т:темплум  

 

јуни-јули
с:
стојаноска билјана



с:страст

 Застанав пред вратата, двоумејќи се. Знаев дека е погрешно, нo желбата да бидам внатре беше голема. Кој е апсурдот во забраната, да смеев, не верувам дека ќе сакав. Долгите часови поминати во жешки тeлефонски разговори конечно можеа да се остварат. Сепак ѕвонев. Зад вратата што се отвори стоеше оној кој најмногу го посакував, но од кој се плашев. Ја зеде мојата јакна и несмасно ја фрли врз купот гардероба на столицата. Стоев збунета насреде тој хаос од книги и облека. Почнав да испуштам некои крици кои требаше да бидат објаснување зошто сум тука, но умот не ме служеше најодбро во тој момент. Моите објаснувања и обидот да најдам место за седење ги прекина со едно :
„Сепак дојде?“ Бев прочитана, фатена!
Всушност за цело време знаев и знаеше зошто сум тука, но признавањето ја правеше ситуацијата реална. Зарем мораше вака да ми плесне? Фуриозно излетав надвор, низ вратата и по скалите. Јакната! Се сетив. Тргнав назад. Само што ја отворив вратата и влегов, се втурна во мене и ме крена. Држејќи ме во рацете ме залепи до ѕидот и почна да ме бакнува.
Одеднаш сите пречки почнаа да паѓаат а јас почнав да се губам. Се уште држејќи ме во раце ме однесе до креветот. Белите чаршави мирисаа на зиме, на нешто чисто и невино. А ниту тој, ниту неговиот кревет не беа такви. Којзнае колку други завршиле во тој кревет, жедни за љубов и полни со страст. Бакнувајќи ме по стомакот, едната рака нежно се движеше по моите гради додека другата се губеше меѓу моите нозе. Потоа се премести долу. Ми го подигна здолништето и почна да ми ги бакнува нозете. Од стапалата па нагоре, се движеше бавно и нежно, оставајќи лигава трага. Слатко скокоткање чувствував во стомакот. Одеднаш нежните бакнежи се претворија во страсно гризење. Ми ги симна гаќичките. Се насмевна : - Бели, како кај малечко девојче. Ти си моето малечко девојче - рече.
Но не бев... Не бев малечко, а не бев ни негово... И додека неговата рака нежно се движеше по моите бедра, јас тонев. Одев онаму каде си ветив дека нема да стапнам уште еднаш. Мислите ми станаа разбеснети коњи кои не можеа да се контролираат. Сакаа да избегаат некаде, а и јас со нив. Сакав да заминам некаде, далеку, каде што тој нема да ме најде. Некаде каде нема да чувствувам вина.
Виновна ли сум? Дали е грев да љубиш? Дали е грев да чувствуваш страст за животот? Го правам тоа што отсекогаш сум го презирала. Тоа што е карактеристика на неморалот и хедонизмот. Уживам!!! Уживам во себе си и во него. Уживам во неговите допири и слаткото стенкање кое ѕвони во моите уши. Уживам… но до кога? Се додека не сватам дека сето е една голема грешка. Грешка која ми помогна да се најдам себе си, и она што го сакам.
Одеднаш сватив која сум и каде сум. Се обидов да го запрам, викав, но не можев. Неговото испотено тело беше залепено за моето, неговите силни раце ги држеа моите. Не престануваше да ме бакнува и да го испушта оној сладок звук на задоволството. Удри ме! – викна. Удри ме силно! Почнав да го празнам сиот гнев на него. Но тоа што на почеток беше гнев се претвори во желба. Желба да го имам и да ме има, да бидам со него за последен пат и да го доживеам она што никогаш не сум го живеела. И потоа…
Силни удари и испотени тела…
Гласни воздишки и тајни солзи…
Експлозија… Мрак…

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


































 

  д:дома