2007:мај/јуни
општ
конкурс
с:серафимовски оливер
о:одам...
(прв дел)
Пригушена светлина. Местото беше преполно со луѓе. Стоеше на крајот од
просторијата од каде имаше одличен поглед. Веќе имаше испиено доволно за
да може слободно да се стави во акција. Уф, тој и акција?! Очите му шараа
незапирливо, ќе се фокусираше те на една те на друга. Само чувствуваше
нешто што не можеше да си го објасни. Од каде сега овој порив, кога
секогаш кога ќе требаше да превземе иницијатива, му се пресекуваа нозете.
Слики му поминуваа низ глава како флешови на сите пропуштени прилики и
шанси кои ги имал. Ја зема чашата, но забележа дека е празна. На келнерот
му нарача уште една тура, кога погледот му застана на една, уф... добра
црнка.
„ Леле мори мајко...„- тивко искоментира. Малата се кршеше, а тој како да
беше маѓепсан. Неговиот поглед беше фокусиран само на неа. Прво и го
забележа заобленото газе. Како само еблесто се кршеше. По фантастичното
газе, погледот му застана на малите, но тврди цициња. Како само
подрипнуваа на секое нејзино движење. Само ја гледаше, бидејќи во тој
момент немаше храброст да направи било што. Нарача уште една пијачка. Ја
испи во еден здив. Малата продолжуваше еблесто да се прекршува, а тој само
ја гледаше. Ја гледаше, а низ глава му поминуваа секакви прљави мисли.
Наеднаш престана да игра. Тргна кон шанкот. Ја испружи раката и зеде една
салфета. Ја избриша потта од челото.
„ Целата сјае...„- промрморе. Ја погледна, но брзо ја сврте главата. Се
обидуваше на момент да не мисли на неа, но...
„ Гледаш млади пичиња, а?- гласно викна. Шанкерот ја погледна, но продолжи
да работи. Одбегнуваше било што да и каже.
„ Скока курето... дај доста глумиш лудило! Те гледам од прееска како ме
гледаш! Ко да ме ебеш со поглед!- продолжи да вика. Добро што музиката
беше прегласна, па не се слушаше ова дофрлање. Повторно не реагираше. Како
да му одговараше оваа ситуација. Цуцето нарача пијачка, ја зема чашата и
застана пред него. Како што беше потпрен се исправи и ја гледаше право во
очи. Се насмеа и отпи од чашата. Се уште стоеше пред него. Беше слатка,
нема што. Предизвикот да ја бакне беше голем. Ја гледаше во нејзините
усни, усни тенки со неверојатно широка насмевка.
„ Сеа ќе се гледаме, а?- викна и силно му го бутна јазикот во неговата
усна шуплина. Ваков сочен бакнеж немал осетено од минатиот милениум. Долго
шараше, а тој не реагираше никако. Беше затечен и изненаден. Но, не сакаше
да престане. Само му помина мислата дека денешниве млади знаат што сакаат.
Одлучни... да одлучни.
„ Што си здрвен... а, бе , педер да не си, а?- и го избутка од себе. Беше
изнервирана поради неговата неодлучност. Се сврте за да се тргне од него,
кога ја фати за раката и силно ја повлече кон себе. Ја прилепи кон себе и
само ја гледаше право во очи. Малата беше збунета. Не можеше никако да
реагира бидејќи неговите силни раце ја држеа како да беа окови. Силно и
незапирливо почна да ја љуби, буквално недозволувајќи и да земе воздух. Ја
држеше силно за главата и ја љубеше. Не сакаше да престане. Поточно,
немаше намера да престане. Наеднаш се отргна од неа и ја зема чашата и
отпи од неа. Малата го гледаше како да не и се верува што и се случува.
Стоеше вкочането пред него и не кажа ништо. Ја спушти чашата и и се
насмеа.
„ Педер, а? Цуцо мала, немој пред време да судиш! Уште си послатка вака
збунета!„- ја пољуби у образ и тргна кон излезот. Брзо се пробиваше. Не се
сврти ниту еднаш кон малата. Го гледаше како се пробива низ гужвата и ја
стави раката на образот. Во истиот момент поцрвене и се сврте околу себе.
Имаше чувство дека сите очи во локалот неа ја гледаат. Не беше свесна што
и се случи.Стоеше уште неколку секунди и тргна по него. Не ги слушна
друшките како ја викаат, а веќе беше надвор пред локалот. Застана и со
поглед го бараше него. Не можеше да го забележи во гужвата.
„ Си отишол!„- промрморе и тргна да си оди. Наеднаш некој ја фати за
раката. Се стресе. Навистина се исплаши бидејќи беше замислена. Се сврте.
Тој стоеше пред неа. Се смееше. Се уште беше збунета.
„ Те исплашив? Извини... Горан!- ја пружи раката. Малата збунето го
гледаше. Почувствува како и ја стега раката. Ја повлече.
„ Вера... а ти вака манијачки ги вадиш од памет цурите на кои им се
упуцаваш, а?- и тргна со брзи чекори да оди по улицата. Имаше чувство дека
ја следи. Ќе се завртеше да види дали ја следи, но него го немаше.
Чувствата и беа измешани. На момент сакаше да биде покрај неа, за
потоа...„Што ми требаше ова вечерва!„. Чекорите и беа уште побрзи. Застана
да одмори и да се соземе. Милион мисли и поминуваа низ глава. Манијак,
убиец... и што уште не. Непознат беше. Првпат го гледа. Но, сепак вината
ја бараше во себе. Таа го испровоцира. Не бил само тој досега што ја
гледале, па вака не реагирала. Од друга страна вакво нешто и се немаше
случено. Силно чувство. Се насмевна. И беше убаво... сакала неќела мораше
да си признае. Имаше чувство дека некој ја гледа. Го крена погледот и тој
беше пред неа. Ја фати за рацете кои и се тресеа. Полека ја спушти главата
и ја пољуби. Не се противеше. Почнаа да се љубат. Рацете и шетаа по целото
негово тело. На момент толку се прилепија еден кон друг, што можеше да му
го почувствува. Горан со рацете цврсто го држеше нејзиното прекрасно
заоблено газе, поради кое е тој тука кај што е. Раката како по команда му
се залепи за малите цициња, поради кои е тој тука кај што е. Двајцата не
се одлепуваа еден од друг. Вакво нешто му се немаше случено одамна. А нему
му требаше нешто силно да му се случи. Ја љубеше. Вера не можеше да се
препознае. Да, отсекогаш знаела одлично да флертува, но тоа бил само
флерт. Но, ова што сега го чувствува е нешто ново за неа. Непознато поле.
Почувствува како неговата рака полека се обидува да влезе во нејзините
фармерки. Не се опираше. Горан продолжи, немаше намера да престане. Од
оваа ситуација нема враќање назад. И го откопча првото копче, па
второто...третото, додека не му се ослободи патот за раката слободно да се
движи. Го чувствуваше нејзиниот јазик како шара во неговата ушна школка.
Дишеше забрзано. Почна да се вие. Да стенка. Одеднаш се повлече. Во
неколку потега ја поднамести растурената коса, ги закопча фармерките и
само изусти:
„Одам...!„- и со трчање се изгуби во темната уличка. Горан стоеше и без
никаква реакција гледаше како нејзионата сенка се губи во темнината.
Стоеше уште некое време надевајќи се дека ќе се врати, но по пет минутно
чекање тргна да си оди. Излезе на главната улица, кога му заѕвони
мобилниот телефон.
„Кај си ти? Слушај, те чекам да дојдеш! Се глеаме! Чаос!„- го слушаше
гласот на својата цура. Да, неговата цура. Одеше, а како да беше здрвен.
Чекорите му беа тешки. Не ги чувствуваше нозете. Седна на една клупа.
Запали цигара. Го беше облеала студена пот. Низ глава му поминуваше Вера.
Немаше одговор на тоа што му се случи вечерва. Во моментот не можеше да
мисли на Бојана. Полека ја пушеше цигарата. Гледаше во луѓето кои
поминуваа покрај него. На колкумина им се имаше случено нешто вакво
вечерва, без разлика дали беше машко или женско. На колкумина. Ја изгаси
цигарата и влезе во првото такси. Тргна да оди кај Бојана. Неговата цура.
Дали беше паметно ваков да се појави пред неа. Секоја жена чувствува
превара. Некои трпат цел живот во името на нешто, а некои тоа го решаваат
веднаш. Бојана беше од првите. Иако ја немаше преварено, а ниту ова не
беше нешто трагично, тој чувствуваше огромна грижа. Грижа на човек кој
згрешил многу. Од друга страна, Вера не можеше да ја извади од мислите
иако имаше голем проблем. Како ќе се однесува со Бојана. Можеби не беше од
оние првите кои трпат превари. Таксито застана пред зградата на Бојана.
Излезе и ја крена главата. Гледаше кон прозорецот од нејзина соба.
Светлото беше пригушено. Му требаа неколку минути да се среди, пред да се
појави пред неа. А како флеш му поминуваше Вера. Јебеш му матер, како го
здрма малата!
о:одам...
(втор дел)
Не влезе во лифтот, туку тргна пешки. Му требаше малку тоа. Тешко се
качуваше по скалите. Секоја нова му преставуваше се поголем напор. Никогаш
претходно го немаше ова чувство, а не еднаш ги имаше качувано. Низ главата
му поминуваше ликот на Вера. Веќе немаше враќање назад. Го имаше она исто
чувство како кога прв пат ја запозна Бојана. Веднаш знаеше дека таа ќе
биде негова. Да, се до оваа вечер. Тој повторно се заљуби. Вера не можеше
да ја извади од мислите. Му помина ликот на Бојана. Застана. Мораше малку
да притисне на кочница. Тој оди кај својата девојка, а мисли на сосема
друга. Не е фер. Беше пред нејзината врата. Заѕвони. Еднаш, двапати... Се
отвори вратата и го пречека насмевка на која тој пред неколку години
падна, а сега некоја друга почнува да го освојува.
„ Влегуј...„- го повлече за рака. Влегоа внатре. Бојана го гледаше право
во очи. Тој се обидуваше да не ја гледа.
„ Се случило нешто? Ќутиш...!„- и тргна кон нејзината соба. Знаеше дека
нешто се случило. Доволно добро ја знаеше за да ја почувствува секоја
нејзина реакција. Тргна по неа. Седнаа на креветот и ништо не збореа. Го
погледна. Тој повторно бегаше со погледот.
„ Ако има нешто кажи ми? Знаеш дека не сакам кога молчиш, мразам кога
молчиш...- не и дозволи да продолжи.
„ Ништо се нема случено! Знаеш дека некогаш знам да молчам и тука не можеш
да ме смениш...„- и легна на креветот. Сакаше да заспие и да заборави на
се. Сето ова како да беше сон. Се исправи и ја погледна право во очи.
„ Дали го имаш истото чувство кон мене како на почетокот?- и не го тргаше
погледот од нејзините очи. Бојана го гледаше изненадено. Не очекуваше
вакво прашање. Го пољуби. Горан не го тргаше погледот.
„ Дали се има нешто сменето меѓу нас...„- кога повторно го пољуби. Горан
ја легна на креветот и почнаа страствено да се љубат. Не му требаше
одговор. Ова беше вистинскиот. Чувствуваше дека целата гори. Со раката
тргна кон нејините гради. Ги чувствуваше набрекнатите пупки. Ја завлече
раката под мајцата. Таа забрзано дишеше. Ја извлече и продолжи да ја
допира. И ги соблекуваше полека тренерките. И ги љубеше полека нејзините
прекрасни нозе. Полека стигнуваше до меѓуножјето. Чувствуваше како се
стресува на секое негово поминување со јазикот по нејзиниот клиторис.
Силно му ја стискаше главата. Полека го кубеше. На момент ќе почуствуваше
болка, но тој го чувствуваше секое стресување на нејзиното тело и го
слушаше нејзиното забрзано дишење.
„ Побрзо... не престанувај...!„- и се посилно му ја стискаше главата. Ја
впиваше секоја капка што го пушташе нејзиното меѓуножје. Можеше да го
осети вкусот. А Бојана во секој момент ќе свршеше. Се извијуваше како
змија. Телото и трепереше. Се погласно почна да стенка. Му ја стегна
главата цврсто и не ја пушти додека не сврши. Cилнo крикна. Нејзиното тело
се стресе. Одамна немаше ваков оргазам. Се испружи на креветот и ништо не
кажа. Горан продолжи да ја љуби. Се исправи и ги соблече фармерките.
Бојана се исправи и пред неа беше неговото набрекнато месо. Го зема во
раката. Можеше да почувствува како пулсира. Легна на креветот и чекаше да
влезе длабоко во неа.
* *
*
Лежеа голи. Еден покрај друг. Не зборуваа ништо. Гледаа во плафонот. Горан
стана и запали цигара. Ја погледна Бојана. „ Колку е убава...„- му помина
низ главата. Ја запали цигарата и повторно легна. Беше исполнет, но не
целосно. Му помина ликот на Вера. Иако беше Бојана покрај него тој се уште
мислеше на неа. Она што му се случи вечерта цврсто го држеше. Чувствуваше
дека Бојана за него станува минато. Не можеше да си објасни што му се
случува. Покрај него беше девојката која до пред неколку часа му беше се,
а сега како вода му бегаше од рацете. Ја изгаси цигарата. Бојана го
погледна и знаеше дека нешто не е во ред. Беше отсутен. Помина со раката
по неговото лице, но тој не реагираше. Стана и почна да се облекува.
Бојана лежеше и немо гледаше како ќе замине. Никогаш повеќе нема да биде
покрај неа. Знаеше дека ќе биде така.
„ Те сакам...„- тивко промрморе. Горан не рече ништо. И се насолзија
очите.
„ Те сакам!„- но сега тоа го кажа доволно гласно за да ја чуе. Повторно не
реагираше. Го облече сакото, се сврте и тивко и рече:
„ Одам!„- и излезе од собата без да се сврти. Солзите во очите кажуваа се.
Како и е и како се чувствува.
Излезе од зградата и почна да трча. Трчаше брзо. Почна силно да вика. Се
надеваше дека вака ќе му излезе целата мака што го мачеше. Наеднаш застана
и влезе во првото такси. Сакаше да стигне што побрзо дома.
* *
*
Пригушена светлина. Повторно истиот локал. Местото беше повторно полно со
луѓе. Горан стоеше покрај шанкот и ја пиеше својата пијачка. Погледот му
шараше низ просторијата. Ја бараше Вера, но ја немаше. Му се врати сликата
од вчера. Веќе беше одлучил. Бојана за него е минато. Мораше да ја
пронајде Вера. Нарача уште една пијачка и се распрашуваше кај келнерот
дали имаше ја имаше видено девојката. Никој не можеше да му одговори. Ја
испи на брзина пијачката и одлучи вечерта да ја помине во потрага на Вера.
Брзо се пробиваше низ гужвата. Излезе од локалот. Застана и размислуваше
во кој правец да тргне. На момент се сети на Бојана. И се немаше јавено
цел ден. Но, и таа нему. Дали тоа беше крај за нив двајцата? Размисли уште
малку пред да си го даде вистинскиот одговор. Таа нему му беше првата
вистинска љубов. Дали Вера беше само негов хир? Можеби! Во тој момент
имаше измешани чувства. Повеќе во ништо не беше сигурен. А можеби за него
и Бојана имаше уште една шанса? Можеби, можеби...можеби. Бојана-Вера,
Бојана-Вера... Кон која од нив двете чувствата му беа посилни? Ја подигна
главата и ја забележи Бојана како се приближува кон локалот. Се стресе. Ја
гледаше. Беше прекрасна. Тргна кон неа. Се поздравија. Тргна да ја пољуби,
но таа се потргна. Беше ладна. Нејзиниот потег беше очекуван. Не си кажаа
ништо. Сакаше да каже нешто кога таа само тивко рече:
„ Одам...„- и продолжи кон влезот на локалот. Горан стоеше уште некоја
минута. Можеби кај него имаше надеж дека Бојана ќе се врати. И по пет
минутно чекање не се појави. Тргна по улицата. Одеше бесцелно. Седна на
една клупа и запали цигара. Низ главата му поминаа и Бојана и Вера. Бојана
ја имаше во раце, а Вера само ја допре. Седеше и размислуваше.
БОЈАНА-ВЕРА, БОЈАНА-ВЕРА... Која беше неговиот вистински избор?
з:зошто?
Неколку пати се сврте да види дали некој го следи. Погледна во правецот од
каде и дојде. Не забележа никого и продолжи да чекори се побрзо. Се
потеше. Како да беше преплашен од некој или од нешто. Сврте во првата
уличка која ја сечеше главната улица. На момент застана, погледна околу
себе и повторно продолжи со брзи чекори да бега. Од некого или од нешто?
Покрај него минуваа луѓе во кои се загледуваше, со страв, со чувство дека
некој од нив е тој што го следи. Го избриша челото и влезе во првата
продавница која ја виде пред себе. Не го ни виде излогот, не го ни
интересираше за што беше проклетата продавница, а на крајот на краиштата
нему му беше најбитно некаде да се засолни. Од зад параванот се појави
продавачката која го погледна и го праша:
„Повелете, со што можам да ве услужам?- му се насмевна и со подотворена
уста го очекуваше неговото прашање. Се пресече, како некој да му вперил
пиштол, потскокна и со широко избуљени очи ја гледаше девојката која се
исплаши од неговата реакција. Го избриша челото и за миг истрча од
продавницата. Потрча, вртејќи се да види дали го следат и веднаш влезе во
влезот од првата зграда која се испречи пред него, а беше на главната
улица. На момент помисли дека ова е еден негов најобичен налудничав сон.
Се стресе. Сепак било само ебено јаве. Потта и понатаму течеше низ
неговото лице. Ќе ја исфрлеше главата низ вратата, ќе разгледаше дали има
некој по улицата и уште побрзо ќе се сокриеше, за да не го види некој. Не
знаеше што да прави. Во неговите очи се гледаше налудничав страв. Го
удираше параноја, неконтролирано се чешаше. Се вртеше и на најмалиот шум
кој неговото уво ќе го примеше. Го избриша челото од киселата пот и со
одлучен чекор се упати кон излезот од зградата. Погледна неколкупати на
лево, па на десно. Како да не беше уверен дека опасноста, најпосле е
помината. Стравот во очите се уште беше присутен. Едното око му беше
крваво. Некој капилар под ваков стрес му беше пукнал. За момент се смири.
Застана и смирено тргна по улицата, кога одеднаш го слушна своето име. Се
сврте и почна панично да бега. Низ главата му поминуваа слики од неговиот
живот. Да... се потсети на моментите кога беше најсреќен, најтажен... се
до овој ден кој го проколнуваше. Трчаше брзо, колку што го држеа нозете,
но одеднаш застана.
* *
*
„ Седи во аголот од собата. Очите му се искоколени. Не трепнува. На
другиот крај од собата, на креветот лежи мртво тело на девојка. Наеднаш
станува и се доближува до креветот. Го гледа безживотното тело. Клекнува и
почнува полека да го допира. Беше студено и немаше никаква реакција на
неговите допири. Наеднаш станува и трча до другиот крај на собата. Не му е
јасно од каде мртво тело на неговиот кревет. Почнува со дланките силно да
си ја удира главата во обид да се присети на било кој момент што би му ја
разјаснил оваа ситуација. Почнаа како флешови да му се јавуваат слики. Го
грчи лицето во обид да добие вистинска слика. Гледа на девојката во
неговиот кревет... тој врз неа... чувствува удари и гребење од страна на
девојката која го преколнува да престане... и го стиска лицето... ја
плука... девојката се обидува да се одбрани... прета со нозете... не може
да мрдне бидејќи со целата сила ја држи и не и дава да се помрдне. Одеднаш
се стресува. Се дере и со рацете и го стега вратот на девојката. Таа се
брани, но нема веќе сила. Полека престанува да мавта со рацете. Станува,
целиот испотен, и со трчање седнува во аголот од собата. Очите му се
искоколени. Не трепнува. На другиот крај од собата, на креветот лежи
мртвото тело на девојката.„
* *
*
Се сврте и ја чекаше девојката која трчаше кон него. Нема веќе каде да се
крие и крајот на неговата луда приказна е неизбежен. Ја гледаше како му се
приближува и собра храброст да викне колку што го држеше гласот:
„ Зарем толку ти згрешив? На... земиме, што чекаш! Немам за што да се
борам, сега се е готово! Во твои раце сум! Ѓаволот дојде по своето...„-
паѓа на коленици, го покрива лицето и почнува да плаче. Девојката која го
следеше застанува покрај него, го погледнува и клекнува до него.
„ Знам дека бегаш од мене! Бегаш, но не можеш да избегаш... од твојата
лудост! Хм, многумина сакале да се спасат од неа, но од неа нема излез...
има еден за кој ти немаш сила, а си помислувал безброј пати. За тоа ти
немаш храброст. Ти си бесконечно плашлив... Грижата на совест е најболното
чувство кое те доведува до лудило, но, што зборам јас, па ти си луд. Тоа
чувство не можеш да го измениш. Зошто мене... зошто било кого? Сакав само
да бидеш среќен, но ти среќата не ја познаваш..Но, зошто ти го зборувам
сето ова? За тебе лудилото е среќа. Сакав да бидам среќна...но, ти веќе си
пресуди. Да патиш и да се прашуваш: „ Зошто ја убив? И зошто и го сторив
тоа?„
Девојката го извади пиштолот од под мантилот и го впери во него. Го
гледаше со поглед полн со презир, полн со болка. Се повлече наназад
неколку чекори. Стоеше со вперен пиштол, но не пукаше. Тој чекаше да го
погоди куршумот кој ќе го спасеше од ова лудило. По челото му течеше ладна
пот. Ги гледаше капките како паѓаа на врелиот асфалт. Но, истрел немаше.
Ја подигна главата и девојката се уште стоеше пред него со вперен пиштол.
„ Што чекаш, пукај! Скрати ми го ова лудило!!!- викаше на цел глас.
Девојката го гледаше со истиот оној поглед на презир и болка. И со
вперениот пиштол во него. Се исправи и тргна кон неа. Се доближи, а таа се
уште само го држеше пиштолот вперен точно во неговите гради. Не пукаше
повторно. Почна да ја удира со што ќе стигнеше... со рацете, нозете. Ја
удираше без да гледа каде ја удира, бидејќи очите му беа затворени. Се
замори и застана. Се сресе. Пред него немаше никој. Девојката со вперениот
пиштол ја немаше. Се сврте околу себе, но неа ја немаше.
* *
*
Сонцето печеше. Имаше чувство дека му го пржи мозокот. Покрај него минуваа
луѓе кои го гледаа како во празно мавта. Некои од нив меѓу себе
коментираа. Тој со изгубен поглед некаде, само ги отпраќаше. Тргна по
улицата. Одеше, но на моменти ќе се завртеше да види дали девојката со
пиштолот го следи. Влезе во првата кафеана. Седна и нарача дупла лоза. Од
големиот излог гледаше во луѓето кои некаде брзаа. Се сврте, а карши него
седеше човек, кој тој не го познаваше. Се стресе.
„ Зафатено е!- но на лицето на човекот немаше никаква реакција. Потстана,
но келнерот го немаше за да му каже дека тој сака да седи сам, без никакво
друштво. Човекот седеше.
„ Ти мене не ме познаваш! Ме гледаш прв пат, но сега е вистинскиот момент
да ме запознаеш!- скаменето го слушаше човекот кого навистина не го
познаваше.
„ Да се претставам! Јас сум ТИ, да... добро ме слушаш, ТИ!... Да... не ме
познанаваш, бидејќи никогаш и не се потруди да се спознаеш себе си... не
се препознаваш? И не можеш, слеп си при душа, душа која е црна... пеколно
црна... Ја виде девојката... истата онаа за која и не се сеќаваш дека ја
уби. Од неа го добив ова на подарок....„- го вперува пиштолот во него.
„ ... и секако ти посака да почиваш во мир...„- го гледаше немо без да
трепне. Очите му беа полни со солзи. Човекот го стави прстот на чкрапалото
и застана пред да го повлече.
„ Извини за се...„- рече тивко и со плачлив глас. Се струполи под масата
облеан во сопствената крв. Човекот полека излезе од кафеаната. Не се сврте
ниту еднаш да се види како лежи мртов. Лежеше испружен, со широко отворени
очи, очи на мртовец. Длабоко во себе се прашуваше:
„Зошто и го сторив тоа?„- се погледна себе си, со пиштолот в рака. Се
врати за да се види како заминува од овој свет, свет на лудост во кој тој
беше луд. Свет, во кој тој беше еден од многуте.
Луѓето во кафеаната бараа помош, други го бараа убиецот, а Тој стоеше до
нив и се гледаше како заминува. Се погледнаа. Единствено си го поставија
еден на друг прашањето:
„Зошто и го стори(в) тоа?„- и ги затвори очите.
* *
*
Одеднаш почна да вреска силно, колку што го држеше гласот. Силно ја
стискаше главата. Се грчеше. Како во тој момент да ја чувствуваше
најголемата болка. Клекнуваше и се исправаше, па се грчеше. Луѓето го
гледаа, а повеќето од нив со брзи чекори го избегнуваа. Некој ќе
подзастанеше, но откако ќе го слушнеа неговото врескање само немо ќе
продолжеа да одат. Тој викаше и силно си ја стискаше главата.
„Зошто јас? Зошто мене... аааааааа!!!- и се грчеше. Најпосле од силната
болка падна, згрчен на врелиот асфалт. Не реагираше. Се испружи, а
погледот го впери кон небото. Очите му беа полни со солзи. Течеа по
неговите образи. Наеднаш стана и ги избриша солзите. Стоеше исправен.
Луѓето го гледаа, но ниту еден не му се доближуваше. Имаа страв од
неговата следна налудничава реакција. Наеднаш тргна кон мостот кој ја
делеше улицата на два дела. Застана и со рацете се потпре на оградата.
Гледаше во реката. Водата беше толку бистра што можеше да го види секое
камче на дното. Си го виде ликот на површината од водата. Беше деформиран,
лик од кој секој ќе се исплашеше. Се исплаши и тој самиот од она што го
гледаше. Се повлече од оградата, застана и погледна околу себе. Немаше
никој во негова близина. Направи неколку чекори наназад, ја подигна
главата и неколку минути гледаше кон небото. Како да повикуваше некого. Се
стрча, силно крикна и скокна преку оградата.
* *
*
Ги гледаше луѓето како наведнати преку оградата го гледаат неговото
безживотно тело на дното од реката. Почувствува дека некој е покрај него.
Ја сврте главата и ја виде девојката како го гледа. Нејзините широко
отворени очи го прашаа:
„Зошто го стори тоа?- а тој само ја гледаше.
с:свингер... Не
си нормален!
Пригушена светлина влегуваше во собата. Бев клекнат на колена, а мојата
сакана беше легната на креветот и тивко, но забрзано дишеше. Го сакам
нејзиното тело кога е тазе истуширана. Мека кожа, мирис на штотуку
нанесена крема која ми го дига моралот за да бидам пастув кој неможе да се
скроти. Незапирливо го лижев нејзиниот набрекнат клиторис, а таа со сета
сила ми ја втурнуваше главата се со цел да ги впримам сите сокови кои ги
испушташе нејзиното меѓуножје. Секогаш се губиме кога овој ритуал го
изведуваме, тогаш сме како припадници на некое племе кое под дејство на
напитокот од врачот, стануваме едно со божеството на љубовта. Почна да
подрипнува од сладострастието кое ја удира во мозок и само тивко низ заби
можеше да каже:
„ Посилно... неможам веќе... такааа!!!„ и по којзнае кој пат ќе
потскокнеше.
И го обожавав меѓуножјето, мало, тесно, со прекрасна розева боја како боја
пурпурна. Можев со часови да ја лижам, ох каква кожа има, свила, кашмир...
ме доведува до лудило, морам да признаам. Ја обожавам... постојано ми е во
мислите, а кога сум блиску до неа како струја трофазна да ме удира...уф!
Продолжив да ја задоволувам, бидејќи нејзиното задоволство ми е најважно,
а потоа и моето, бидејќи тогаш се претопуваме во едно. Се побрзо работев
со јазикот, кога заѕвони телефонот. Неизмерно го мразам тој звук, кој те
прекинува во работа од која и едниот и другиот сме во шестиот круг... пред
божанствено стање. Нервозно прокоментирав: „Која е оваа будала!„ и го
грабнав телефонот. Притиснав на копчето за почеток на непосакуваниот
разговор, а од другата страна беше брачко Кирил. Весело, небаре пее, ме
праша: „ Што праиш, куре на чичо?„. Во еден дел од секундата ми одеше да
го отерам у три лепе пичке материне, но се воздржав. „ Ај, погоди...„ не
ме остави да се докажам, кога ладнокрвно рече: „ Дупиш, куче касапско!„.
Незнам зошто, но имав некое претчувство дека тоа ќе ме праша, најверојатно
бидејќи доволно добро го знам. Продолжи во свој стил: „ Добро, бе, колку
пати се ѕенѕате... извини што прашуем, али многу ме интересира?„. Превртев
со очите и си помислив: „ Сега ли најде за тоа да ме прашуеш!„ и одсечно
му одговорив: „Зависи...„, а тој незапирливо продолжи: „ Неможеш да
збориш... добро, ти се јавувам за вечер да се видиме! Се слушнав со Младен
и се договоривме за у девет! Се гледаме у „Медиум„, а сега продолжи таму
кај што застана!„ и почна да се церека. Ау, колку ме извади од кожа, не
поради смеењето, него за прекинот на многу добар... се чувствував како
88-та кога снема вода у Дојранско езеро. Да ми беше у близина ќе го убиев.
Го спуштив телефонот на масичката и кога се свртев со намера да продолжам
таму каде што застанав... ми падна мрак на очи, креветот беше празен. Ми
се сруши цел филм, останав со подзината уста, а околу со неколку капки
останати од нејзината моминска роса. Ко увенато лале се свитка гордоста
моја, бидејќи не ја прими дозата на вода која непресушно и беше потребна.
Чурев од нервоза. „Мамето ти го ебам!„ ми поминуваше низ главата, е
стварно мрзам некој кога ќе ме прекине во нешто, а особено во вака....
Влегов во купатило да си ја оладам главата, во тој момент само тоа ми беше
потребно. Додека се туширав ми доаѓаа мал милион идеи... но, ми помина
една која ме држеше до вечерта. Ќе му го ебам мамето за ова што ми го
направи, ааааааа!.Излегов освежен, но не и смирен. Таа седеше и задоволно
ме буцкаше: „ Која глава ја ладеше...„ и стана. Застана до мене и страшно
го стисна. Толку добро работеше што мислев дека ќе побудалам. Рефлексно
реагирав и и ја тргнав раката. Се насмевна, ме бакна и потскокнувајќи,
онака како што само таа умее излезе од станот. Тресна вратата, а јас
заборавив да и кажам за договорената средба. Се фрлив на креветот кој
сеуште мирисаше на неа. Заспав.
* *
*
„Медиум“. Гужва. Имаше свирка. Ние собрани на една маса. Беа Кирил, оној
кој ми го уништи денот, Младен, Илија и јас, со нашите, секако, поубави
половини. Иако имаше убава атмосфера јас бев надркан до даска, но не го
покажував тоа. Пиевме неизмерно многу, тоа беше една од оние вечери кога
му се препушташ на неговото величество алкохолот. Небевме пијани, таман за
да ти биде О.К. Муабети за се и сешто. Можеби на моменти ќе затупевме, но
повторно се враќавме на правиот колосек. Ме примети дека не сум баш во
форма, иако се зезав со другите. Ми се доближи до увото, а јас можев да и
ги почувствувам усните како ми ја допираат ушната школка. Само тивко ми
шепна: „ Се е О.К.?„. Ја погледнав и се насмевнав. Знаеше дека нешто не ми
е по ќеф. Се поднамести и почна полека да ме фаќа по ногата. Ја погледнав,
но ништо не прокоментирав. Ме погледа со оние нејзини прекрасни црни
очи... „леле мори мајко, ја обожавам„ си кажав колку само јас да си се
слушнам. Кирил забележа дека нешто се случува, и онака како што знае само
тој прокоментира: „ Како помина денес?„ и се јави оној осмех, ѓаволест
само тој што го има кога сака да те испровоцира. Го погледнав со поглед
кој кажуваше дека треба да престане, доволно беше она што денес ми го
приреди. Ау, неможам да поминам преку тоа, ми иде да станам и да го
лупнам, а очињата у пепељара да му излетаат и така светкави да кажат:
„Извини...!„. Само почувствував како ме повлече за ракавот, и го свртев
муабетот на друга тема за која воопшто не бев заинтересиран да
полемизирам. Се свртев кон неа и почнав незапирливо и несмасно да ја
љубам. Не ми беше гајле за луѓето што беа со нас и за нашата некултура, но
навистина сакав тука да направам нешто со што ќе ја исфрлам оваа негативна
енергија која ме лупа страшно у глава. Незнам колку време помина, кога се
одлепивме еден од друг, само знам дека сите гледаа во нас. Се насмеавме и
само кратко искоментирав: „ До кај стигнавме...„. Ме погледнаа и знаев што
сакаа да ми кажат: „ Кој ти е курац, будало!„. И повторно ми избега
мислата некаде далеку. Незнам зошто ми пролета ликот и делото на еден
колега, кој во една прилика ме замоли да видам зашто му кочи компјутерот
кога сака да отвори документ од мрежа. Почнав да дрндам по компјутерот, но
немав некој голем успех во неговата поправка. Појма немам што ѓавол ме
буцна да му влезам у history и „сто му громова„: „ Свингерица, вампиров! „
ми проструи, и продолжив да отворам други такви страни и повторно „тако ми
Винетуа“ оставил податоци у „Свингер Македонија„, јеботе, не ми се верује.
На брзина затворив и му реков да не отвора страни со како што он вика
„дупење„, на облешевски акцент, да не закачи некој ларингитис. Излегов од
кај него и на таа ситуација не се сетив се до таа вечер. Одеднаш само ги
почувствував нејзините раце како под масата шетаат сега по моето
меѓуножје. Неможев веќе да издржам и предложив да тргнеме по дома.
Останавме уште некое време и чопоративно излеговме. Депре ме удри у глава
што неможам да го завршам денот онака како што ми почна. Еден по еден
луѓево ги остававме по дома. Кога ја испраќав ја пољубив и силно ја
прегрнав: „ Ти си сав мој бол„, ми проструи низ мисливе. Влегов у колата
на Кирил кој како да чекаше да пуца пенал: „Дупеше денес, а? Малку бе усул
да имаше, кур те боли што има други на маса со тебе!„. Ќутеф и не
искоментирав ништо. Продолжи уште нешто да збори, но го слушав само
заразниот осмех на Младен. Така завален на задње седиште го прашав Кирил
к‘о из топа дали би сакал да свингаме. Во тој момент зачуте и неколку
секунди ништо не збореше. Младен се насмеа и кратко рече дека нема ништо
против. Кирил викна: „ Ти не си нормален... неможе... со тебе да биде не
ја давам... со било кој само со тебе не!„. Младен се прсна од смеење, а
јас му реков дека не е проблем да се смениме..., а тој продолжи: „ А, бе,
тебе не ти ја давам ти реков, ако ти со неа бидеш ја ќе ја оставам!
Повторно се јавив од позади: „ Еве, нема да бидам само ја... ако дозволиш
со Младен ќе изведеме дабл пенетрејшн. А овој задоволно потврдува. Кирил
сега веќе нервозно: „Двајцата на лечење...не сте нормални!„. Знаев дека
веќе е излезен од кожа и на крајот пред да излезам му дофрлив: „Нема да те
остави... али размисли за ова, сигурен сум дека ќе сака, дај не биди
конзерва...! и излегов од колата пред да експлодира и да почне да ме крши
со нешто...
* *
*
Седев завален во фотељата. Задремав. Незнам колку време сум спиел бидејќи
кога се рабудив бев цел укочен. На телевизорот одеше кајрон од одјавната
шпица на некој од оние вообичаено исти порничи. Станав и се обидов да го
размрдам вкочанетиот врат. Даљинскиот ми беше при рака и го исклучив
телевизорот. Го погледнав мачорот кој длабоко спиеше и баш го болеше за
моите будалести соништа. Легнав и неколку минути буљев во уличната
светилка. Се свртев на страна и продолжив да спијам надевајќи се на добар
влажен сон од кој задоволен ќе се разбудам.