2007:мај/јуни
жанровски
конкурс
г:гошевски душко
г:гратчето
Милтај
Силните ветрови со
многу прашина во нив, и киселоста во воздухот беа единствените случувања
во градчето Милтај, северно и јужно од останатиот свет. Грачичеше од три
страни со пустина и северно со голема нагорна шума со непроодливи
закржлавени растенија. Оддалечен колку од цивилизацијата толку и од
нециливизацијата, колку убав толку и грд сепак постоеше и ги извршуваше
своите дневни обврски. Им го загорчуваше животот на оние кои ја имаа таа
(не)среќа да излезат надвор од него, сега сите покојни , а беше рамнодушен
кон оние кои не ги беа виделе благодетите на белиот свет. Се однесуваше
како човек, беше лут па мил, беше добар па невозможен. Беше вистинска
слика на живеењето внатре во него.
Во тој град кој што колку и лош глас да го бие сепак еве ни дозволува да
погледнеме внатре во него, во тој истиот град живееја неколку стотици,
скоро илјада жители. Нема да зборуваме за културниот живот во него, не,
ниту за историските настани не дека нема за што да се пишува, напротив за
второто има и тоа доста но сигурен сум дека не би сакале да читате
монографија, не?
Еден сончев ден, еден од двеста деведесетте сончеви денови, попладнето се
случи еден несекојдневен настан. Еден од жителите на градчето средовечен
човек без фамилија беше пронајден мртов кај потокот што минуваше покрај
житните полиња.Тоа беше гранивата на нивниот град и на нивните имоти.
Немаше траги на каснување, ниту знаци на некоја ненадејна , уште помалку
долготрајна болест. Најневообичаено од се беше неговата насмевка на
лицето, широко озарена.Го пренесоа во градот, до лекарот кој го прегледа и
констатира прородна смрт не одговарајќи на многубројните прашања на
граѓаните. Вечерта имаше состанок меѓу влијателните луѓе во градот. Не се
снае за што точно зборуваа, ниту каква одлука донесоа. Немаше никаква
информација која секојпат излегување во јавноста без разлика колку и
тајновита да беше средбата. Чудното држење на неколкуте градски
татковци,нивната смуртеност и сериозност се задржа уште неколку дена и
потоа грижата полека се откина од нивните животи и се продолжи по
старо.Инаку случајот беше толку мистериозен и несекојдневен што дури и
најголемите фантазери и озборувачи не можеа да му смислат достојна
приказна која ќе го обиколкува Милтај.Приказна подруга од таа која се
насетуваше, која ги стегаше срцата на жителите. . Во кое и друго место да
се случеше ова ќе поминеше скоро вообичаено , можеби со констатација дека
човекот починал од возбуда, за време на секс, сега среќен и мртов.
Подоцна кога стравот од случувањето полека попушти почнаа да се осознаваат
неколку факти кои не можевме да ги видиме веднаш. Најтајновито беше држен
фактот дека на неговиот коњ беа натоварени две полни торби со алишта и
други потребни работи за патување.Сега почнаа да кружат неколку приказни ,
кои оддеа дотаму што тврдеа дека нивниот починат сограѓанин сакал да
избега од градот. Најгласен во тоа тврдење беше пијаниот потковувач Кири
кој цела вечер го пцуеше и проколнуваше градот, немоќно сопиран од
неговите сограѓани. Тие со страв со очите се обидуваа да го сопрат
нековото дрдорење. Со секој нов монолог изговорен од средината на крчмата
каде што беа собрани тој беше посилен и посилен. При крајот кога веќе
застана пред шанкот,едвај стоејќи со празно шише во раката и изјави дека
утре си оди, макар трипати загинал во обидот. Овие зборови како со нож го
пресекое џагорот во кафеаната. Кири многупати се беше опил, како и
многумина други но секојпат пазеше што зборува. Никојпат не го навредил
градот Милтај. Ова беше границата која ја помина и од која немаше враќање
назад. Окуражен од тишината и погледите на неговите сограѓани кои беа
полни со стравопочит но и неверување излезе низ двокрилната врата. Уште
неколку моменти тишината ја следеше атмосферата внатре, за подоцна полека
да почна да се враќа џагорот ни сега многу попритаен и претпазлив.На
секоај маса главна тема беше изјавата на Кири, лудоста на неговата мисла,
односно неговата капка.
Утредента гратчето Милтај осамна со една рушевина и многу насолзени очи.
Вечерта додека спиел на вториот спрат на неговата куќа гредите попуштиле и
се срушиле врз неговиот кревет, а една поостра го пресекла неговиот
врат.Додека го вадеа надвор гркланот му висеше без да жуборка крв која
течела целата вечер. Наредниот ден поворката се упати кон горниот дел од
градот, каде почиваа оние кои сакале да избегаат одовде и кои не смееа да
бидат закопувани на гробиштата кои се наоѓаа на спротивниот дел. Постарите
жители сезнајно ги повторуваа нивните предупредувачки пораки кои не биле
послушани, помладите со неверување гледаа во земјата, скршени и
пропаднати. Уште еднаш црнина го обви овој град.
Деновите минуваа, животот го попримаше нормалниот тек. Сите бргу го
заборавија настанот, или барем се трудеа. Саме неколкумината власти беа во
некоја чудна состојба, не зборуваа, не ги интересираа толку проблемите на
луѓето, тајно се собираа надвор од градот, да тоа го знаеја сите, но
никојпат надвор од неговите граници. И така еден ден, неколку месеци по
смртта на Кири во градот допатува Јан кого сите дури тогаш забележаа дека
го нема.Јан беше чирак на ковачот, силено и бистро момче, храбро но и
многу скромно.Живееше и работеше на другиот крај од градот и ретко
излегуваше. Можеби и зато анеговото изчеснивање не беше проследено од
масните озборуваче. Застана горедливо пред крчмата, и ги чекаше градските
татковци да слезат.Прв слезе градоначалникот кому канцелариите му беа над
кафеаната. Слезе и застана. Со солзи во очите потоа се стрчна кон него и
го прегрна.
,,Кажи кажи ми дека има надеж. Каж...,, Јан извади едно пакување цигари,
дотогаш невидени во тој град и запали. Општа радост го зафати целиот град
, се радуваа и оние кои не знаеја зошто другите се радуваа. Излегоа и
шерифот и докторот, сите прегрнати скокаа додека не задува силен ветер на
што сите се освестија. Градоначалникот прв се созеде и се обрати на луѓето
кои беа собрани во голем број.
,, Луѓе мои има излез, има надеж. Ова бестрашно момче овде е пример за
тоа.Сега следете ме без поговор. Сите ќе одите дома и најбрзо што можете
ќе си ги земете само најпотребните работи...,, градоначалникот не можеше
да го заврши целото обраќање кога се слушна уште една еуфорична галама,
сите со сите се гушкаа и се бакнуваа, мајките ги прегрнуваа децата,
старците не се сеќаваа на ваков ден во Мидвеј.Мидвеј да... Уште посилен
ветер задува од југ, голема прашина се дигна при итањето на луѓето по
куѓите. Потковицата која беше врзана крај продавничката се откачи и го
погоди докторот во грбот. Тој потстана, и со големи болку продолжи знаејѓи
какви може да бидат последиците. Неколку кровови се откачија и ги
потрупуваа оние кои до пред неколку моменти им беа жители.Немаше време да
се спасуваат, немаше време за медицинска нега, за човечка
грижа.Градоначалникот трчаше од едно до друго место повторувајќи име да не
земаат ништо само да тргнат што побрзо. Една тенка ламарина сеупати кон
него но го промаши, и овој се скри зад еден од коњоте.Градот беше лут,
градот беше бесен и го возвраќаше ударот. Брзо излегоа надвор од него и се
упатија кон север кон непроодната шума. Минуваа покрај необележаните
гробови, гледајќи ги и за првпат оддавајќи им почит. Ветрот ги носеше
криците на оние кои останаа во градот заглавени под стреите и камењата.
Поворката оставаше река од солзи како трага на патеката по која се
ослободуваа. Кога стигнаа до почетокот на шумата Јан излезе напред и ги
поведе во средината на густата шума, во најтемниот дел каде што никој
претходно не поминал верувајќи на митовите и легендите дека овде е
најголемата казна за оние кои се обиделе да побегнат од градот и овде се
нивните души кои лебдаат во мракот и кои никогаш нема да заминат од овој
свет, заробени во бескрајна агонија.
Пред крајот на патеката,гледајѓи пред нив пробледа светлина кој асе
разведруваше го слушнаа силен, најсилен крик досега.Крикот на градот.Сега
тој плачеше и крвавеше, сега тој умираше. Се свртеа за момент, се
погледнаа и пак продолжија. Патуваа две вечери без ден. Најпосле излегоа
на чистинката и погледнаа пред себе. Зелено пространство, прекрасно и
чисто како потоците кои извираа токму зд нивните грбови, средени полиња во
недоглед и еден град во долината. Одморија постојано гледајѓи надолу и
неверувајѓи им на очите, ја обработија приказната за поплавата која ги
принудила да се селат и се упатија надолу. Кон ,,новата земја,, ...