т:темплум  

 

јуни-јули
д:
долопина



г:години:25



п:плинови

А: Плинови. Или гасови. Или ветрови. А? Дури и плинска принцеза.
Б: Па, не знам... Впрочем и не е битно кој назив ќе го употребиш. Сите ми се подеднакво грди.
А: Еј! Што има грдо во тоа?!
Б: Не мислев дека тоа е грдо, но така да ја нарекуваш неа... не е баш најубаво.
А: Значи за неа не е убав називот, а генерално е добар?
Б: Па, да.
А: Затоа што е жена?
Б: Не, туку затоа што ја знам, а ова излегува како озборување. А, и секогаш кога ќе ја видам ќе мислам на тоа што ти го кажа и може ќе немам почит кон нејзе повеќе.
А: Страшно! А, ако така реков за другар ти дали ќе ти беше подеднакво неугодно?
Б: Не знам. Сигурно не до толку. Може воопшто не. Тој и без тоа прди многу.
А: Епа, значи затоа што е жена! Нели мислиш дека и жените ги прават истите физички работи како и мажите? Или тие се совршени?
Б: Не, не мислев така, но тие повеќе се воздржуваат. А, тоа што ти го кажа не ми личи на женско однесување зашто нема никакво воздржување. Инаку знам еден човек, кој за да ја отргне од глава жената што му се допаѓа, а немал никакви шанси со неа, ја замислувал во најексплицитна положба. Сфаќаш?
А: Уау! Кој кретен!
Б: Навистина е така. Самиот ми кажа.
А: Не дека не ти верувам, но ова е навистина нечуено до сега. Кој е тој?
Б: Не е важно воопшто. Само сакав да ти кажам дека таквите положби ја намалуваат привлечноста на жената и затоа не е добро да се зборува за неа така.
А: Добро, а нели мислиш дека и тие се згрозуваат од нас кога сме такви?
Б: А, какви?
А: Па, кога не ги контролираме физичките појави во телото.
Б: Не. Тоа е, ти реков, повообичаено за мажите. Тие отсекогаш не ги контролирале тие појави толку колку жените.
А: А, ти?
Б: Ај те молам да прекратиме веќе со овој муабет! Не води кон ништо.
А: Во ред.Сакаш да си одиме?
Б: Да, ако веќе нема што да си кажеме.
А: Јас би можел да те прашувам уште многу, многу, зашто стварно си експерт за машко – женски односи, само што немам време, така што ќе се видиме друг пат на подолго. Треба да ја соберам од дома девојка ми, ќе одиме на театар.
Б: Тогаш со здравје! Поздрави ја неа.
А: Чао.
Б: Еј! Извини, но која претстава ќе ја гледате?
А: Мислам дека е Дон Жуан.
Б: А, да дојдам и јас?
А: Како сакаш, но дали има карти сега пред претстава?
Б: А, вие веќе имате карти?
А: Да. Долопина купила сабајле. Знеш, таа живее до театарот и секогаш ме снабдува со карти. Мислам дека и местоположбата ја тера да оди често на театар. Далеку ѝ се кината.
Б: Па, ти имаш кола.
А: А, кога да купам карти јас?!
Б: Добро. Ќе одам друг пат. Ај со здравје!
А: Ајде!



 

п:будење

Едно утро Конрад стана од својот кревет, откако долго се излежуваше во него и му беше мака. Кога се разбуди лежеше долго време, затоа што си замислуваше како можеше да заврши претходната ноќ и тоа му будеше најпријатни мисли. (Дал’ чекаше филм на кабловска?) Тогаш го слушна крескавиот глас на сестра му. Едноставно не можеше да го поднесува. Крескањето се доближуваше кон неговата соба во моментот кога требаше да биде најсреќниот крај. Но, таа едноставно влезе и ги крена ролетните испуштајќи го тој крескав глас, така што Конрад мораше да стане и да се нервира (во себе). Да, никогаш не можеше да ја задави како што си размислуваше често. Можеше само да не ѝ зборува. Кога отиде во тоалет реши да се справи со неа и еднаш засекогаш да ја смири таа кучка со тие нејзини утрински напади! И што стори? Изврши нужда, пушти вода, си изми раце и лице, погледна кон четката за заби, но реши да не ги мие зашто ги изми претходната вечер, се избриша со крпата и излезе од тоалетот. Потоа, влезе во дневната соба каде што беше непријателот и ја праша дали сака кафе.
 


 

к:како умрев

Маж: Дозволи ми да ти раскажам како умрев.
Жена: Зошто, па јас не ве ни знам!
Маж: Нема врска.
Жена: Ама ве молам, само чекаме ред заедно, а вие ми се нудите да ми раскажувате...
Маж: Непотребно е да ми се обраќаш со ВИЕ; ние се знаеме многу добро.
Жена: Не мислам така и ве молам...
Маж: А, а, а! Тишина! Добро би било да ја слушнеш приказната и оттаму ќе знаеш како се знаеме.
Жена: Ама вие не сте мртов!
Маж: Да.
Жена: Па, како можете да ми раскажувате такви работи?! Каква е таа дрскост да малтретирате невини луѓе?!
Mаж: Шетав еден ден покејот на нашата река Тринг, не знам дали се сеќаваш на местото, но ќе ти текне кога сè ќе изложам. Беше полумрак, сивотија околу. Не бев далтонистка, но...
Жена: Рековте далтонистка, но вие...
Маж: Да, јас сум маж, меѓутоа тогаш не бев, а и ти не беше толку лична.
Жена: Молам!!!
Маж: Слушај сега. Ти реков не бев далтонистка, но не видов боја, ниту сега гледајќи од високо и од далеку не можам да кажам дали воопшто постоеше боја. Можеби тоа беше некаков предзнак. Замисли, целата околина беше како некаков огромен стаорец!
Жена: Не верувам.
Маж: Должност ми е да раскажам.
Жена: А, кој ве задолжил?
Маж: Да продолжам. Те молам сконцентрирај се. Те пронајдов и мора да расчистиме.
Жена: Што да расчистиме кога прв пат ве гледам човеку?! Па, вие сте луд!
Маж: Непотребно викаш и те молам обраќај ми се на ТИ! Тврдам дека ние многу добро се знаеме, само треба обајцата да расчистиме. Имам и јас нејаснотии. Затоа дозволи ми да ти кажам како умрев.
Жена: Каде се луѓето? Каде исчезнаа сите?
Маж: Навистина си многу енергична. Си отидоа за да нè остават сами. Постојат луѓе кои можат да ги отворат своите ќелии, а јас сум овде за да ти помогнам и тебе, но треба да ми помогнеш и ти мене.
Жена: Како?
Маж: Слушајќи ме. Така. биди мирна, сконцентрирај се и ќе успееме.
Жена: Ох, Боже!
Маж: Па, ќе видиме. Значи, ти реков дека околината беше стаорска, всушност сива, неподнослива. Мислам дека оттогаш ја мразам таа боја. Или не е боја?
Жена: Не знам. Мислам дека не е. Тоа е мешавина од црна и бела кои не се бои; можеби мешавина од две небои е небоја исто така. Меѓутоа, ако постојат нијанси на црвено, лила, тогаш не знам како би ја дефинирале? Зашто, сепак, и тогаш е сива.
Маж: Сива! Како би ја дефинирале! Да продолжам. Јас шетав во таква небоја – или коктел од две небои. Но, одеднаш се изморив и седнав крај едно дрво, што исто така беше сиво. Си спомнуваш ли нешто за кејот?
Жена: Не. па, ти ништо не ми кажа. Бојата е субјективен фактор, а освен тоа ти ништо друго не спомна!
Маж: Навистина?
Жена: Тупиш цело врем за сивата боја
Маж: Не знам кој типи? ТИ раскажуваше што е тоа!
Жена: Па, ти ме праша! И сага велиш дали ќе се сетам на кејот и гардот кога ништо друго не кажа. А, да! Имаше и дрво – сиво! Те молам?!
Маж: Тоа е една река со довoлно вода во неа, а се влева во море.
Жена: Немам видено море во мојот живот!
Маж: Ти така мислиш! Значи, јас одев до реката, близу до местото кај што исчезнува во морето кога ме фати умор иседнав до тоа дрво. Тогаш дојде ти пред мене, а те видов кога викна „Ти ли си Сомболеда Коквар?“ Јас пред да одговорам водов една недефинирана фигура, машко-женска, но веројатно е жена си реков.. Прв збор што мо дојде во главата беше virago, а тоа на латински е машкуданка.
Жена: Добро, добро, не се заплеткувај пак!
Маж: Па, кога ме праша јас ја кренав главата, те видов, се зачудив и реков: „Да.“ И тогаш: БАМ! БАМ! БАМ!
Жена: Што БАМ?
Маж: Ти ми извади пиштол и пукаше и пукаше три пати во моето чело.
Жена: Невозможно.
Маж: Највозможно. Умрев.
Жена: Како можеш да се сеќаваш на тоа? Или оживеа и стана маж?
Маж: Не е смешно и не сум луд. Умрев, но, пак, останав иста. Трансформацијата дојде многу подоцна.
Жена: Да.
Маж: Не биди иронична. Тогаш мислев дека и не е толку страшно да се умре. Не ме болеше, сè додека не дојде другарка ми. Станав, шетавме со неа по кејот како да сум жива, кога таа ми рече: „ Од сега само јас ќе можам да те гледам и слушам и никој друг! Дури ни мајка ти ни татко ти нема да можат да те видат, а ти нив ќе ги гледаш и ќе плачеш!“ И навистина плачев уште од моментот кога го рече тоа. Плачев ли плачев. Мојот круг на пријатели се ограничи само на еден и тоа требаше да трае до бесконечност!
Жена: Па, како ти помина тоа?
Маж: Па, еден ден после многу години таа рече дека има решение за мене, само треба да станам машко и да си го побарам убиецот кој ќе ми каже зошто го стори тоа за да најдам мир.
Жена: И ти мислиш дека јас те убив.
Маж: Сигурен сум.
Жена: По што познаваш?
Маж: Нема да веруваш, но чувствувам и покрај тебе ја доживувам случката повторно. Само треба да ми кажеш зошто го стори тоа. Те молам сети се и сè ќе биде во ред.
Жена: Но, зошто мислиш дека јас сум таа virago? И дека треба да се сетам?
Маж: Па, ти си стварно невозможна! Оди си.
Жена: Да?
Маж: Да.
Жена: Но, јас бев овде пред тебе.
Маж: Ако.
Жена: Сакаш да се видиме на кафе?
Маж: Не.
Жена: Зошто?
Маж: Нема да се сетиш.
Жена: Ќе се обидам.
Маж: Тогаш, добро.
Жена: Колку години си?
Маж: Ееее...
 


 

а:ааа...?

Таа навистина е мртва. Не можам да верувам. Болна од рак. Кој би рекол. Леле, се чувствувам виновна како јас да ја убив. Зошто ù напраив такапоследниот пат?! Камо да знаев! Но и да ми го кажеше тоа јас немаше да ù поверувам. Која иронија. Која глупост. Таа знаела цело време за сето наше дружење, но не се осмели да ми каже. Дали за да не ја сожалувам? Кој знае. Дали Круша и Конрад знаеле? Сигурно, тие живееја со неа. Морам да ја дознаам целата вистина. Долопина сакаше да ми каже, но јас ... Уф! Се мразам! Морам да го најдам Конрад.
Јас да не сум луда?
- Добар ден. Конрад ако може?
- Имате грешка.
- А, Круша?
- Ниту таква имаме овде.
- Дали е тоа бројот 7688999?
- Да, меѓутоа нема такви лица овде.
- Се извинувам. Пријатно.
- Пријатно.
Чудно е сето ова. Како може да нема такви лица таму? Па, пред два дена беа. Сето ова ме излудува. Да не сум луда? Да не имагинирам? Или Долопина повторно направола уште една шега? Но, да го побарам Покан. Кој ли може да му знае број? Таа спомноваше дека оди во Престан. Па да го побарам таму.
- Здраво.
- Да, повелете.
- Го барам Покан. Доаѓа овде често. Можеби го знаете?
- Не познавам никаков Покан. Прв пат слушам такво име.
- Невозможно
- Ќе се напиете нешто?
- Еден дупли коњак.
- Да не си нов овде?
- Не. Јас го држам местово. Веќe седум години.
- Мене ми требаше еден дечко Покан и ми рекоа дека тој доаѓа овде често. Да не постои друго кафуле Престан.
- Не. Името е интересно нели? Јас кога го отворив работеше нон-стоп и тoгаш се викаше Без престан, но потоа дојдоа пустите закони и сега се вика Престан.
- Интересно. Дали си cлушнал за Долопина?
- Што е тоа? Кафуле некое?
- Не, име на девојка.
- Еее, има многу чудни имиња на светов. Јас порано мислев дека Лимонка е смешно име, но како одминува времето слушам се почудни и почудни имиња. Но, твоиве се екстра чудни. Постојат стварно или ме зезаш?
- Постојат. Кој знае?
- Знаеш, еднаш отидов кај еден пријател, кој имаше куче, но тоа не ни личи на куче. Стаорец! Мало, без влакна, што се крие под покривачите. Кога ми кажа дека се вика Ронка пукнав од смешки. Јас му кажав дека и јас имам куче Дуду и тој ми рече: Епа Дуду е пофриковско име од Ронка. Што мислиш ти?
- Дефинитивно Дуду.
- Сите се смеат кога ќе го викнам по име, а едни Американци еднаш се расцепија од смеење. После дознав дека Дуду на амерички значи гомненце. Какица. Тогаш и јас се смеев на Дуду.
- Кај ти е Дуду?
- Дома. Но, кај и да е сега жена ми треба да го донесе. Ќе го видиш, бонбона е. И најчудно куче што го знам.
- Mорам да одам. Kолку должам?
- Ништо, ми даде нови имиња. Покан и Долoпина. Хахаха! Пријатно.
- Пријатно и на тебе!
Како е можно ова? Зар сè е плод на мојата имагинација? Да не полудев? Или Долопина ми спрема нешто? Сите се во заговор? Леле станав како мојата професорка. Се смеев на неа дека стално мисли има некоја конспирација против неа, цел свет не ја сака, а јас истото го правам сега. Т.е. го мислам. Каква конспирација?! Морам да расчистам сè.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања

























































































































































































































































































 

  д:дома