јуни-јули
м:минов марјан
mail:
marjanminov@yahoo.com
ц:цимери
Еден период од мојот живот станав студент. Морав да дојдам во друг град и
да студирам. Живеев во мал стан со уште еден цимер, затоа што не ни се
одеше во студентски домови каде немаше можност за учење. Сè одеше добро,
освен парите – тие ми претставуваа извор на најголемиот дел од проблемите
, коишто се трудев што поуспешно да ги одбегнам. Инаку, јадењето не беше
проблем: кога ни праќаа од дома, имаше во изобилство, но тоа траеше
неколку дена. Потоа следуваше период на голема апстиненција од храна.
Понекогаш добивав кризи затоа што бев гладен, но се трудев безболно да ги
поминам.
Сепак, најголема криза за јадење ми се појави кога моето јадење заврши, а
цимерот имаше уште малку леб, кој требаше следното утро, пред да оди на
факултетот, да го изеде. Таа вечер беше пеколна и секундите ми изгледаа
цела вечност. Се вртев целло време во креветот, а цимерот спиеше цврсто .
Имав неколку варијанти на располагање: или да не мислам на јадењето (а тоа
не можев) и да се потрудам да заспијам, или да станам и да си земам малку
од лебот. Знаев дека ако му побарам на цимерот малку леб, тој сигурно ќе
ми дадеше, но гордоста сепак беше преголема. Затоа станав и си скршив
малку од лебот. Се трудев да го јадам побавно за да можам подолго да
уживам во возвишениот момент. Дури и трошките на крај ги изедов. Така
јадејќи сум се заборавил и на крај видов дека сум го изел целиот леб. Сега
ме гризеше совеста поради мојата постапка. Го проколнував мигот кога
посегнав по тоа парче леб и се чувствував како Јуда кога на Тајната вечера
посегнал по лебот на масата. Па јас го предадов мојот цимер.
Пробав да си легнам и да заспијам, мислејќи како утредента ќе се оправдам
пред цимерот поради тој леб. Смислив решение: ќе кажам дека сум месечар и
дека можеби во сонот сум го изел, или пак ќе одрекувам дека имало леб во
кујната, или можеби ќе кажам дека тој самиот станал ноќта во сонот и го
изел, па затоа не се сеќава. Но дали цимерот ќе поверува во тие приказни?
Стомакот е сега задоволен. Ми испраќаше вибрации за благодарност, што ете
овој момент помислив на него и неговите потреби. Но сега тоа не ми вршеше
никаква корист. Пред очи ми излегуваше сликата од наредниот ден кога
цимерот ќе ме праша каде е лебот, а јас сепак ќе немам храброст да го
излажам. Трудејќи се да заспијам, смислив ново решение: да го убијам
цимерот и така да се спасам од она што ќе следува наредниот ден. Брзо
станав и отидов во кујната, го зедов најголемиот нож и се вратив во
собата. Цимерот спиеше цврсто и не насетуваше што му спремам. Го дигнав
високо ножот, го насочив кона неговото срце и силно го забив. Огромен млаз
од крв исшприца, но цимерот не се ни помрдна. Имаше насмевка на лицето.
Изгледа сонувал нешто убаво, си реков во себе и се сепнав. Па, јас си го
убив цимерот заради парче леб, и тоа во заедничкиот стан. Отпечатоци имаше
насекаде во собата. Силно го стиснав сега веќе мртвото тело на цимерот, го
гушкав, плачев и молев да ми прости. Тогаш станав, го зедов цимерот во
раце и отидов во полиција, каде и се предадов и бев потоа осуден за
убиство но со олеснителни околности: бев гладден. Ме осудија. Избегав во
затвор и отидов егзил во САД. Скрисно влегов во НАСА, стигнав до атомските
бомб ии им казав на сите ЧАО…
Лажам!
Напуштив сè: дом, факултет, семејство, роднини, пријатели, начинот на
живот. Сега сум никој и ништо и секојдневно скитам и просам низ улиците за
парче леб…
Наредниот ден требаше да ни пратат јадење од дома.