јуни-јули
м:меновски рубин
mail:
rubbin@freemail.com.mk
г:гласот на
директорот во вид на писмо:
(утврдено со потпис и печат на понапред наведениот)
Според најновите анализи, утвредено е дека тиражот на весникот во денот
кога има огласи за вработување е значително зголемен.
Поради тие причини бордот директори донесе одлука тој ден да се печатат
повеќе весници, па и да значи тоа продолжување на нашите работни часови.
Забелешка:
Прекувремено одработените часови нема да се сметаат во нашите парични
надоместоци.
Дополнување:
Доколку се забележат примедби и негодувања во врска со донесената одлука,
истите тие работници само би го зголемиле тиражот на весникот.
н:новите, модерни
пропелери
Во денешно време пропелерите ги прават со пластични перки затоа што се
побезбедни при случаен допир со нив, а и економски се поисплатливи.
Но, од друга страна, денешниве пластични пропелери полесно се кршат,
односно понеквалитетни се.
А кога пропелерот ќе ги изгуби своите перки веќе не е пропелер, поточно
-неговото име е сосема излишно, надвор од контекстот за употреба на тоа
име.
Тогаш пред нас гледаме некој необичен апарат со моторче некаде во него и
се чудиме за што би можел да ни послужи.
Е тогаш пак, во најчестите случаи кутијата завршува како инвентар во
некоја депонија.
o:oд(про)лив
на мозоците
Шумските животни згрозени од помислата дека треба да живеат заено со
паразитите - кои неодамна одненадеж се појавија насекаде околу нив -
почнаа да се иселуваат од шумата барајќи нови гранки, дупки, сенки и чисти
потоци.
Од кога си отидоа сите диви животни и пеперутките, паразитите убаво се
нагостија со дрвјата требејќи ги до корен, а потоа продолжија во ловот на
диви животни.
o:oтказ
Драг Господине,
Ова писмо е од еден ваш работник, поточно од еден ваш бивш работник, затоа
што кога ќе ги читате овие, за вас се надевам доволно љубезни, испишани
редови јас ќе бидам во својот дом седнат на столицата до масата со
тенденција да добијам хемороиди, пишувајќи љубезни писма кои мојата
прекрасна сопруга грижливо ќе ги внесува во коверти, ќе им лепи поштенски
марки со нејзиниот влажен јазик и ќе ги носи до најблиската пошта.
За да не се вознемирувате дека сум некој ваш манијачки расположен
обожавател кој секојдневно ќе испраќа писма на ваша адреса, најљубезно и
најискрено ве известувам дека останатите писма со слична содржина ќе ги
добијата моите пријатели, роднини, познаници и соседи, со што воедно сите
вие ќе добиете можност да си ги вратите животите во нивниот природен тек,
без мое попречување или забрзување.
Воедно би ве замолил, ако сте во можност, ова писмо да не го разберете
како љубезна молба за платено боледување или, не дај боже, за покачување
на платата, туку едноставно како отказ.
Прост, чист отказ.
Затоа што, како што во повеќе наврати имате споменато, јас не ги
исполнувам условите за работното место кое вие со голема доверба ми го
доделивте, за што најљубезно благодарам.
Исто така ова писмо би сакал да го искористам и за ослободување од вашата
одговорност за сите мои премрежја или воздигнувања што би ми се случиле во
иднина.
с:слепо
црево
Во мигови на депресија, отуѓеност, запуштеност и општествена деградација
човекот честопати самиот себе се споредува со слепото црево.
Но, не заборавајте дека и слепото црево може да пукне.
А тоа да предизвика сериозни оштетувања на организмот кој, всушност, го
иницирал пукањето.
П.С. Внимателно со исхраната.