т:темплум  


2007:мај/јуни
општ конкурс


d:dozgulpmus




 

д:додека смртта не нè раздели

Се разбира дека сите, барем еднаш во нашиот живот, сме присуствувале на некоја свадба. Но оваа на која бев јас, четвртокот, ги надмина сите мои досегашни искуства и очекувања. Откако се вратив дома и пробав да си ги средам мислите, за да можам да ви раскажам што се случи, мојот психоаналитички црв излезе од главава, поминувајќи низ левата и десната хемисфера на мозокот, за на крај да излезе низ моето загноено уво. Болката беше неопишлива, но чудењето беше уште поголемо. Црвот стигна до вратата од спалната и, со злобно воодушевување на неговото избрчкано лице, почна да ја треска со сета сила. Веројатно моето вино во крвта било посилно од трескањето на вратата, бидејќи сум успеал да заспијам и покрај нервозниот црв, кој сега беше на моето лице и ми провираше крут конец низ отворите од носот, ушите и устата. Бев премногу исцрпен за да пробам да го спречам но за кратко време разбрав дека сум дозволил голема грешка. На тресокот од вратата сега му претходеше силен удар во кој неправедно се соочуваа дрвената рамка од мојот кревет и здравото уво од мојата глава. Ги отворив очите и забележав дека конецот е заврзан за кваката од вратата, па така, на секое нејзино отворање, мојата глава одрвенуваше се' повеќе и повеќе. Кога се разбудив утринава бев уплашен дека можеби и моето здраво уво загноило, но стравот исчезна кога се погледнав во огледалото и видов дека увото исчезнало, а на неговото место се појавила голема вдлабнатина со форма која се поклопуваше со формата на рамката од мојот кревет. Ете, понекогаш и јас имам среќа!

Ресторанот каде што се собравме беше чист и удобен. Гостите не беа повеќе од двеста. Музичарите веќе свиреа кога јас пристигнав и на повеќе наврати и’ дозволуваа на мојата фантазија да ужива во отсвирените ноти. Првото зачудување се појави кога невестата ме запозна со својот двочасовен маж. Неговите раце и нозе на телото беа измешани. За да може да се ракува со гостите, младоженецот мораше да стои на своите нозе, а тоа правеше неговата глава да стои превртена однопаку, на висина која се израмнуваше со висината на колковите. Од друга страна пак, гостите се соочуваа со неговиот фалус кој беше откриен, тазе избричен, намирисан и украсен со светла вратоврска, која заради тенкиот “врат” на младоженецот, беше невообичаено долга и допираше се до неговата брада од лицето. Скротумот беше лежерно расположен од двете страни на фалусовиот корен и правеше минијатурни движења. На самиот врв од своите кожни ќесички, младоженецот оставил малку влакна кои претставуваа бедна копија на фризурата од мојот комшија Петар. Сега ви е јасно зошто ракувањето со него или, уште полошо, гушкањето со него предизвикуваше несигурност кај гостите. Се случуваше некој од гостите да не го забележи неговото вистинско лице, па бакнежите да ги подари на фалусот пред себе, кој се заблагодаруваше со нараснување од неколку сантиметри и поцрвенување заради притисокот кој се создаваше од цврсто стегнатата вратоврска. Се прашувам како оваа прекрасна жена која сега ме запознава со својот маж, успеала да се заљуби во него. Во што се заљубила?! Можеби во неговиот интелект (кој има шанси да е неопишливо силен заради високата концентрираност на крв која се собира во превртената глава) кој успеал да го надмине чудниот изглед? Или била освоена од неговиот оригинален начин на додворување? Секогаш кога би стоела спроти него, а тој би зборувал, таа би почувствувала како нејзиното тело почнува да губи контрола, за на крај да кулминира со ерупција! Овие оргазмични разговори девојката би ги искусувала секогаш, без разлика што е темата на разговорот. Тој чудак би можел да и зборува за досадните статистички анализи од неговото работно место, а таа сепак би стигнувала до прегратките на хедонизмот. Можеби колку подосадни теми зборувал чудакот, толку повеќе ја возбудувал! Таа би се искачувала на планината на задоволството повторно и повторно, секогаш стигнувајќи задишана до врвот и уживајќи во неговата “спиритуалност”. Сепак, прашањето “како се запознавте”, мачно го избегнував цела вечер.

Атмосферата стана препознатлива. Повеќето од гостите го играа “Пајдушко”, а останатите се наливаа со алкохол. Јас одлучив да останам на масата правдајќи се со “болки во коленото”. Лево од мене седеше една стара баба која си ги заборавила вилиците, па така не можев да ја разберам што зборува. А не престануваше да зборува! Единствено можев да го препознаам јадењето кое со исклучителна прецизност го пласираше на моето лице. Знаеше да ме бомбардира со комбинација како: недоџвакано цвекло, ориз, потоа сос од свински кременадли и да заврши со комбинација од недоволно сварен компир и изветреано вино. Ќе се изненадите, но мојата учтивост успеваше да ја издржи оваа канонада од невнимателно приготвени јадења. Што ли правел шефот на кујната? Можеби некое од младите пилиња му прегорело, а тоа лошо влијаело на неговата концентрираност. Како и да е, бабата во еден момент се пожали на болка во градите, се извини одејќи во тоалетот, и јас повеќе не ја видов.

Музичарите повеќе не беа на својата бина. Вртеа околу масите, водени од виолинистот кој го собираше бакшишот помеѓу жиците од својот инструмент. Беше следен од испотениот хармоникаш кој служеше како резервна банка за парите кои виолината не можеше да ги прими. Виолината повеќе и не можеше да произведи никаков звук, освен шкрипење, но тоа не му сметаше на виолинистот да продолжи да ја собира својата “заслужена” дневница. Баш ме интересира која би била реакцијата на Страдивариус кога би ја видел оваа антропоморфна дамка кал на виолината!? Веројатно би ја истружил за да добие подобра акустика!

Кога свадбата тргна надолу? Еден од гостите, од страна на невестата, кој беше дојден од странство само за оваа пригода, очигледно не ги знаеше овдешните обичаи. Место да извади книжни пари, тој ја извади својата кредитна картичка и со неа помина помеѓу ребрата од стомакот на хармониката. Бидејќи хармониката сеуште не беше навикната на дигитален трансфер на пари, не можејќи да си ја оправда својата слабост, се поду во мевот и се распарчи, летајќи низ целата сала. Едно парче од телото на хармоникашот ја турна свеќата од масата. Свеќата го запали белиот чаршав, но никој ова не го забележа, веројатно поради претераната алкохолизираност и лошата храна. Ако некој знае што точно се случуваше во овие моменти! Контрабасистот и тапанарот беа единствените музичари кои ја преживеаја експлозијата на хармониката. Вратот од контрабасот лежеше во рацете на неговиот сопственик, кој сега го удираше де од едната маса, де од другата, поминувајќи помеѓу нив. Од обесениот барабан на вратот од тапанарот беше останат само металниот обрач, бидејќи кожата беше тотално уништена кога тапанарот своите палки случајно ги заменил со прибор за јадење. Еден од гостите кој сеуште не ја преболил невестата, со солзи во очите се обидуваше да одржи здравица за младоженците цитирајќи го Ерих Фром: љубовта е вистинска во царството на слободата, но и слободата е вистинска во царството на љубовта... Во тој момент, фустанот на една средовечна жена случајно се зафати на вентилаторот од плафонот. И сега таа жена вртеше со огромна брзина, вриштејќи со главата надолу и загрозувајќи го животот на сите присутни. Нејзиното атерирање би било фатално за секој од присутните заради тежината на оваа жена. За несреќа, или можеби за среќа, настрада несреќно вљубениот во нашата невеста, кој говорот го заврши сплескан, на источниот ѕид од салата, во форма на палачинка. Пожарот почна да ги зема првите жртви. Луѓето гореа, но не знам дали воопшто беа свесни за тоа. Една млада жена во мини сукња, која играше качена на распламтената маса, веројатно беше најсвесна за ситуацијата во која се наоѓаше бидејќи ја слушнав како ја пее “Огин и пламен”. Сепак, не превзеде ништо за да си го спаси животот. Ја испи последната чаша виски и оганот кој сега излегуваше од нејзиното грло ја собори долу. Мајка, преполовена од една струполена потпорна греда викаше по своето гологазо синче кое трчаше околу неа “не трчај по кошула!” За синчето да врати “не трчам по кошула мамо, трчам по смоки”. Секој следен пример би бил апсолутно несфатлив, па затоа ќе прекинам.

Ова секако успеав да го напишам откако го фатив мојот црв, односно мојот психоаналитички дел од мозокот, го вратив на местото од каде што излезе, а дупките на главата ги затворив со живо тесто. Денес, во пладневните вести, во делот “црна хроника”, ги видов телата на младоженците. По се изгледа и не завршиле премногу трагично бидејќи снимката јасно ги откриваше нивните последни мигови. Беа цврсто прегрнати и бакнати, или поточно, жената ја голтнала “главата” од својот сопруг, а овој веројатно и изјавувал љубов, шетпејќи и’ во областа на нејзиниот перинеум. И двајцата сеуште стоеја на своите нозе.
Ех, што е љубовта, ако не смртна прегратка?
 






 

и:исток-Запад Vs. Север-Југ

Сон се исправи и погледна на запад. Неговиот поглед патуваше паралелно со површината на Земјата и после речиси една секунда, Сон си го виде сопствениот тил.
- Еј, па тоа сум јас, на запад од себе! – викна изненаден.
- Хмм... Кој сум јас, ако не поглед на запад?

Сега Сон се заврти на исток. Неговиот поглед патуваше паралелно со површината на Земјата и Сон повторно го здогледа својот тил.
- Тоа сум јас на исток од себе! – заклучи задоволно.
- Што сум јас, ако не поглед на исток?
Сон легна на земјата и долго уживаше размислувајќи за природата, за себе и за необичното искуство.

Се исправи и сега одлучи да погледне на север. Тилот повторно се појави пред неговите очи.
- Ете сум јас на север од себе. – изговори Сон, веќе по навика, но, забележа дека ова не може да биде точно. Повторно погледна на север и сега својот поглед го задржа на Северниот Пол. Заклучи дека каде и да тргне од ова место, во било кој правец, погледот неизбежно ќе тргне на југ. Неговиот поглед продолжи и сега стигна до Јужниот Пол, од каде продолжи до себе, до својот тил.
- Ова сум јас, но дали сега сум на север од себе? Или на север и на југ? Или на северо-југо-север од себе?! – ова беше премногу за Сон кој сега се обиде гледајќи на југ, но проблемот остана ист. Незадоволен седна на земјата и реши повеќе никогаш да не гледа ниту на север, ниту на југ.
- Да останеше Земјата во форма на плоча, сега ќе го немав овој проблем! Затоа на половите е толку ладно! Никој не ги сака, ниту пак ги разбира!

Неговиот брат близнак, Зон, во тој момент се појави на спротивниот крај од Земјата. Тој погледна на југ, и на половина пат, неговиот поглед се задржа на братот.
- Еј, ене го брат ми на југ од мене! – викна радосно. Лицето му се збрчка и повторно викна, подеднакво гласно како и првиот пат, за да си ја исправи грешката:
- Ене го брат ми на север од мене!
За кратко разбра дека што и да каже ќе биде погрешно. Полека седна на земјата и помисли:
- Што е судот на човекот, ако не поглед на југ... или на север... – и насмевка се разлеа по неговото лице.

 



читајте: драма од дозгулпмус!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













































































































































































































 

  д:дома