т:темплум  

 

јуни-јули
d:
darkside



a:animals*
Оваа приказна е фикција. Секоја сличност со реалните ликови е случајна.

  На една фарма недалеку одовде си живееја многу животинки. Во потполна хармонија, среќни, си ги извршуваа секојдневните обврски. Тоа што фармерот не можеше да забележи, го забележав јас. Инаку, да ви се преставам, јас сум жител на оваа наша фарма, нема да го откријам својот вид, но ќе ви раскажам една приказна за прасето и за овчичката.
  Од сите животинки на фармата, овие две беа нон-стоп заедно. Си помагаа во секојдневните работи, заедно го поминуваа слободното време. Сите на фармава мислевме дека ништо не може да ги раздели. Но, бргу се покажа дека не било баш така. Овчичката почна да негодува дека прасето станало многу дебелко и дека не ги задоволува нејзините потреби за рекреација. Не можеа да се договорат ниту околу поделбата на обврските. Овчичката се пријави на курс за странско бекање, за прием на животинки на фарми во други држави. И така се разделија.
  Арно ама, набргу по разделбата прасето разбра дека овчичката си нашла нов придружник. Малото кутре кое секојдневно лежеше покрај велосипедот на фармерот. Прасето не можеше да поверува додека не виде со сопствените очи. Му беше тешко, но го прифати тоа. Минуваа деновите и прасето продолжи да си ги извршува секојдневните обврски, надевајќи се дека еден ден и тоа ќе си ја најде среќата.
  Но, да беше толку едноставно, воопшто не би ви ја ни раскажувал оваа приказна. Вакви приказни има безброј, ми раскажувале животинки од разни фарми, ама тоа што следи во оваа приказна никаде немам чуено. Тоа и ја прави единствена.
  Значи, животот на фармата продолжи. Еден ден, по целодневното риење во калта, прасето уморно се упати во своето живеалиште. Само што влезе внатре забележа едно извиткано ливче. Инаку, живеалиштето му е вистинска кочина, па сепак веднаш го забележа ливчето. Го отвори и прочита "МИ НЕДОСТИГАШ, БЕЕЕЕ!".
  Прасето не можеше да поверува. Овчичката. За момент се возбуди. Не знаеше што да мисли, што да прави. Знаеше дека од ова ништо добро неможе да испадне, легна и заспа. Минуваа деновите и прасето заборави на случката. Почна да се дружи со другите животинки и да ужива во животот на фармата како и порано. Се беше убаво додека не забележа дека малото кутре исчезна. Едноставно пропадна во земја. Го снема. Овчичката беше сама. Прасето се прашуваше што се случило, ама знаеше дека тоа не е веќе негова работа. Но, овчичката не мислеше така. Секојдневно почна да го посетува прасето. Тоа гледаше со недоверба на овчичката, но му беше убаво што повторно се заедно. И токму кога му се чинеше дека сè е по старо ја праша овчичката дали се гледа со малото кутре, и таа му одговори потврдно. "Сеедно ми е," му одговори таа "Меѓу нас и така нема ништо."
  Другиот ден сонцето изгреа, повторно.

* Благодарност до Pink Floyd за насловот.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























 

  д:дома