т:темплум  

 

јуни-јули
к:
кулев игор



г:години: 18
п:професија/интереси: ученик во гимназија/пишување, математика, физика, спорт, пеење, програмирање, дизајнирање, наука, англиски
д:досега објавено: ништо
н:нешто за себе: Амбициозен сум и сакам многу да постигнам во животот. Верувам дека ќе ги остварам моите соништа. Сакам многу да фантазирам и да ги претварам моите идеи во реалност. Ја мразам неправдата. Верувам во себе и најважно од се, во Љубовта.

 



љ:љубов, верба и надеж

Се чувствувам различен. Секојдневно гледам ликови околу себе, но како да не припаѓам во колективната слика. Сакам да ја отворам својата душа, но не можам. Не можам или не сакам... Се плашам. Дали ќе ме разберат? Често се затворам во себе, во Мојот свет. Имам свои гледишта за животот. Животот е краток, па треба најдобро што може да се искористи. Суштината на животот е љубовта. Јас верувам во љубовта. Таа за мене е најмоќната религија. Верувам дека таму некаде во светот постои личност која ќе ме направи и која ќе ја направам среќна. Верувам и во себе. Не сакам да бидам обичен човек, сакам да направам нешто со мојот живот, нешто добро за човештвото. Синоќа мојата другарка се насмеа и ми рече: “Ти си чуден човек”. Можеби и сум. Некогаш не можам ни самиот да се објаснам...
Синоќа небото беше прекрасно. Имаше полна Месечина. Месечината беше голема и сјајна како што не сум ја видел никогаш досега. А ѕвездите блескаа расфрлани околу неа. Прекрасна глетка. Би можел цела ноќ да ја гледам Месечината. Опиен и восхитен од нејзината убавина набрзо заспав. Сонував прекрасен сон. Го сонував најубавиот сон во мојот живот.
Бев на некој бал. Околу мене имаше многу луѓе. Непознати луѓе. Сите беа облечени убаво и свечено. Беа занесени во разговор. Јас бев невидлив за нив, не ме забележуваа. Го барав моето место во оваа слика. Додека си стоев и ги набљудував луѓето, до мене дојде мојата другарка. Ми рече:
-Дојди со мене. Има некого со кого сакам да се запознаеш.
Јас отидов по неа. Имаше некоја насмевка на лицето, како да криеше нешто од мене, но нешто што ќе ми биде мило да го дознаам. Отиде и застана до една девојка. Го свртев погледот кон непознатата девојка. Застанав како стаписан. Тоа беше најубавата девојка што сум ја видел во животот. Срцето ми чукаше побрзо и побрзо. Во главата ми надоаѓаа илјада прашања. Срцето имаше одговор на најважното: беше онаа Вистинската. Имаше ангелско лице. Вистински ангел. Не можев да се помрднам. Дали ова е вистина или пак само сон? Се плашев дека е само сон. Сепак сакав да верувам. Мојата другарка ми рече:
-Ова е гостинка од странство. Ќе можеш да бидеш со неа додека се вратам, нели? - ми намигна насмеано. Јас збунето и одговорив:
-Да, да, секако...
Таа девојка беше она во кое што отсекогаш сум верувал. Немаше сомнение. Јас бев вљубен. Таа се насмевна искрено и невино. Јас се обидов да ја скријам ненадејната возбуда. Не можев да и се нагледам. Беше совршена. Нејзе како да и годеше ова мое интересирање. Сакав да ја гушнам, да и кажам колку ја сакам. До тогаш во мојот живот себично ги криев чувствата. За првпат во животот собрав храброст, направив нешто важно, го предадов моето срце. Ги подадов рацете и ја гушнав, толку нежно, како да е направена од најскапоценото стакло. Таа не се противеше. Ја стави нејзината глава врз моите гради и ги затвори очите. Ја имаше истата насмевка. Видов спокојство во нејзината душа. Ги затворив очите. Ја држев Неа в прегратки. Срцето ми чукаше забрзано. Од очите ми капна една солза. Сакав овој миг да трае засекогаш. Тивко и реков:
-Те сакам...
Не знам дали тогаш сум се разбудил. Сакав да сонувам... повторно и повторно...
Јас и Таа се наоѓавме во некоја затемнета соба. Таа седеше расплакана на креветот. Имаше и други луѓе во собата. Не беа добри, го чувствував тоа. Нејзе и поставуваа разни прашања, а таа плачеше уште повеќе и повеќе. Не ги разбирав нивните зборови. Јас им велев да ја остават на мира. Ги молев, ги проколнував да престанат да ја повредуваат, а тие продолжуваа. Не можев да поднесам таа да биде скршена. Отидов до неа и ја фатив за раката. Ја погледнав искрено во очите и нежно и реков:
-Те молам не плачи. Се ќе биде в ред.
Другите луѓе продолжуваа да и поставуваат прашања, а таа плачеше се повеќе и повеќе. Наеднаш таа истрча кон вратата, но ја застана еден од нив. Со остар поглед и рече: Нема каде да бегаш. Веднаш истрчав, го турнав него и ја прегрнав Неа силно, силно... И реков:
-Никогаш нема да дозволам некој да те повреди. Никогаш. Верувај ми. Сега си со мене. Те сакам, искрено, најискрено на светот.
Ја држев цврсто. Плачеше таа, плачев и јас. Никогаш нема да ја пуштам да ми ја земат оние луѓе и да ја повредат. Никогаш... И тогаш знаев, Таа е мојата среќа, Таа е мојата болка, Таа е мојата надеж, Таа е мојот Спас...
Се разбудив целиот облеан во пот. Лежев на креветот обидувајќи се пак да заспијам, пак да сонувам. Но не можев. Останав да лежам. Размислував. Бев среќен, но и тажен. Ја видов, ја имав, но ја загубив. Ќе ја видам ли пак. Ќе ја најдам ли Онаа на која и припаѓа моето срце. Вербата во љубовта уште повеќе се засили. Знам дека од ден на ден сум се поблиску, се поблиску до неа. За мене целосно се откри смислата на животот.
Тогаш кога ќе бидеш подготвен се да жртвуваш за Неа, тогаш ќе знаеш...
Станав од креветот. Веќе беше 14:14 часот.
Вечерва е прекрасна. Небото е без облаци, полно е со ѕвезди. Еве ја и Месечината. Сјае над сите нас. Ни ја осветлува ноќта. Вечерва таа е голема и светла, посветла од вчера, како никогаш до сега. Толку многу ја сакам Месечината. Ни дава сила, верба и надеж. Ни дава живот.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































 

  д:дома