т:темплум  


2007:мај/јуни
општ  конкурс


h:hula.hopa


hula.hopa@yahoo.com




 

п:прекрасна

Бараше придружба и ја најде. Курле. Нејзините играа на картата на домашно месено, со туфници и по некое сусамче, стаклесто камбанарче опкружено со игранката на финокултурни пледоејанки, бел вистo, монтенаполеонки ципелара, кур до кур близу азија, и струните на силенцио тишината на првопојавноста. Беше, а не беше тука. Се опитуваше да ја вдлабочи идеата што ја развиваа нејзините. Дипломатско конзуларни седенки, читанките на америчката интелектуална елита, длабоките баритони на Белведере терасите со краби и муабет шо те топи. Елитизам. И, карамелата на фината реченичност.
Уште еден начин да се отворат портите на малите сцени. Фината реченичност. Од учење никад доста коа имаш жив гение на зборот. Стела. Ако и се обратеа со Прекрасна, просто се ваљаше у личнотијата и, размавајки се со благи смевки и изгубен поглед на заводливост. Влегуе или се појавуе билокаде и се дешава штама со исплазени јазици и по некоја лигаица у форма на Ј. Упулсируе со деколтирачко вдишиздишуење и зборење во милозвучна радиофонија на тлеење, на искричност и на пред експлозивност. Стела праеше ритам. Од муабетот, смеата, понекоја несвесна сексуална реплика, и со подголтка на белината на сексуалното и грло у кое се топеле илјадници милиони тони челик.

Првпут коа и го чув Прекрасното и гласуле ми ги броеше книгиците шо ги ждерела и тоа по азбучен ред на Француски. После почна да именува сцени и реплики од калт филмачина, за да ме погледне со муабетот, онака полека, у издишителен такт на мила дувка:
-Jас не знам што значи зборот курле, дали ќе бидеш волшебен да пролееш малку топлина во мене.

Сакаше салеп. После ме уфилма со прав од кокос Б 52че нешо манго и лед, и капки Бредлис. Јадеше салати со лук магданос и се шо е зеленчучесто. Лигњи и школки. Берела цвеќе секој вторник после првиот ден на пролетта доека не оберела седумсто две. Е, тука, ја углеав ачик, не знаејки дали ме пука или ...

Ја сварив идеата оти, до сегде се доаѓа со искрена и невина будалаштина, а у мене и Стела, ја имаше, онака, балк.
Оги Синко се стаи спотер коа ја виде овојпут.

Стела се појавуeше u еднакви парчиња време обложени со по шес годишни времиња. Зимата коа беше у близина не ја виовме, пошо нејзините ја криеа у Соње, а лете цветулесто распеана ја покажуеше својата sвездена светлина. Последен пат ја виов береше врти попиња облиена у некоја магнетска енергија на убавина. Стела. Порасна во мечта на убавиот збор и финобликуваноста, во парачките погледи на врсниците и лејната бронзено увиткана косица што го милуeше етерот. 200 месеци полнеше дента коа се појави на полираниот плочник на сеирот. Немаше дете што не умре три пута у секунда коа се појави и не им ја погази надежта со фино штикластичната проодност, погледната во мистеријата на длабочиноочите шо и се растекуеа. Стегнато у проsирен кадиф, едноделно, конче каишче, излиена у калап на двеиљади фаренхајти, се растекуеше ко вриен шеќер. Секој ја сеќаше енергијата на недопирливост шо ја овладеа. Тибам Прекрасната тибам.

Секој сакаше прв да ја види коа се враќаше. Не знаевме за овојпут. Ми се шепна, курле!, ќе се видиме, остаи една зима нека иде, и ти си будалче ко менe, ме имаш и за дружба и за придружба, памти ми ги усните на овој изговор. Замина у Јабуката, у Сохо. Имале двеста пеес квадратна гајба. Ха, у Сохо. Татко и мустаклијата, пораснат по Конзулати и живеен у Шведска бар десет години, збореше еден куп јазици. Викаа едно осум знаел. Тибам! Мајчето, посебна сторија. Кралски двор. Се сеќаам на муабетите за завесите шо ги имале тука, метар квадратен ги нарачуела по иљадарче од солените прекуморски. На никој жив не му се веруеш , доека Биберот не стапна у нив дома, после шо, ииии, се разбра оти уствари тоа било прилично ефтино.

Него Синето се стааше у филм Моеше да ја има, никад, а пошо сврте на комова и муабетите му збздеа.
- Одсекад сум сакал цициња у развој, али ова, брале. Еееејј брат шо се дешааа , прати ја појававааа ееејјјјј. Чоече знаеш ли кое е пилендурестово. Шо збориш еј, Стела чоече, цвето берачката, уау, не ми се веруе. Прати појава, брале.
Тоа шо се деси беше филмастично невидливо вртење, стопен бакнеж у едно цмок, и намигче на невино повикуење. Ме заљуби и ме збуни. Ми се обрати у невидлив вортекс од емотивен занес.
-Шо ќе глеам братче, опраив муабет.
-Курле!? Иииии?! Почна да се тресеш у ладна вода, а?
-Сине олади браче, Стела е лелеав уникат еднорог.
- Аиии, од каде муабетов. Да не си отварал иљада не знам, па сеа иљада знам. Се укези.
-Сине, шо почна да мааш ракија, а? Арно ти беше, со Лејди си кулираш, па шибаш кај Вивид, па на Рики мајчицата, па се курчиш, као пишуеш, па нешо инсталации, дрмаш по град.
-Курле, ова месечарчево мора да се стаи у ритам, ај не јади телетина пошо ептен се приучи и треа малце поштовање да се спуштиш.
-За тоа ок, него оди со поштовање муабетот кај Стела.
-Хехеее, курле, у градов само една женка не можам да ја иам, а тоа е баба ти Трајанка.
Се скеза на рскаиците и протезата на бабка ми. Курантер.
-Хахаа, ај ок, не го мешај бабуљакот, знаеш какви крофни праи.
По две три тераси натака ги глеав уздишките на мачмињата и муабетот, пичку материн пичку, и јакото разлупавање по чело. Така и беше, Стела се симна, уштиклена, угривена у снопот златорог и блек линија со менѓушен радиус три и пол сантиметра и одмина спзгајки ни мило ветересто маање у глаа . Ја сетивме, у привид, Моргана на Фата комшиката. Бати морниците, бати појавата.

Па тука и се забораи муабетот за sвездоберачката пошо не свести штиклестото влагањето у безшумното спајдерче шо го возеше, па после отидовме на крофни у Тастара.

У старт ја сетив Прекрасна оти нема да падне на Оги . За другите шо си ги викавме пичкуретки и шо се мотаа по град беа и лесен и спор плен, али Прекрасново Sвездуле, е брат тука има запињање, од типот, да се знаат имињата на пролетните цветчиња, да се опраи муабетот за погледите на Џон Малкович и да се додефинираат длабочинските пориви на мислидеата. Тешка раота. Имаше и дефиниција на будалаштија као задња врата, за специјални будалетинки ко мене. Али Прекрасна ги праеше раотите, у филмот на некоја миризливост. Цветна изглеа. Тешка раота. Прекрасната.

 




 

п:поет

Не знам као се чувствуел. Беше многу дамна коа ми го праеше муабетот.
-Ги затварам очите и ми искачаат слики. Нема врска психа. Состојбата ја изобличуеа допирите со раце. Поминуем со прсти преку очи, али ми текнуеше да слушам камбани од сабајле од тамо далеку или да пуштам светло у сред ден. Се глеам у џам и си ја барам проекцијата шо ме тормози. Ги глеам, корнам, висам на влакната шо ми преостануеа на черепов, па се улетуем на спринт пред тераса и оп ... Стој. Читам некои мантри тамо, седење у состојба на мирна борба у себе, коа ми текна па, оти не е ни толку високо, шо има везе ако скакам. Хкмм ... Состојба на исполнуење и гркљан утопен у крв од драње. Коа ќе се лупнеш на земја. Зашо сакам магла? За да глеам бледи. Да се праам дел од бледотијата. Тоаш ми е фино. Дома сум. Каи да е.
После втори спрат го збореше народ. Славата ја рачунаше паразитски израз на исфрустрирани, али беше удрен у трепаици, па решил да експериментира со слупуење и у глаа. Беше полу висок, најмалце беше восок, па џвркнат, шо му иде швркнат али у форма на будалетинка без размишљање за успех и праење камен, може камен у жучка, али и окезен као за безвезе и заебанција, за народ да си маа со тее сеир коа те глеа шо праиш. Шес пара очи несониа, па преку дневните прескоци светлина мирис на цветоите по паркчињата по град. Али не беше баш така.
Талкање детео, го глеам седи на скали на коцка. Сеа последно.
-Братче!
Ми влезе со хммм у муабет и загледуење со бори од чело, вртење и тресење,
-Мислам на композициите зборовни групи и гласовите пеење. Барам нов израз. Иначе, ти.
-Абе шо се слуша по град, МОРЕ!
-По град. Хкм ... Градот на самракот и бледите погледи желни очи остварувања ... растечени
-Па викаат си рипал од втори спрат ...
-Хкмм .. Желбите за летање ме пратат во чекор од детските игри.
Па смируење ситуација неколку момента.
-Сакам летање ...
Па се стаи у филм на фазонот параглајдериште или падобранец без оние платната шо успораваат ваздух, па стана и ги разлета рацете. Демек му се лета, разбираш. Една од приказните шо излегоа одпосле втори беше ознаката на негоата лева рука. Фрактурирана. После јако го заглеав у изместенaта фаца од кај му висеа партали црвени згрутчуења. За на фацо-хирургија директ. А у глаата му се дешаваа раоти. Го глеам у очи, а тамо се прскаат деца со вода на брда зелени површини, и дрва јабуки. Играње трчање праење ХулаХоп. Го глеам па па го буцам,
-Алоооо, тука си, фиуу.
-Не знаеш кое чувство е,
Ме стресе со муабетот. Онака, мирен, сталожен, кујзнае шо му се дешаа у глаа.
-Па ај да идам да се фрлам, шо, му истресов неасалан муабет.
Веројатно мислеше дека ќе биде забораен, али јако се сјебал. Сеа доби медиум за делуење. Рипнал после муабетот дека мрднатите го движат светот. Поет на самотијата и дарк илузиите на реалноста. Пишуеше. Не дека не беше мрднат, али после скакањето од втори се проби да го читаат. Не се бореше да го препознаат, нит па да го знаат, само сакаше ново чувство.
Друг муабет од после први спрат доека леташе беше, дека се дешаало поетско читање кај него у соба со екипата откачени, па се договориле најемотивниот текст да биде награден со самофрлање. А може била и некоја форма на каписла или некои си кибрит. Али не разбрав кои се другите блесаи. Може се раздвижи муабетот за неговите внатрешни личности на спростивставуење. Посилно од него.
-Шо е едно фрлање, ако преживееш.
На трава го пречекале деца со фудбал у рука и се смееле со муабетот,
-Еј, се фрли. Ееј, шо убао.
-Еј шо убао, хехе, па го буцале по грб и го викале да игра со нив. Ако сакал да биде голаман. Да брани.
-Ќе играш со нас, ајде дои.
И ја се стаив да учитнам поезија, па протарашкав од листоите шо ми ги дае пред негоите меланхолични чекори по шо го виов се одалечи позади армониките блокови згради. Ме измести до гаќи муабетот. Се мудруеа црни ружи крстови и светлини на пропаѓање, бледи очи на никогаш спиење и истрели длабочини. Тешки зборои. Последно шо се дешааше по град беа седенките по клупи и читанките поезија. Негоата. Не сакаше да издаа книги, али веќе се создаде мит за летачот поет. Летачот имаше еден капут и еден шал. Црно бела варијанта. А измеѓу, поезијата измешани слики на страсти и тонење неповратни мистики и игра едноставности, и битка, за прочистуење на мозак.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања















































































































































































































 

  д:дома