2007:мај/јуни
општ
конкурс
а:анета анета
р:расипани заби
кога си ги мијам забите
ми мои расипани зошто о зошто секогаш го топам и ракавот си на пиџамата
моја пиџамата потоа на жицата од челик чист за сушење ракави ја обесувам
таа од ‘рѓа се валка потоа јас на жицата се обесувам од чист челик да
видам дали вратот со дамки што не се перат ќе ми се извалка но да се видам
не можам на мојата жица за сушење ракави од чист челик висам до пиџамата
моја и викам ме гледаат и најпрвин луѓето ми се смеат и луда лудачка
лудило повторуваат па глупава глупачка глупило за да речат на крајот сама
самобендисана самоубиец по извесно време така висејќи јас гледам околу
мене врати постојат и ги прашувам врати дамки на вратот еј имам ли јас па
ти немаш врат ти си пиџама обична да ги треснам ми доаѓа тие неранимајки
премногу материјално што гледаат им простувам дека тие веројатно сфаќам не
се мојот свет кон идеалната апстракција љубомората ме измами ме фаќа
хистерија потоа и да се молам почнувам о моја празна пиџамо полна со
измамен перфекционист се изморив носејќи те о мој расипан свету полн си со
избелен апсурд се изморив миејќи те о моја незапирлива водо ти што миеш сè
само не и дамките од ‘рѓа што не се перат те молам немој да ме валкаш
вечерва дозволете ми сите вие да го сакам човекот во мене се изморив
бесејќи го секоја вечер на жицата за сушење ракави докажувајќи му дека го
сакам дека не можам да живеам без него и висам цел еден живот наопаку
плашејќи се светот да не ме препознае и да не ми се смее
љ:љубов во
обид
“Не волим
те,
Нит сам те икад волио
На твое омилено питање
Ево ти одговор!”
-Овде живее уште некој човек- рече тој.
-Да, реков. Ако веруваш дека четката за заби, бричот и новиот сапун можат
да бидат доказ дека овде навистина живее човек.
-А што друго?
-Не знам! Можеби човек. Мислам…
-За што сакаше да разговараме?
-Не знам дали сè уште сакам.
-А што сакаш?
-Сакам…
-Сакаш да излеземе на ручек.
-Не!
-Сакаш чоколадо?
-Не сакам.
-Сакаш да пиеме кафе?
-Не само тоа.
-Туку… Сакаш пред или по сексот…
-Не сакам тоа глупаку…
-Па добро кажи веќе еднаш што сакаш?!
-Љубов.
-Хм.
-Развод! Оди си!
-Да си одам?! Па ова е мој стан, ти си тука гост…
-Оди си од мојот живот. А станот стави си го в газот ако сакаш!
-Еј чекај не се нервирај? Зошто си таква. Каде?
-Си одам.
-Каде. Ќе одиш да живееш кај твоите?
-Не, на улица. Да не можеш да ме најдеш.
-Ама што ти е смири се. Остави го пиштолот. Врати се те молам. Те сакам.
-Ајде од кога така?
-Престани да си играш со пиштолот. Зарем толку си глупава што на улица
сакаш да се самоубиеш. Ајде дај ми го пиштолот, не играј си со него.
Опасен е!
-И ти си опасен па и со тебе си играв.
-За што сакаше да разговараме?
-За нас. Ние како да не постоиме. Мислиш ли дека…
-Имаш друг?
-И трети и четврти. И први ама и ти имаш други.
-Не сакам да разговааме за тоа.
-Ти не сакаш воопшто да разговараме. Никогаш не ме слушаш што ти зборувам,
освен ако не ти зборувам за неа. Таа особено те привлекува. Не знам само
дали затоа што е десет години помала од мене и не ти е жена.
-Немам ништо со неа.
-Сè едно. Еве ти го пиштолот. Јас заминувам.
-Ако сакаш и пукни. Па веќе здосадена си ми. Ги сакаше само моите пари.
-Само тоа и имаш да ми дадеш.
-А ти знаеш ли што имаш да ми дадеш?
-Знај дека тоа што ти дадов веќе го немам.
-Курво! Пукни!
Една расплачена жена излезе од зградата трчајќи. Надвор грееше сонце.
Никој немаше зад неа.
По некое веме од истата зграда излезе човек, ранет. Луѓето набрзина се
насобраа околу него. Некој повика и брза помош.
*
-Како си?-рече таа.
-Жив сум.
-Не сакав да те убијам.
-Ама пукаше.
-Сакав да страдаш.
-Можеби нема да преживеам. Среќна си?
-Не.
-Ти никогаш нема да бидеш среќна.
-Сакам да се вратам назад, И сè да биде како порано. Се каам. Прости ми.
-Никогаш.
Во болницата настана хаос. Некој повикал полиција.
*
-Добив осум години!
-Уште сакаш да се вратиш назад?
-Не. И овде ми е убаво.
-Јас живеам со неа.
-Ако. Не ме интерисира повеќе. Сè едно ми е.
-Ништо не е повеќе исто. Ме боли дури и кога дишам. Зошто сакаше да ме
убиеш?
-Не сакав!
-Сакаше!
-Сакав да водиме љубов...
-Никогаш не те сакав.
-Затоа пукав...
“Ни је ми јаснооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооо
Зашто не затвараш зубну пасту
Уствари
Не волим те!”
о:опасни мисли
една мала капка си замислува дека е океан си ласка се возвишува велејќи им
на другарките да дојдат и заедно да го поплават светот наближува времето
за новиот потоп и таа веднаш си ги облече нозете И ископа еден пар раце од
земја одамна скриени таму да се најдат кога ќе дојде вистинскиот момент
зеде И едно дрво пресечено од крадците на шуми И заборавено и замина кон
градскиот плоштад да привлече внимание и подршка таму најде мртва птица и
и ги зеде крилјата па почна да лета и одлета кон небот да го побара дождот
на помош па одлета кон месечината па одлета кон сонцето таму посака да
слета и да најде уште како неа капки зробени во сончевата светлина и
штотуку да слета на гранче од едно сончево дрво се појави ламја и сакаше
да ја голтне капката се обиде да си го спаси животот и мафташе со крилјата
од мртвата птица и бегаше и бегаше и бегаше и изгледа тоа беше крај тресна
на земја со сите нејзини и туѓи работи ама тоа амо ја освести и помисли
има уште надеж и погледнувајќи го сонцето за последен пат испари заедно со
останите мали капки признавајќи ја битката не и војната заборавајќи дека
нејзината потсвест не успеа да го потопи светот овојпат не се грижеше
воопшто веројатно затоа што тоа беше некоја клетва останата од нејзиноте
предци која се пренесувала низ вековите од архаиските мориња и ќе се
повтори пак наредното утро но сега за сега се е безбедно можам спокојно да
си заспијам капката со опасни мисли е мртва