т:темплум  

 

мај
к:
ковачевски марко



с:среден од „еднината“

Беше девет и нешто у ноќ. Она уствари имаше дома само енглеска шоља у купатило. Све друго беше за мене без везе. У ова спаѓа и мајка и. Ја нејзе уопште и не ја видов, мислам онака. Само еднаш у улаз кај нив и тоа беше девет и нешто у ноќ. Нејзе и рече дека би требало да се губи, а мене ме поштеди да не ја барам у тој мрак. Само... У вртењето за да кажам, без пљунка, пријатно, пошто беше девет и нешто у ноќ, акнав у главното стакло. Не сакајќи.
За да провери дали ќерка и е стварно другар со фин фраер, морав стоечки да го прочитам цел куќен ред со потписите и онаа с.р. Ја читав, а она секој три минути палеше светло у ходник. И пошто не фати десет, море и повише беше, дојде у пижами со златна круна на џеб, хаус мајсторот. Ја мртов ладен читам и коа бев на крај му побарав клуч од вратата. Онаа со главното стакло! Кај нив затварале у десет.
Мајка и попизди нагло. Без постепеност. Типот со златната круна ми рече и покрај све јас сум бил млад, а животот бил убав. На крај како додаток на скупоќа се зезавме и со еден пијан кондуктер. А, коа останавме сами он ми рече, море додека можеш не му мисли! А ја па му реков, до 23 не смеам ништо! А он ми рече, зошто? А ја му реков, она за лонгетата!
Легнав мртов уморен. Сам. Нафтената печка па не работеше.
Дојде и нов ден а ја уопште не дојдов до идеја, глуп е секој шо не јадел чај со шкембе чорба! Чајот прво дома, ако го имаш, а второто обавезно у Наџак! Атмосверски!
Али све тоа треба насабајле. Оноа за енглеската шоља нема везе со чајот. Ни случајно да не те заебат. Сигурен сум дека енглеската шоља стои у купатило. Одозгора у висина над неа треба да има едно бело коритце и на некои пишуе: ЕМО-ПА ДВА ЛАВА СО ЛОНЧЕ, ПА ЦЕЉЕ. На некои нема ништо. Али затоа сите се пунат аутоматски со вода. Ако ти е ќеиф да ја пуштиш. После минута и пол, највише до две све е О.К. Па може од поново.
Чајот у вторник за мене е чиста случајност. Осим у вторник доброволно го пијам и на петти декември секоја година. Треба да имаш редовна гнојна ангина! Тука покрај чајот се сетив и за неа, ми причаше како дома ама стално, стално - така се вика за секој ден, го пијат отпоручек. Ете од тука ми е ептен јасно она за чајот и енглеската шоља. Сега више знам! Они енглеска шоља имаат у купатило, а кинески у креденец у комбинована.
Цел сервис! Со све тацни!
Ја тражев по телефон три пути, беа двајца копиљаци за пеес денара испратени да ѕвонат на врата. Ништо. На крај пратив телеграма од поштата на триста метри. И пишав внатре свашта! Искочи скупо. Скратив на: те сакам ма кај си!?
Видов отпосле, живац сум! У средина.
Ми се чини...Вака...
Имаш страшни очи! Кај беше вчера? Те сакам одамна. Кој е оној гуланферот шо збореше со тебе? И повеќе него шо мислиш! Олабави, Шо мислиш за мене? Може ли да почнеме? Причекај малку. Таман работа! Знам, имаш некоја друга! Мислев ма на тебе. Па тоа не ме боли! Сакам да се шетаме, остави ме на мир! Веруеш у љубов? - на први поглед - Ми се свиѓаш. Кретену! Колку? Мислам уопште не си искрена. Едвај чекам да се отарасам.
Може ли да те пољубам некогаш? Тоа ми треба ко дупка у глава. Зошто си тужна, не си ни така ружна? Тоа не знае ни милиција. Кај си била? Тоа го сакам највише! Тупажа! Зошто ме зезаш? Сакаш малку? Шо ти е гајле? Да. Никако. Бараш немогуќа ствар! Усаменоста е тешка. Никогаш нема да се укапираме. Ќе искочиме ли вечер? Јави ми се по телефон. Разочаран сум. Ко пита не скита! Имаш ли дечко? Ме чекаше многу? Сањај Марела! Бев у клуб. Све е многу неодредено. Се плашам. Не кењај. Рамнодушна сум према све! Имаш страшни груди! Џез се слуша само во: ПЕТОК.
Утредента планирав да се блесавам малкуцка со нејзе, само немав шанси ни случајно.
Отишла со нејзините на бања!
Така барем ќе заработам лонче: “Успомена из Врњци!”
Кључот од лифтот веќе го имам!
Вечерта беше по ќеиф!
Следствено, утрото беше најбоље од све. Градот се капеше во утринската светлина, а ја бев многу среќен! Не мислев веќе на нејзе! Градот и ја продолживме да се капиме во светлината, а она ждереше ефтин кајмак со пивски кобасици! Многу сум среќен, од среќа отидов во пресрет на новиот живот! Вие ме килавите, и премногу сакате да знаете, затоа ЗБОГУМ!



 

х:храбро чекорење низ една блиска имагинарна ситуација

Во малиот апартман од врвот на стокатницата живеевме Јас и Клара. Нашата долгогодишна врска која траеше речиси 8 години се решивме да ја предизвикаме со заеднички живот, одделени од родителите, јас имав речиси 25 години, а таа беше 5 години постара од мене. Јас бев журналист со тенденција дека еден ден ќе напишам бестселлер, таа беше успешна менаџерка на еден рок бенд.
Несомнено успехот нејзин беше далеку поголем од мојот. Сите пријатели кои ги имавме, всушност беа нејзини пријатели. Домот ни беше поделен на два дела, два света, нејзиниот дел, беше уреден и светол, многу златни плочи врамени во стакло, добра скоро нова техника која само таа смееше да ја употребува, кожни фотељи, стаклена маса со дрвена констрикција на која ужасно се нервираше кога ќе ставев нешто без подлога.
Мојот дел беше темен, со еден лустер на таванот кој го бев купил од антикварницата долу во зградата, една светилка која исто така беше антиквитет, работна маса и стар компјутер кој ми служеше за моите долгоноќни пишувања. Веќе два месеци имавме и одделни спални соби, подобро кажано таа имаше своја спална соба, а јас спиев на каучот во мојот дел.
Таа вечер, Клара не се врати дома. Не ме засегаше нејзиното отсуство, не се ни прашував каде е. Можеби порано, ќе се загрижев и ќе ја чекав но овој пат не. Знаев дека е некаде со оној гитарист од бендот, веќе долго време знам дека се гледаат и излегуваат заедно.
Ја зедов водката од замрзнувачот ја отворив, седнав во нејзиниот дел од апартманот и ги прелистував старите албуми. Полека го топев мразот од водката во мојата уста, од врвот на јазикот низ устата, течеше низ грлото влажнејќи го директно се мешаше со мојата крв. Каков добар фикс.
Се прашував што правам сеуште овде. А немав каде, тука ми беше сигурно, иако не зборувавме веќе два месеци, на Клара не и пречеше што живеам уште тука. Јас бев решен дека треба да заминам. Но каде? Тука бев сигурен или можеби...
Имам моќ да го спуштам свемирот на земјата, да не станувам со себе, имам моќ да го издигнам островото од мене, да потрошам мала улица и сосем мала бесилка, имам моќ да бидам без моќ и сржта од телото мое на земјата да и го враќам постојано.
Ми светна, денес морам да го променам целиот мој смисол за ЈАС. Постојано како моќ од мене излегуваше некој ЦРВЕН поглед во очите додека секундарникот сеуште одбројуваше нешто неразбирливо доведувајќи го своето време во круг. Се обѕирав лево-десно, барав некоја причина зошто сум овде, веќе крвта беше помешана со огромно количество Смирноф. Кружно закачувам поглед над општата свињарија а потоа шарените резултати од еднократно посматрање панично ги потопувам во алкохолната киселина заради нивната болност, која ме доведува до лудило.
Почетокот и центар на една нова етапа се буди во мојата глава и ја одобрува нужноста да си подарам некој дел од мојот ум, бидејќи немам што да изгубам освен своите окови. Окови и оковани има несекаде. Но јас решив, не и во мене, бидејќи одамна ги разбив материјалните ѕидови што го стегаа мојот ум. Умно живна заклучокот во мене кога рече со победоносен и надмоќен глас: “Ми се чини дека остарев само поради тоа што отидов неколку милениуми пред сите.”
Станав одлучно, веќе бев решен, нека оди се по ѓаволите...Јас си одам. Почнав да ги средувам работите и полека да се пакувам, па каде ме води патот, ќе одам и не се враќам повторно. Можеби таа верува дека ќе ја искористам првата шанса за да го напуштам овој свет на КУРВИНСКО тихо мрморење. Мрморењето злобно шушкаше дека ќе побегнам безглаво во себична светлина не оставајќи зад себе ниедно делче што би го докажало моето некогашно постоење. Можеби.
Веќе бев спремен, не оставив ни порака. Ништо! Беше ноќ, сува и спарна. Веќе бев на вратата и бев решен. Некоја чудна еуфорична сила ме движеше и ме туркаше надвор.
Треба да се остане НА(Д) овој свет, не заради тоа што овдека атомската смрт е најевтина од сите умирачки, не заради мојата големина, туку заради сосема нешто трето, нешто десето, нешто што е недостапно за твојата глава во која медитира јато бели облаци. Облаци и магла ќе останат засекогаш во твојата глава се додека не наидеш на некоја ситуација каде што некој ќе посее семе на евтина јаснотија конкретно изнијансирана преку храбро чекорење низ една блиска нужно законита ситуација. Ситуација јас сум ЈАС не сум ТИ, ТИ не си ЈАС. КРАЈ.
Јас сум неизмерно среќен иако низ џебовите од моите ЦРВЕНИ панталони летаат муви, јас сум безгранично среќен, иако сум убеден за лошиот квалитет на нејзиниот морал. Таа и ќе остане таква неможејќи да ме “преведе” и разбере дека во мене живеат двајца од кои едниот е лудак кој предложува, а другиот мудрец кој располага. Во мене живеат душите на Дон Кихот и Санчо Панса, првиот е за да се оди напред, да се скршне од скаменетите стази, да се направи различно и подобро отколку што тоа го прават останатите, додека душата на другиот е за осветлувањето со ЗДРАВ смисол со разборито расудување и со увидување на вистинитоста.
Вистинитоста е конкретна и јасна, низ моите џебови летаат муви, но јас одам, повторно храбро чекорам низ една блиска ситуација иако секундарникот во часовникот добројува нешто неразбирливо доведувајќи го своето време во круг.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





























































































































































 

  д:дома