2007:мај/јуни
жанровски
конкурс
n:n.e.m.o.
г:години:23
anahirep@freemail.com.mk
к:кодош Адепт
(прв дел)
Михаил работеше во
фабрика за куки. Ги одржуваше
- Ајде, де? А бе ти ме зезаш?
- Глупак, сакаш пак да се срамам, или да излезам патетична?
- Тогаш докажи ми...
- Како?
- Недостаток од инспирација, секогаш проблем...Што знам, ајде, ајде дојди
со мене на гробишта?
- На полноќ?
- Да, баш фино, има и месечина.
- И што ќе докажам со тоа?
- Дека ме сакаш нели...
- Ауу, не, мавни таа работа...
Ја гледам....
- Зошто?
Таа пак без да се замисли ни миг почнува да квичи....
- Не, не, нема шанси...
- ОК, тогаш, ајде докажи.
- Е како. Дај кажи ти...
- Еве ти реков, ајде на гробишта.
- Не бе, тоа не...
- Брееее, кукавицо. Ајде....чекај, еве вака....
Земам чашата и ја ударам од ѕид (таа се изненадува, но со кратка насмевка
продолжува како и пред тоа да внимава на разговорот, трудејќи се да остави
впечаток дека не е пијана, жими газов, а и кој го интересира тоа, битно е
да биде овде кога веќе се осмелила, уствари, и мене ми е пријатно кога ми
обраќаат внимание, демек ме сака веќе година ама не се осмелила да каже,
си реков бејби-ти да не пишуваш и поезија случајно, демек ќе и покажам
каде отидоа моите најголеми поеми, хе, хе), значи чашата таа со разреден и
помалку наточен џин (кој требаше да биде како мартини-ама се кладам дека
бармено ниту гледал Џејм Бонд, а со гнасната кошула и смрдливиот џеб
напикан ијладарки нема за сигурно ниту да го погледне), чашата (пак ли да
напишам-ја опнувам дискретно од ѕидот на улазот на тоа биртијата), никој
не слуша од гласна Цеца-жива била у вакви моменти, ама сепак се обзарувам
и внимавам да не ме забележат пијандурите, кој ќе прави пак тепачки,
гледам да избегнам било какво внимание кон мене. Биднува и срчите паѓаат
по зелениот тепих, јас клекнувам како ништо да не било, земам едно срчуле
и пак голка од тоа посраното пиејне (таа чаша е новонарачана-недопиена,
таа доби пиво, не сакала скапи пиења...) . Срчулето у џеб. Таа не го
видела тоа, гледам се бакнува со некоја другарка, како било на
роденден...и слични срања. Како и да е, земам кожуфот, неа дискретно за
половина, ама оставам слобода на прстите...не сум пробал волку начукан да
му седнам на клавирот, ама тоа шо тие чувствуваат топло месенце, и малку
набрчкано од сончање слабинче, погоре некоја евтина пачавричка под блузата
на пап-како брусхалтер.... хм, алкохол-анестетик, не ми се верува....
Ја теглам настрана, гледам едно ќоше, јеах, рајт чојс!
Издишувам, се потпирам на ѕидот и ја гледам у фаца. Симпатично, бе, матер
да си ебе. Едни очиња блес, блес, ама не се важи, од пиењето е...Ама
шишка, хммм, коса...Јас ли да не пробам, се наведнувам и помирисувам, таа
мисли сум и кренал на лапање, ама кога осетив дека се кроти за така,
крц... намерно, бавно се враќам назад, ја гледам у очи (ако може во тоа
стање да се прави нешто такво секоја чест, пред глава ми идат виуги, и од
очите само фигуративно, онака поетски и со помош на интелект се потсетувам
дека тој дел од лицето така треба да се вика..... всушност, не.... знам
дека ме гледа, осеќам некако дека-веќе реков, таа мисли дека ќе ја бацам,
таа прати се што правам, а како и да прати-попијана е од мене. Тогаш некое
метафизичко медитационо флешче.
- Серко, на’ после лапање!... не оти не смееш или се срамиш да и ја збрцаш
брадосаната фаца на оваа полирана скулптуричка...А бе, дис вос да момент,
ај да ти ебам главата и ваквите муабети со Тоби од Америка...параноја,
шок, збунување, дежа ву фил, и ајд полека надвор од сета таа ментална
збрка....
Палам цигара, заборавив на неа....
- Палмоливе, а?....уф добро е, назад на пругата.
- Не, ваш’ен го...
Да се правдам за моето непознавање шампони и мириси, или да пишувам колку
сум добар во тоа?
Има поважни работи од сето ова.
- Еј, ајде со мене.
И јас ајде. Ветер, негде околу еден е и ладничко е.
- Ладно ти е?
И ја ставам раката таму кај шо преѓеска ми се виде некако интересно....
- Не, навикната сум, не сум зимурлива.
Немам поим каде ќе одиме, не ја прашав ниту дека и е ладно за да се правам
каваљер да и го дадам палтото ми...а не би го дал никому никогаш-едно
смрди, друго-смрди, трето-мој имиџ не стои на трењерка, четврто:смрди,
пето-у него ми се парите.... Парите каде се? Бркам по џебови прво, ама со
десна рака, левата ми е зафатена. Десен џеб, на гз, нема, десен џеб
фермерка, гуми за џвакање, а, една е, можда е од перење, леле... ќе ја
вадев да ја понудам...Е сега лева страна. Не чекај, палтото... Десен џеб,
празен, од него брцкам да видам унутрашен.... Е сега лева страна, како се
закашлувам, тргам раката од под мајцата на грбот и, раката затнува...таа
се тргна сега. Мрмла нешто како....
Се ослободувам, значи, кашлам, плукам назад еден шлајм шо ретко кога се
исплукува (знак дека треба да ја соџвакам мастиката, лутела се таа или не,
и без обзир дали е перена или два пати на хемиско носена.Вртам кругче
околу неа, одам на нејзина лева страна, лева рака слободна, десна на смена
на лева.
Лев џеб, на гз-куртонче, ама се испогужвало сирото, мож да притреба, а мож
и не...лев џеб напред, покрај Џони никој друг, ај чекај, некоја метална
паричка, дводенарка! Интуиција!
Палто:еве ги, купче, а од 4 ијлади не се прават баш вакви купови-како
овој, ерго сум плеснал минимум две, се е у реду.Дур ги направив сиве овие
претресувања за десната рака со најголема одговорност и оправдување тврдам
дека си даде за слобода да си игра отвори затвори со копчалото на
халтерот.
к:кодош Адепт
(втор дел)
Е сега шо се
изнервирав...Таа не реагира. Уствари сум се нервирал и кога
реагирале...златна средина? јеби га, не е убаво да се пие...Алкохолот е и
психотроп.
Таа реагираше кога плукнав, како некаков фемини чин на одвратност, а сега
кроти. Е не ги разбирам жените, се колнам во мајка ми.
- А кај одиме, уствари?
- Си одам дома.
- Молим? Уште два чекори напред и ја фаќам онака љубовџиски за рака, вртам
на десно, таа се тегне...Ако, продолживме, а не прашува каде.
Се мислам-дома. Какво дома бе у еден саат...Провоцира, а? Ајде де дома.
Минува околу една-две минути така тивка и гукна:
- Каде, бе, треба да си одам...
Ја гледам и молчам, ама не застанувам, онака полека си терам.
- Еј, каде одиме?
- Одиме?
- Дај не се зезај...треба да си одам дома.
Е сега ми се пука филм...Какво дома бе после патетично квичулење, пијана
си? Пијана...што дека-имаш 18, ти се спие, колку испи, три четири пивца од
мене, и некое од друг честење, твоите пари си ги чуваш за Мирц, не? Ајде,
де, ме нервира....Паѓа у вода цела вечер...Застанувам.
- Доаѓаш или не?
- Каде?
- На гробишта.
Таа се штрекнува, како да ја потеглува раката, јас не пуштам. Таа ме
гледа. Мир. И ја пуштам раката. Продолжувам. Таа стои во место. Пет
чекори, десет, дваесет, почнувам да станувам нестрплив и нешто ме тера да
се свртам како пичка и да ја испратам до дома. 23 чекори.
- Чекај!
Нема бог. Сега уште повеќе се сомневам. Што е работата...Сугестибилен сум,
а секако сакав да дојде со мене, но не на овој начин. Машко его на врв на
експлицитност...не. Не знам, сега уште повеќе се изнервирав. Мислам дека
сум развил колеричен карактер. Леле Пинки, аутдер ин д колд...
Не ја бидува вака, гробишта беше за ако пали на прва...не пали, сега е
демоде. Ја чекам дури да дојде. Ја фаќам пак за рака, ама цврсто. Не и се
допаѓа. Не гледа дека згрешила, не сака да се оправда, не мисли дека јас
сум згрешил... едноставно ги наоѓа работите за нејзиниот идолизиран ловер
бој година дена изсилувани од еден алкохоличар и патетичен патрон за
револуции. Таа не ме мрази мене. Таа го мрази идолот. Таа сака да си ги
пресече вените од глупоста. Таа сака да се казни за нејзиното просечно
женско ак’лче кое ја залажало дека постои розева пролет и убав принц и бел
коњ. Таа не сфаќа дека случајноста, невиноста, незнаењето и среќата се
оние еликсири кои го изградиле Лапис Философикумот. Таа уште помалку знае
дека Каменот на мудроста најчесто е делотворен од прва, ако не од прва,
секако само еднаш.... Таа ја прочитала Исусовата парабола за водата од
која не се ожеднува, ама таа не сфаќа (или е доволно глупа да смета) дека
Исус постои. Се друго е вода која води до водите кои водат во морето...
Сакав се ова да и го изнакажам, ама таа ме погледна пак онака со оние
очињата...И пак се наведнав да помирисам од ваш’ен гото. Таа ме залапа.
Јазик.
......
- Треба да не пушиш толку многу!
Да ти ебам мастиката, да ти ебам и пасусот од Дневник уживатела дроге
Мајстор Териона, него го соџвакав побргу од резилов.
- Нема да си одиш дома?
- Хммммм....треба да си одам.... ама....
Си допуштам да сум патетичени тивко прашувам Зашто?
Таа ме гледа. Молчи.
- Ајде.
Станувам да ја испратам.
- Не си одам дома. Одиме на гробишта.
- Еј мавни тие работи.
- Не, сериозна сум, ајде, кукавицо....се насмевнува, Докажи!
Леле што начекав, вампир. Ми отпи и храброст, а најкриво ми е што
потенцијата ми отиде негде до оние 2 динари. 3 саат е, се трезнам полека.
- Чекај велам...и пак седнуваме на клупата.
Немам повеќе што да зборувам. Зарѓани флертови, глупа филозофија живота...
Не можам барем на инстиктивното да се концентрирам, се знае, бам бам,
чао....
Нешто ме пецнува во градите. На грлото ми се фаќа една болка скокотлива,
на носот влага и горко како сниф. Ми се плаче како на индиски филм. Знам
јас зошто но таа знае ли. Не сум плачел веќе 3 години, нема ни сега.
Спастри се, вика Тоби, спастри се! Станувај и глуми го принцот на бел
коњ...ме слушаш ли бре сељо, кревај се кога ти велам. Должен си ми.
Момето има црн долен веш. Момето гаи љубов за мене. Момето е напарфемисано
и наѓиздено. Момето мож и да ме натера да се занесам по него. Момето гуфка
во моите пазуви. Момето се трепери во рацете ми и осеќам како цела снага и
се олабавува, ми издишува право во нос, сладок мирис, топол, познат, ама
од дамнина. Јас почнувам да се сеќавам.... Да ти ебам јас сексот со
огледалото, не се сетив на мирисот, топла беше само во моите раце. Си ја
натргна трењерката и мајцата, и мајцата и тренерката пак станаа одвратни,
свилени, студени и далечни. И кожата на слабината што и беше испечена од
сонцето стана груба, грапава, сува.... Го дигнаф дуќанот, си ги изброив
парите уште еднаш и си фатив такси.
Таа е неадекватна за адептството.Си го читам дневникот... Пишувам, а
богами и се однесувам како адолесцентен манијак. Од утре нит пијам, нит
жени бркам.