубавите работи, но несмееше ни да помисли, а
камоли да купи нешто од нив. Две години упорно бараше работа но на местото
за кое конкурираше секогаш беше примен некој друг. Одејќи така само што не
се удри во еден непознат човек кој и доаѓаше од спротивната насока.
Извинете Ве молам, бев замислена па не ве видов се извинуваше Симона. -
Ништо, ништо одговори човекот и продолжи понатаму да разговара со жената
што чекореше покрај него. Оваа жена ја имам негде видено си помисли Симона
во истиот миг, но незнам каде - си рече и се сврте уште еднаш да ја види.
Марија, дали си тоа ти - извика Симона во истиот миг ! Да, јас се викам
Марија одговори непознатата жена, но јас не ве познавам, дали се познаваме
од некаде - ја запраша. Марија - дали се сеќаваш на својата некогашна
најдобра другарка Симона со која учеше во исто одделение и со која живееше
во истата населба пред да се иселиш. Тогаш Марија силно ја прегрна својата
другарка. Како да не се сеќавам, но морам да признам дека не те препознав
и одговори, многу си изменета. Разменија неколку зборови и телефонски
броеви, и секоја си продолжи по својот пат.
По неколку дена телефонот на Симона зазвони. Тоа беше Марија. Тогаш Симона
дозна дека Марија е мажена и има син, дека е вработена и засега убаво и
оди и е задоволна од животот.
Но што е со тебе Симона, како живееш ти? - запраша Марија. Па добро сум,
се живее некако, одговори Симона. Каде работиш? - ја запраша Марија. Па во
моментов нигде, но се надевам ќе биде подобро одговори Симона. Марија се
замисли на момент и рече: - Симона во мојот дуќан имам две девојчиња кои
работат во смени, но едната од нив ми кажа дека може уште еден месец да
работи кај мене, а после да си барам замена, сакала да им се посвети на
студиите, вака немала време за учење. Дали би сакала ти да ја замениш. Те
молам размисли и кажи ми. Имаш цел месец за размислување. Ако прифатиш те
молам јави ми.
Симона беше пресреќна. Можеше само да размислува за тоа дека животот е
убав и дека и нејзе и дава одлична можност што несмее да ја пропушти.
Се разбира дека прифати и работеше кај својата другарка. Близината
повторно ги зближи и тие секој слободен миг го минуваа заедно.