т:темплум  

 

април
з:
заревска драгана



г:
години:21
п:професија/интереси:милион!
д:досега објавено: неколку критики и статии
н:нешто за себе:имам пеги и ми вршат работа.



ж:жална врба

Да, јасно, знаев дека ќе си кажете “Ебате женскиот наслов”.
Предвидливи луѓе сте.

Се разбира, човек веднаш може слободно да си помисли дека некоја жална врба била од жална – пожална, се обесила над реката, почнала да се чешла и да плаче. Во четири часот попладне на сe од горе.

Не разбирам многу од ботаника, ама жална врба не би посакала од жал да скокне во реката бидејки е дрво. Пораснала до река бидејки е суетна, но не и затоа што е несреќна.

Песимсисти и црногледи луѓе сте.

Под истата таа врба не седела ниту некоја девојка, ниту некој младич (“младич” е смешен збор, знам).
Можеби некогаш ќе седат, но не сеуште. Птиците кои што прелетуваат над неа се многу поголеми од неа.

Милата жална врба е сеуште дел од макета на иден парк. Затоа си нема никој близок.
Не дека нешто се потресов, ама сакам да беше насадена и порасната, а не само долгогодишна идеја. Ќе си седев така фино под неа.

Морам, меѓутоа, да се задоволам со некој багрем во меѓувреме.

А за џабе се преправав дека ми е гајле цело време. Сакав само да кажам колку посакувам Ривер да беше жив сеуште, а јас да сум една среќна врба која се чешла над него.

Женски наслов, нели?



н:неговата лева рака и жена му Кристина

Кристинка век си извекува со тој човек. Нејзиниот век со него се сведува на 20 години, при што таа е на 35 години. Кога имала 15, ја возел на мотор. Оттогаш се заедно. Поточно, таа е со него, а тој со неа ич.
Средниот прст на неговата лева рака не е од особено значење за оваа приказна. Тој и со двете раце си беше комарџија, голем љубовник за стандардите на малиот град (кои што секогаш се ниски), и со двете нозе постојано си беше во бурето.
Излитен и излишен вовед.

Една ноќ се вратил дома во ситните часови, ја нашол расплакана по којзнае кој пат, таа собрала сили од петни жили, и го преколнала раката да му се исуши ако пак посегне по коцкарошијата.

Наредната ноќ, цела ноќ му ја масирала раката, левата притоа, и му зборувала слатки зборови за времето кога и донел фармерки од Трст.

Сe по старо.

Таа е со него, нему рацете му функционираат совршено, нема мотор, ниту вода во очите. Само јогурт вместо крв во вените, и глицерин за моторот што го нема.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 






  д:дома