т:темплум  

 

јуни-јули
m:
muad dib



г:години: 19
п:професија: студент, продуцент
и:интереси: музика, филозофија, секс
д:
досега објавено: ама баш ништо
н:нешто за себе: Ооо...
muaddib.blog.com.mk

 



с:слобода

Ноктот го тресна шприцот, кој испушти тап, пластичен звук. На врвот од иглата се појави капка, бистра како планинско поточе. Сончевите зраци, кои ѕиркаа низ руинираниот прозорец, се удираа и раскршуваа на капката, како што се тресеше раката, прикажувајќи ја убавината на видливиот спектар на електромагнетно зрачење.
Скалите на кои седеше беа изгор студени, но умот има страшна способност да ги занемарува пречките кога го гледа тоа што сака да го види.
„Јас сум слободен“ - делче од неговата мисла севна во неговиот ум.
Гуменото црево цврсто се стегна околу подлактицата, и ја сопре крвта. Мрежа од сини бразди се испакна на кожата, како еден куп мали рекички кои го сечат полето.
Неговите бистри сини очи плачеа, и сјаеја од среќа. Зениците му играа - те се ширеа, те се собираа.
„Слободен сум. Слободен сум да правам што сакам. Кој ги ебе другите, тие не виделе задоволство во животот“.
Сончевите зраци играа на неговите потемнети, нечисти панталони и на старата усмрдена маица која испушташе мали прашинки при секое движење, прашинки кои брзгрижно летаа и правеа лупинзи под дејство на струењето на воздухот. Понекогаш, некоја од нив ќе залеташе кон неговата испреплеткана и замрсена коса, и ќе се залепеше за некое нечисто влакно.
„Бедници!“ - помисли - „Цел живот само трчкаат по парички, а никогаш не уживаат“ - Шприцот го сечеше воздухот кон полето со боја на кожа. - „Цел живот само пари, пари и пари. Ништо друго, никакво задоволство“.
Шприцот ја допре едната рекичка. Струичка го пецна кога металот ја пробуши кожата.
„Робови на работата. Да! Вие сте робови на моќниците.“ - иглата продолжуваше да навлегува во синиот тунел. - „А јас сум слободен да правам што сакам“. - Палецот се намести на рамната површина на буткалката. Помисли како би било овјпат да не го стисне, да не ја прати бистрата убавина, но веднаш таа мисла се огласи желбата која му удри шамар и го свести за тоа кој е правиот пат. Веќе немаше дилеми.
„Слободен... да...“ - буткалката се лизгаше надоле, исфрлувајќи го течниот рај низ шприцот.
„...права слобода...“
Добро познатото чувство започна да го напаѓа.
„Ох, какво чувство!“
Мислите изгубија тек како што рајската течност му го поплави мозокот. И додека неговата свесност се потопуваше и бањаше во задоволство, од хаосот на мисли една успеа да се извлече во зенитот.
„Е ова е слобода“.

* * *

Рацете и нозете му беа врзани за болничкиот кревет. Агонијата гореше со пеколен оган, оган кој му ги пржеше нервите и умот. Белата светлина му ги бодеше очите, белите ѕидови му ги бодеа очите. Воздухот, како шлаг на торта, му ги гореше исто така. И викаше, се виткаше пробувајќи да се извлече од стегите.
-Пуштете ме!- но никој не го слушаше. Болката почна да го јаде одвнатре, да му ја топи суштината и да му го пржи битието.

* * *

Во далечна земја, во далечен град, во задниот двор на една куќа, трчаше еден 14-годишен тинејџер, кој се скри зад едно дрво и клекна. Од џебот извади кутија цигари, и од неа една цигара.
„Ќе видите вие, вие мене ќе ме ограничувате. Е нема“.
Ја запали цигарата со кибритчето, и повлече дим. Очите му се навлажнија и се закашла.
„Е на ви! Јас сум слободен да правам што сакам“.

* * *

Десеттиот ден веќе поминуваше, а неговото битие беше целосно исцрпено и неволно за борба. Агонијата полека се стивнуваше, баш како што му испаруваа капките ладна пот од челото.
Свеста му се замати и почна да се губи. Но, како и секогаш, една мисла успеа да излезе како резултат на бескрајната желба за рајската течност. Пред да изгуби свест, мислата се стави во зенитот.
„Сакам пак да бидам слободен“.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



































































 

  д:дома