т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


q
:queen adreena




 

с:страв

Се плашам. Незнам од што точно, знам дека не е од глобалното затоплување. Знам дека не е од сенките кои вибрираат низ собата кога спијам. Не ми е гајле, ако утре дознаеме дека ќе умреме задутре, од некоја огромна диско топка што ќе падне на земјата и ќе ги убие сите. Можда ќе се распадне на милион мали огледала, и сите на светот ќе добијат по едно, на некои ќе им заврши во врат и ќе искрварат среќно до крајот на животот, а некои ќе се погледнат и ќе се разочараат од својата Космичка Грдост, па ќе умрат малку потажно. Зошто диско топката знае се'. Ја чува светлината на билион ѕвезди. И доаѓа да се распадне на својата хоум планет.

Ама неможам да дозволам тоа утре да се случи. Уште не сум го направила меракот, да дојдам дома кај тебе, да те консумирам на кровот, на тревата, на секој можен ѕид од собите, на бирото, на подот пред телевизорот додека гледаме фудбал, на секоја површина која крцка, на кујнската маса, а потоа да те однесам кај мене во школо, и да бидам твојата Мала Ученичка. Гушни ме. Штипни ме малку, за да знам дека не сонувам и дека утре ќе искрвариме до смрт. Кажи ми го најглупавиот виц на светот.

Се плашам. Ако ти не бидеш таму. Се плашам. Ако сум сама. Со моите ноти и моите букви и моите бои. Се плашам. Од себеси. Од своите страшни соништа. Од својата недоискажаност. Од својата грозна несигурност и немање муда. Знам дека сум женско, ама не е фер. Ќе си трансплантирам муда, ако тоа помага.

Трипувам.

Клупите на станицата каде што чекам ми се омиленото место кога сум надрогирана. Можеби некој ме силувал вечер, можеби јас некој сум силувала, којзнае, ама тоа не е воопшто битно. Не се гледа небото, немам поима дали е 5 саат сабајле или 5 саат попладне, не се слушаат колите и автобусите, го нема градскиот дим. Не се нервирам зошто црешовите цветчиња на булеварот очајно пробуваат да се пробијат низ маглата, ни зошто луѓето кенкаат и стенкаат, и плачат и корнат, и не менуваат ништо. Мојата омилена положба, нозете опуштени и испружени напред, рацете омлитавени, главата благо накривена, усните подотворени а сеуште залепени и суви, и погледот сив - тап - глупав - мртов. Наркоманиште одвратно, а? Не ми е страв од себеси. Страв ми е од она во кое се претварам.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























 

  д:дома