т:темплум  

 

мај
а:
анета анета



с:студент
misli_si@yahoo.com



п:приказна за Анета Анета, Тралал Тралала и Едикој Си и Никој Си од Кртот На Добрата Надеж

Си беше еднаш во една приказна Анета Анета. Името го добила по некоја кучка, а другите мислеа дека е пингвин. Имаше јапонско потекло и зелени очи. Не знам кој од нејзините предци бил Јапонец, ама тој кога дошол да живее овде, нашол нешто што демек многу му значело и оставил аманет неговите наследници да не носат веќе имиња од типот: Сузуки Чикара или Кавасаки Јатабара, туку да имаат имиња како тукашните мештани и да живеат тука. Нејзе тоа не ù значеше ништо како и сè друго. Затоа и си доби опомена од никој друг туку токму од Кртот на Добрата Надеж кој велеше дека не може да ја гледа таква туку ако сака да биде лик од неговата приказна мора да прави нешто.
-Размисли што и почни! Ќе те избришам!
Сфати дека сака како прапра…дедо ù да појде по светот. Не знам зошто, но таа очајно веруваше дека има Смисла во животот без смисла. Не обратно. И така реши да замине да ја бара на Саемот на сите смисли.
Првиот штанд беше на Земјата во која никогаш не можеше да се дојде. Земјата На Изгубени Илузии. Преставник од таа земја беше Тралал Тралала. Рус човек со античко потекло, ама не признаваше никаква врска со Античките Македонци.
-Зошто да живеам во Вашата земја? Не гледам многу интересни работи, посебно не Смисла во животот без смисла- му рече таа.
-Ти судиш само според очите. Очите лажат. Поентата е во тоа што овој штанд може да се наполни. Можеби и веќе е полн, ама ти не гледаш.
-Ако не гледам нешто што не може да се види не значи дека не гледам. Кажи ми каде е Вашата земја.
-Ние сме растурени по цел свет. За секаде да има некој што страда.
-Кое е Вашето Богатство?
-Никој не е побогат од оној што поседува љубов.
-Хм! А да разгледам што има понатаму па да се вратам?!
-Зависи што бараш. Ако сакаш само да бараш не значи дека нема да добиеш.
Потоа Анета Анета замина на вториот штанд, Земјата Во Која Не Требаше Да Се Стигне. Ситните Души. Таму имаше двајца преставници: Едикој Си и Никој Си. Едикој беше помлад од Никој и подобро лажеше. Можеби заради неговото Американско потекло.
-Ве молам објаснете ми не знам точно Вие сте сè уште мајмуни или…
-Не… Такво нешто нема. Како се осмелувате млада госпоѓице! Ние сме напредни суштества.
-Зошто да сакам да живеам во Вашата земја? Има ли Смисла?
-Да. Многу е убаво. Еве, погледнете рекламен материал! Како во сон: безгрижен модерен живот, секс на сите страни…
-А каде е точно Вашата земја?
-Онаму каде што најмногу се очекува да биде. Ако сакаш секаде, ако сакаш некаде или никаде; некогаш, секогаш или никогаш, со некој, никој или со секој можеш да ја најдеш притоа кимна задоволен од своето објаснување.
-Кое е Вашето богатсво?
-Злато, па ние од сè правиме злато. И од тебе.
И тогаш таа незадоволно продолжи. Никој за првпат проговори и ù  рече:
-Знај дека тоа што го бараш, тоа и ќе си го добиеш.
Продолжи понатаму и понатаму… И велеа сè и сешто и нешто и ништо… сè додека еден ден не дојде до местото од каде што тргна и сфати дека секогаш се стигнува таму од каде што си почнал. Замина дома за да размисли како да живее. Мајка ù очекуваше дека таа ќе се врати со добри вести, а слушна само:
-Пројдов по сите земји, планети, вселени и не најдов ништо. Решив ќе си направам своја земја во својот дом и ќе доведам сите. Нека ми прости прапра…дедо, ама ќе морам да згазам на неговиот збор и да не живеам во неговата сакана земја, ами во мојата. Така рече тогаш и така не направи веднаш. Сè уште немаше смисла. Мајка ù се налути и замина да живее кај прапра..дедо ù .
Кога остана сама почнаа, еден по еден, да доаѓаат и да ја полнат нејзината нова земја: Земјата на Згазени Зборови. Ги имаше толку многу што веќе не беше згазен само зборот на прапра…дедо ù , туку сè што постоеше таму. Кога го виде тоа Анета Анета многу се разочара. Реши да ја спаси својата земја и стави ред. Ги избрка сите и врати само по еден. Некои не сакаа да останат сами и не останаа, некои доаѓаа илегално, па умираа од досада во дворот. Последни кои заминаа беа едниот од господата Си, Никој и Тралал. Анета Анета мораше да ја прекрсти најновата земја во Земја во Која Ништо не Остана со некаква колку да се рече филозофија за Смислата на животот без смисла по која Анета Анета тргна пред да стигне таму од кај што тргна кога почна да бара: Ако сакаш само да бараш не значи и дека нама да добиеш. Тоа што си го барал, тоа и не си го добил. Затоа, за да не го најдеш она што не го бараш, барај го тоа што не можеш да го најдеш. Верувале или не, таа од својата филозофија ништо не разбираше ама сепак продолжи да живее презадоволна а и како не би кога поентата беше не да сфати Смислата, туку да направи нешто и да не биде избришана. И тогаш во нејзиниот живот пак се појави некој т.е Никој се врати затоа што не можел да живее сам. Едикој Си починал во меѓувреме некаде од некоја модерна болест. И продолжија заедно да уживаат во задоволствата што може да ги понуди една живот без Смисла во животот без смисла.
А Кртот На Добрата Надеж ја гледаше на телевизорот и си се смешкаше не заборавајќи лаконски да си се пофали:
-Е… Крте, Крте… Гледаш. Добро ја суреди работата: уште една приказна со среќен крај. Ќе те биде Кртее! А Смислата? Кој мисли за неа кога му е убаво. Сè е добро кога добро не гледаш.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





























 

  д:дома