т:темплум  

 

април
з:
збунет



г:
години:23
zbunet@mail.net.mk




н:не бе...

... Не бе, Тања, што ако ми збориш ти сега дека ова не е љубов, дека јас всушност не те сакам тебе, туку мозаикот што сум го исплел за тебе, дека мене всушност ми се допаѓа што имаш руско име , бе Тања, и руско сини очи и коса со боја на мед. Не сакам мед, бе Тања! И што ако знам дека на твоите другарки кои се сите повисоки од мене, им е страшно возбудливо што ти одиш со интелектуалец (хаха така ме викаат, бе Тања), па единствениот пат кога излеговме со нив, они ми викаа : “Аааа, јас завчера ја прочитав Папата Јована” и после ќутевме два саати и ти оттогаш не ме викаш да седам со твоите другарки.
Знам , бе Тања, дека да не е мојов голем кур ти никогаш не би одела со мене, бе Тања. Знам дека оној претходно што ѕвечкаше со клучевите од кола ( не презирам, Тања, не омаловажувам, само така го запамтив, ко Оној-што-ѕвечка-со-клучеви) не лиже како мене, Тања, испод мачизмот му е да се симне надоле и да јаде кикирики од тебе. И после ти ми викаш дека јас се ебам откачено, духовито сум се ебел, со смисол за хумор сум се ебел; па што тие руски очи што ме гледаат низ три слоја Максимален Фактор знаат за хумор, Тања?
Све ќе направам. Ќе ги запалам сите Милоради Павиќи што ги имам дома, Тања. Ќе ги скршам сите CD-а со мрачна музика (ко што викаш ти, Тања). Ќе се ишишам кратко и ќе носам бело сако, бе Тања. И на солариум ако треба ќе одам, бе Тања, замисли, и на солариум. Само за да водиме откачена љубов, Тања!

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






  д:дома