т:темплум  

 

јуни-јули
к:
киприк данил





р:роботот Семјуел

Роботот Семјуел станува. Ја поздравува Клара и роботите Стив и Меквин кои му се потомци од дедото Мухамед и жена му Клара. Пред да започне со секојдневното полнење на батериите тој ги поздравува и роботот Сара, која е негова сестра и братот на Клара, Мек. По пиењето на пијалокот “изостар” (служи за полнење на батериите) тој повторно излегува и по патот кон ОХИС ги поздравува чуварот Кларк (чувар на фабриката “Стоилко”), граѓанинот Кејн со неговиот помошник-робот Вин и граѓанинот Вин со неговиот помошник Кејн. При влегување во ОХИС го поздравува чуварот Сто и со насмевка ја поздравува Литал. Ни влегувањето во канцеларијата не останува без поздравување на колегите Мил, Гил и Бил и колешките роботи Либ, Лиг и Лим. При самото седнување заѕвонува телефонот и се слуша поздрав од шефот Хесе кој го повикува во неговата канцеларија. По патот кон шефот ги среќава роботите Ристо, Дарко, Јовица и Љупчо кои се наоѓаат во една соба во која играат некаква игра со комарци, бумбари, школки и носорози и ги поздравува. Семјуел влегува кај Хесе, го поздравува помошникот робот Нико и седнува во удобниот Лаки. Тука како и секој ден му поднесува извештај на Хесе за тоа како и кого сè поздравил по патот до таму. По средбата со Хесе, тој на пат кон дома ги сретнува комшиите Игор и Мартин и ги поздравува. До својот дом тој не среќава никого и при влегувањето ги поздравува Клара и Сара и легнува уморен. Утре е нов работен ден и пред појадокот треба да се поздрават Клара, Сара, Мухамед, Стив, Меквин... а потоа чуварот Кларк, граѓанинот Кејн...




 

с:светлина?

Со кратки паузи светлината ја полни мојата соба. Се прашувам што ли бара тука? Постојано ги набљудувам нејзините одделни зраци кои како да сакаат да ми одговорат. Но, тие упорно молчат и немо се смеат.

Седам така слушајќи тивко јазз и се трудам да изнајдам решение, да добијам одговор. Одговорот ќе пристигне заедно со последниот фотон светлина. Но, каде е тој крај? Чекајќи го, светлината сака на некој начин да ми одговори, но едноставно не може (и сами знаете дека не умее да зборува). Затоа нејзините зраци на ѕидот пишуваат: “Јас сум пратена од Сонцето да ја набљудувам земјата. Ми требаа осум минути да дојдам до вас и сега морам да се втурнам во најскриеното делче од сè што постои.” Тука завршува и излетува низ прозорецот. Долго време потоа размислував за оваа случка. Никако не ми беше јасно како може светлината да биде пратена.
 



 

у:уличката во која сè се случува толку брзо

Еве една уличка во која сè се случува толку брзо. Ене еден човек што се шета со своето јаболко низ уличката во која сè се случува толку брзо. Ене и еден папагал кој продава моркови, а се наоѓа во една куќа која се наоѓа на уличката во која сè се случува толку брзо. Во оваа уличка гледаш човек на точак како мирно преоѓа улица, а следниот момент тој е прегазен од нешто. Толку е брзо што не можеш да видиш што и како го прегазило. Брзо се случуваат работи кои треба да се одвиваат споро, но брзите работи тука се бавни. Затоа не прелетувајте ја со авион оваа уличка, зашто ќе ви требаат многу години да стигнете таму каде се брзате.




 

к:колку чуден бумбар

И пак трчам кон мојот омилен правец. Трчајќи така наидувам на многу чудни работи. Најпрво наидувам на едно дрво. Дрвото е, замислете, израснато обратно, со крошната долу и затоа се разликува од другите дрвја. За жал немам време да се задржам гледајќи го ова. Потоа здогледувам еден човек кој се движи необично, со главата на долу и со помош на ушите. Одеднаш над мене пролетува еден авион и тој доста чуден. Лета со опашот напред. Јас бидејќи имам цел пред себе не обрнувам многу внимание на овие чудни работи и продолжувам да трчам. По патот среќавам уште огромен број вакви појави, но продолжувам со мисла да ја стигнам целта. Трчам, трчам, трчам… Но, никако да ја стигнам. Одеднаш до мојата глава се појавува бумбар и лета заедно со мене. Најпрво неговото присуство не ми пречи, но набргу брмчењето почнува да ми смета. Се обидувам, така трчајќи, да го избркам, но не успевам и тој ми вели дека е дојден за да ми помогне. Ме става во мисла: “Зошто да ми помогне кога немам никаков проблем, односно не ми е потребна помош?” Во што е работата, се прашувам, а бумбарот мирно си лета до мене. Потоа сфаќам дека ме чека да го прашам во што е мојот проблем. Го прашувам, а тој забрмчува на посебен начин имитирајќи насмевка и ми вели дека проблемот е во мене, а не во сите тие чудни нешта што се случуваат. Јас сум трчал обратно и затоа сум се оддалечувал од мојата цел и никако не сум можел да ја стигнам. Колку чуден бумбар!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































 

  д:дома