мај
f:fisher
janes@mail.net.mk
к:кома
Слушаше гласови како промаја:
-”350... еееј, за 350 заебани денари”!
-”Доттука стаса”!?
Имаше завршено средно мизерно пред петнаесетина години.
Денес од сопствената незадоволност, падна во бесознание. Во бунилото
маката му се омачи и му роди 350 гладни маки. Маките му се виде дека се
350 денари, уствари сé му се гледаше 350 ден.
Сега имаше 350 ден. а уште толку му недостасуваа...
А бесознанието беше КОМАТОЗНО.
Го викаа Задрогаз, а тој се јавуваше и на Коњууу...
Кај нас в маало го викаа Којно Задрогаз. Тој често беше на корзо, а корзо
ја викаа улицата што беше забранета со тркалезен знак на кој пишеше
“забрането за возила од 19 до 23 часот”. То Задрогаз му останало од на
чупе (демек од мал), ко се задираше со големите коњи, кои го тераа да ги
ѕивка кобилите шо се шетаа по то корзото. Тој ѕивнија таа насмејмусе,
ѕив-насмејс... ѕив-кикот и се така дур не почна гривата да му густи. По
неко време и знакот за забрана го извадија и корзото се премести в
чаршија, а тој си остана истиот, ама не баш.
И му згусти гривата - ами како, а Задрогаз си тераше по старо...
Сега одеше вака: тој ѕивнија таа влепимуја, тој тргнисе таа с’ржи,
опцујго, забегај, подиспулимусе и врати му со она: - “бреееј копач бе,
сељачиште”.
Се замисли.
Рало нема никогаш тргано иако сељак, па нема од каде да бил копач... туку
му текна дека и то кобилите не се цвејча за мирисајне. Последното шо му
текна, а што уште го немам напишано... го закопа.
Му текна на гревчето дека ПОРАСНАЛ.
Годините ги имаше, а умот?... е умот земал да се влечка и останал неколку
години позади.
Сî му идеше на ум да ѕивни нешто, ама со годинчината и шамарите го болеа,
па брзо се предомислуваше.
“Нема бегање, треба да пораснам комплетно” - констатира тажно Задрогаз.
Проблемот беше што годините и умот одеа во ист временски континиум, но со
различна брзина и што е најлошо, апстрактни беа мајчините. Не беше да ги
ватиш со влечење да ги доближиш, туку наука си бараа пустињето, формули.
Абе... педерска работа, шо да ти кажувам.
Наоколу сите беа туби, немаше на кого да се потпре за совет. Еднаш во
животот му требаше помош, а тој нема никој...
“Мама и тато беа задоволни од тоа што ги одржуваше во живот, дада и бато
немав, учителката ме сакаше, но таа предаваше мајчин јазик и згора на тоа
не реагирав на нејзините (...хм...) сигнали - значи и таа отпаѓа,
професорот по фискултура мразеше ѕивкачи зашто му правеа конкуренција, а и
кој го ебе, ебаго старо ѕивкало и шо кој кур че ми é и да не се мразевме -
обичен коркач кој физиката ја мислеше печатна грешка од физичко” - се
пребројуваше така Задрогаз, ама никако да најде вистински избор.
“Како баш за физика е врзан проблемов маме му ебем, а тоа учев само од
петто до осмо и толку, кој ќе ти памти формули дваесетина години” - се
мислеше Задрогаз.
На Задрогаз му требаше физичар, а не коркач, ако беше за коркач Тој си
беше доволен.
Реши.
Ако сака да го надмини проблемот мора да научи физика.
На полиците од работната соба тежеа дебели книги. Башка од умот и во
растот не беше пораснал - примети самиот, па собра еден стол од кујна за
да ја достаса книгата која мислеше дека е вистинската.
Се качи. Ја зеде, ја забриша правта и се симна задоволен.
Листаше заинтересирано. Енциклопедијата беше стара и мудра, но недоволно
за да ја реши маката на Задрогаз. Немаше формули старудијата, историска и
географска беше. Набрзина ги прегледа преостанатите книги. Висеа таму
некој: “Мрља, Анти-нешто, Мрковски, Ала-нешто, Дерида, Набоков, Буковски и
други, но ништо, ни приближно не најде од тоа што бараше. Бараше ФОРМУЛИ,
бараше спас!
Седна очаен... Годините го газеа умот. Времето ги тераше годините, а умот
едвај ги гледаше, му бегаа... Губеше. Умот ги мразеше годините.
Се нафрли гладен.
Го зеде Анти- ски и го прочита во една ноќ. Му се нафрли на Коља, Чарлс,
Бранко,... ги зареди сите и потроши бааѓи време. И онака губеше, а овие му
се видоа сродни душички - сродни зашто и тие губеа. Единствената разлика
беше што тие губеа намерно.
Подзастана.
Дотогаш немаше прочитано ниту една таква книга. Тие станаа негова засит,
но тој немаше време за хранење. Неговиот ум насушно имаше потреба од чиста
мисла, а тој си дава автоголо во последна минута - иронија до немајкаде...
А згора на тоа и многу глупа потреба имаше: “Формули че ми учел, физичар
че ми бил... Абе да му ја закачиш една... туку ајде, нека тера,
сиромаштија” - си се тешеше самиот.
Се изгуби помеѓу годините и умот. Растојанието меѓу нив беше небаре
ластик, а тој бараше формула, односно бараше три формули: едната беше за
застанување на годините, другата за достасување на умот, а третата за
симбиум на предходните две во континуитет.
Само ваков - комиран, можеше да го тера текот на мислата линеарно.
Штета!
Баш штета што почнуваше да се освестува зашто можеби како што затера со
книгите и без формули ќе го решеше дисконтинуитетот.
Што ќе му вредеше тоа, кога одкомиран пак ќе му недостасуваа 350 денари.
Се освести на истото место каде што падна.
Си најде новчаница од 500 ден. Му ја оставиле новчаницата наземи (како што
им оставаа паре за да не плачат, на децата што ќе паднат)
Задрогаз се крена, сега имаше и повеќе од 700 ден. колку што чини
кабелскиот интернет (интернетот кој ги знаеше сите формули), но се
премисли и... Доброволно падна во длабока кома.
Тука формулите немаа никакво значење, тука сега му беа новите пријатели:
Чарлс, Владимир и останатите...
Тука не му требаа мајчините 350 денари.