т:темплум  


2007:мај/јуни
жанровски конкурс


п:петар пан


petar_pan@mail.net.mk




 

м:македонец во земјата на Далеронец (прв дел)

Тој ден не ми се случи ништо необично. Вечерав добро, и по вечерата си ги чепкав забите, си потпивнував вино, а потоа, откако така куражно и совесно ги употребив своите грѓански права, легнав в постела и ја зедов книгата за да задрема побргу. Наскоро книгата ми падна од раката, откако се разбира ја исполни мојата желба, и јас заспав како јагне, со мирна совест, бидејќи наполно ги извршив сите свои должности. Посебно ја бев извршил својата должност спрема Далерон, мојот нов вонземски пријател. Должноста се состоеше во пиење пиво и муабетење со Далерон за времет, просторот и животот.
Со Далерон бевме раздвоени само неколку чекори. За него животот на земјата беше вистинска бљувотина. Тој и неговите другари беа многу возбудени кога атерираа на една од скопските улици. Имаа среќа таа улица беше нова и дупките беа зaкрпени. Штом слетаа се дигна вистинска узбуна и кај полицијата и кај армијата. Се собраа еден куп униформирани луѓе и три четири борбени коли, но од вселенскиот брод на македонски јазик со струмички дијалект им прочитаа известување дека имаат задача сиротите земјани да ги подучат во моралните вредности, психологијата и социјологијата за да нивната земја еднаш засекогаш почне да се развива во вистински правец. На тоа војската и полицијата реагираа со повлекување, а политичарите решија да им укажат посебно гостопримство на своите нови гости. Далерон и неговите другари вонземјани инаку не го правеа тоа затоа што се премногу добри и морални, туку затоа што нивната планета во тој период беше претседавач со космичкиот совет за неразвиени галактички подрачја. На крајот на краиштата некаде требаше да се потроши нивниот буџет, а планетата Земја беше совршено место за тоа. Македонија според управниот одбор на космичкиот центар на моќ и космичкиот пакт, беше идеално место за делување во тој правец.
Македонските политичари беа воодушевени затоа што претставници од космичкиот центар на моќ дошле во посета токму на нивната земја, а не на некоја од околните. Тоа беше уште еден доказ во низата дека Македонија и македонците се древна земја, и народ, и дека што и да се случува едноставно се незаменливи.
Македонците наизглед беа многу љубезни и гостопримливи со своите нови гости, но вонземјаните многу брзо ја прочитаа насобрана љубомора, суетност, фрустрација и омраза. Гледаат дека луѓето тука живеат бедно и сиромашно а мрзат се што е живо и што мрда. Се на се, тоа за мојот Далерон беше ужас но тој се присети како пред повеќе од пет илјади години ја спржи цела Атлантида поради Атлантиндците за кои се сметаше дека се непоправливо лоши, мрзливи, инертни и малициозни. Но тие во однос на Македонците беа вистинско цвеќе за мирисање.
Далерон кој имаше нешто понизок чин, рамен на нашиот заставнички, доби стан во мојата зграда, во мојот влез и на мојот спрат. Неколку дена не сакаше да излегува од собата затоа што беше претерано носталгичен и осеќаше одбојност спрема одвратните земски суштества кој ни после повеќе од пет илјади години откако ја спржи Атлантида не еволуирале многу. За него ние земјаните олицетворени преку Македонците бевме простаци, кои гледаат само како некого да излажат и да му заријат нож во грб и кои сами за себе викаат дека чекаат козата на комшијата да му цркне. За само три месеци научи македонски, за три недили го усоврши со пцовки и сите гадости за да уште со три дена плус ги владееше сите македонски гранични и задгранични дијалекти.
Првите неколку дена на врата му доаѓаа најразлични фанатици интересирајќи се за одговори на многу прашања, но Далерон беше само заставник и не беше овластен да одговара на прашањата за времето просторот, и материјата.
Но како што македонскиот народ е народ кој се карактеризира со кратко памтење, многу брзо заборави на вонземјаните и на Далерон и се врати на своите секојдневни прљави активности и ситни пакости пропратени со разно разни гадости.
Јас како атипичен Македонец не заборавив ниту на вонземјаните ниту на Далерон. А како ќе заборавев кога ми беше комшија. Седевме со денови и ноќи кај него дома и локавме само пиво. Чудно Далерон никојпат не беше пијан, никојпат не ждригаше и не одеше да моча додека пие пиво. Јас откако ќе отрчав дома во веце или не се враќав повеќе кај него, или ако не можев да влезам дома затоа што женами ми ме заклучила надвор, повраќав во влезот од зградата.
Еднаш така додека седевме кај Далерон дома и локавме пиво, решив да си дозволам да го прашам нешто.
 





 

м:македонец во земјата на Далеронец (втор дел)

“Далерон, ти и твоите тврдите дека се знаете, дека знаете се како настанало, како постои, на каде оди и така натаму.”
“Да, па што”, ме засече Далерон по кратка постапка.
“Па..., ме интересира дали има живот после смртта и ако има каков е?”, бев упорен во својата намера.
“Што лупаш,будала ни заеден.”
“Не бе Далерон..., стварно баш ме интересира! Кажи ми морам да знам.”
“Смешки..., сешто..., каков бе живот после смртта. Тоа се глупости. Немој сега да ме тераш да ти го докажувам постоењето на космосот, живиот свет и сличните глупости. Се е тоа чиста физика и хемија, ама вие македонците сте премногу глупави за да го сватите тоа, а Ве интересираат само општествени науки, за природните науки не пројавувате никакво интересирање.
“Па во што е тогаш суштината?”
“Каква суштина?”
“Во животот, суштината на животот, зарем никојпат не те интересирало зошто си роден, која е твојата животна мисија.”
“Слушај дебил ни заеден, затоа сме и дојдени тука, да ве научиме на тоа. Имате во потполност погрешен пристап. За да дознаеш, морам да те пратам на нашата планета, да видиш со свои очи да почувствуваш на сопствен грб што е животот во вистинска смисла на зборот.”
“Да ме испратиш на твојата планета..., па којзнае колку е тоа далеку ..., како?”
“Ти не се грижи..., само кажи ми дали си спремен.”
“Спремен..., од дете сакам да видам дали има живот таму надвор...”
Само што го кажав тоа и веќе се најдов себеси како пешачам во некакво за мене непознато место. Пешачев, одев така едно чудо години, далеку од своето родно место во некој непознат крај во некоја чудна земја за која сигурно никој жив не знае и што може само на сон да се сони. Талкајќи по таа земја, пристигнав во некој голем град. На пространото пазариште од тој град се беше насобрал голем народ и се дигнала страшна врева, ушите да ти заглушат. Се сместувам јас во една гостилница токму спроти пазариштето и го прашувам гостилничарот зошто се насобрал толку свет? Тој ми одговори дека тој и другите се мирни и добри луѓе кои му се верни и послушни на својот кмет. Нагласи дека кај нив управува кметот со своите далеронски пајташи. Имало нижи и виши далеронски пајташи . Они биле мирни и добри луѓе а тоа другите биле далеронски пајташи. Од денеска по наредба на кметот овдешните граѓани морале да одат пред општинскиот суд каде на секого од нив ќе му било удрено жиг на челото. Таа одлука била донесена затоа што они биле добри и мирни, но од околината доаѓале разно разни авантуристи кои ги расипувале и нив и ги учеле на секакви зла. Требаше и ние да тргнеме. Јас и гостилничарот. Уште не бевме тргнати кога надвор пред портата гледам еден човек со шарена шапка и шарени алишта јава еден друг човек со многу богати алишта од обичен граѓански крој. Се запре пред меаната та овој другиот се симна. Гостилничарот ја виде мојата збунетост и веднаш ми објасни дека тој јавачот што влезе во гостилницата е некој виш далеронски пајташ, а оној другиот јаваниот што остана надвор да седи е еден од највлијателните граѓани, далеронец, голем патриот и родољуб. Од мене се откина, “па што дозволува да го јава”, на што гостилничарот ми мавна со раката и ми рече дека тоа кај нив се смета за чест, каква што не му се прави на секого и дека тоа е услуга на татковината што не може и не умее секој народ да ја цени. Само што го кажа тоа, наеднаш вревата стивна. Далеронците се поиставија и направија пат по кој почна да се движи еден млад човек на околу 30 години. Штом дојде тој сите глави се поклонија. “Кој е овој”. Му шепнав на гостилничарот. “Тој е првенец во граѓанството. Млад човек но многу ветува. Во своите млади години дочека и самиот кмет да го јава и тоа веќе три пати.”
Се вратив назад во гостилницата. Тој ден мојот гостилничар и јас си легнавме порано да спиеме за да стигнеме другиот ден што побргу на определеното место за ставање жигови. Таму ноќите кратко траат. Само што затворив очи, кога ете ме утредента пред судницата каде се насобрало и мало и големо и машко и женско. Имаше туркање, карање, што по малку личеше и на нас македонците, па ми беше мило. Сите се грабаа кој побргу да стигне до вратата за да биде жигосан. Жиговите ги удираше специјален службеник во бела облека кој благо не прекоруваше, “полека луѓе ќе дојде секој на ред, не сте добиток за да се туркате така!” Почна удирањето на жигови. Некој офкаше, некој само стенкаше и иако никој не издржа да биде жигосан без да испушти болен крик, сите се грабаа кој попрво да биде жигосан на челото. Тогаш и во мене се разбуди јуначката крв македонска . И моите претци, и тие умирале на колци за слобода, и ние имаме јуначко минатао и ние го имаме Александар Македонски. Целиот ме опфати народна гордост и суетата да го осветлам образот на својот род и јас се втурнував пред судницата и извикував. “Удирајте десет жигови..., не само еден..., еве ме..., удирајте!” Службеникот во белата облека го принесе кон моето чело жигот и јас се тргнав... Се разбудив од сонот.
Си го позатрив челотот од страв и се прекрстив три пати, чудејќи се за тоа какви не работи ќе му дојдат на човека во сонот. Се свртив задоволно на другата страна, а ми беше по малку криво што не се заврши целиот сон за мојот пријател Далерон.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






































































































































 

  д:дома