т:темплум  

 

мај
ј:
јанаќиевска марина



г:години:23




ќ:ќоше

ЈАС: Не велам дека многу барав. Едноставно после повеќе порази и победи, некој ми испрати човек сличен на мене. Вистински човек- од крв и месо, со мани и доблести, не некаков смешен привид што го нарекуваат идеал. Ја прифатив кај себе таа среќа, можеби малку срамежливо и исплашено, но доволно сигурна дека е она правото.

Две силуети се движат кон познатото кафуле. Потскокнуваат од среќа и благодарност бидејќи конечно почнаа да успеваат правилно да ги толкуваат знаците и искушенијата што им ги дава судбината. Со сјај во очите и космичка возбуда во срцето, се спуштаат на тврдо тло- дрвено прагче кое води до кафулето.
Сива и штура, банална реалност- некој се смее, друг наздравува, келнерот одржува рамнотежа носејќи в раце послужавник со некоја незгодна нарачка... Одеднаш сите погледи се вперени во нив. Глупава човечка навика да се зјапа во секој нов кој ќе влезе во кафулето и по можност, ако има прилика и повод, да се каже нешто за него. Што ли се крие позади сите тие погледи- шармирачки, љубезни, недоверливи, злобни, љубопитни...
Двете силуети бараат прибежиште за своите души во таа гола предметност. Избираат ќоше со ниска софра и перничиња за седење. Својата заедничка духовност ја сместуваат во тој омеѓен простор.
На едноставноста на ќошето и се спротивставува чудна слика. Пред нив како од никаде се појавува провидна површина низ која наѕираат суви гранчиња, осветлени со обична сијалица, и неколку зелени ливчиња кои се нишкаат на ветрот. За кратко време, софрата ја декорираат две чаши топло нес- кафе со дречливи цевки, две чаши вода, кутија west- light и некое zippo со американско знаме. Каква иронија, каков микс на урбаното и исконското!
Доволна е тишината за овие двајца. Зборовите се излишни кога двајца ги спојува иста мисла. Но што се тие двајца? Каде е нивната возвишеност во реалност сочинета од високи зданија, сиви улици, семафори... Каде си заминуваат идеалите кога возвишеноста ќе ја испрска некој забрзан автомобил, кога толку посакуваната духовност ке се судри со прашањето на голата егзистенција, секојдневните обврски и страшниот поим финансии? Тие битија големи по дух стануваат алатки за развивање на некаква си еволуција за која некои велат дека е неминовна и те заробува во моментот кога ќе почнат да те викаат “озрасен.

ТОЈ: Бевме сенки во едно мртво ќоше. Мртвилото беше бесконечно. Останавме само сенки.
Се трудевме да најдеме живост. Ситно извираа меѓу мртвилото... Неколку ливчиња те поздравија- чекаат да дојде есен за да се приклучат на... хм, бескорисни.
Сеуште се чувствувам корисен,не им дозволувам да ме пригушат!
Истурив една чаша вода, можеби ќе нахранам неколку...
Станавме, излеговме на отворено.
Само размисли уште колку такви ќошиња останаа да чекаат?!

ТАА: Истурам чаша обична вода во тоа мртвило создадено од безброј испреплетени суви гранчиња. Идеата ми е да им дадам малку живост, а во мене е надежта дека сепак сум изум на бога, па не може да сум бескорисна бидејќи неговиот авторитет е потврден.
Во својата глава создавам свој свет и се обидувам на сите во него да им ја зачнам мислата која мене ме извлече од бескорисноста, да им ја дадам истата светлина која мене ме пресоздаде...

(НЕКОЈ: Истурив една чаша вода, можеби ќе нахранам неколку... идеата ми е да им дадам малку живост. Во својата глава создавам свој свет и се обидувам на сите во него да им ја зачнам мислата која мене ме извлече од бескорисноста, да им ја дадам истата светлина која мене ме пресоздаде...)

И што? Сонот е голем, идеата е голема- поврзуваат многу светови. Но што се оние двајца? - Сенки во едно мртво ќоше. Ситница забележана во едно кафуле, во некој минлив момент, во едно минливо овде и сега, заробени во една улица, во еден град, во една институција наречена држава, на еден континент, во еден свет кој никогаш повеќе нема да изгледа како што изгледа во моментов...
Излегуваат од кафулето, продолжуваат. Продолжуваат по патеките кои ги чекореа претходно. Мислата е иста, чувството е исто, идеата е иста, но сепак веќе ништо не е како што беше претходно. Не знаат што ги чека зад следното ќоше...

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 






 

  д:дома