т:темплум  

 

јуни-јули
д:
димитриева-ѓоргиевска марина



г:години:28
marinad25@yahoo.com



ј:јас и Каспер

Никој не замислуваше тој да си замине така брзо, најмалку јас. Затоа потоа боледував, оти не бев подготвена.
Кога бевме заедно…Toj стигнуваше до мене без план и без акција. Едноставно небаре тоа е така природно, да не речам по дефиниција. Бевме толку блиски…и одеднаш тој стана Каспер. Сеприсутен и невидлив. Во некоја мера секогаш тука и за да уплаши. Сите зборови кои си ги имавме кажано пред да стане Каспер ги паметев и ги ставав на сушалка, ги закачував со штипка за да бидат суви и проветрени оти ако останат во мене може и да ги наводенам од многу солзи ...А Каспер не можеш да го гушнеш и не можеш да го посетиш дома. За право, тој и кога беше нормален немаше дома, ама можев да го гушкам што го сметав за особено важно. За обичните луѓе многу се важни работите ако се во материјална форма, а не во воздушеста. Така и за мене, тој имаше смисла оти не беше Каспер."
Вака беше се дури Каспер еден ден не дојде на мојата врата со букет рози некаде околу полноќ. Така знаеше да се појави тогаш кога остануваше долго на работа односно кога на шефот му се разговараше за бившите жени и високите алиментации. Розите беа црвени, а не розови, тоа беше новина, но се друго беше исто. Тој стоеше со насмевка која значеше, прости, знам, виновен сум, сега само прими ми ме назад. Стоеше тој на вратата на која секогаш се враќаше. Влезе потивко од порано. Влезе нечујно. Се гледавме и разговаравме навидум сосем обично, но тој се така жедно ме пиеше. Имаше мачоречки поглед за кој јас мислев дека е таков поради тоа што беше февруари. Ноќта помина страсно. Повеќе од кога и да е. А јас бев неизмиена, здебелена. А тој чудно ревеше и предеше. Утрото немаше никој до мене. Само роза на свилена перница.
Филмски, нема што.
Хмм ...Мојот мачор не се врати.
Оттогаш никој не ме забележува. Им оставам на драгите мои пораки со обични зборови за да им кажам дека сум добра, а ним им се крева косата на глава.
Сега брзам на часот „Безбедно поминување низ врати".

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања
















 

  д:дома