т:темплум  

 

април
в:
велин з.



г:
години:21
п:професија/интереси:студент/литература
д:досега објавено:ништо позначајно
velin_mb@yahoo.com
 



м:морето од сништа

  Секој ден барем по еднаш потонувам во морето од сништа. И постојано ме гушат брановите на Хипнос. Ги чувствувам како го совладуваат моето тело, како го креваат во височините и како како повторно го спуштаат назад, како го преплавуваат со врела пот, како го носат кон еден хедонистички занес и како го подигнуваат нивото на една, некогаш одамна малечка желба. Потоа летам со крилата на ветерот кон еден далечен, нестварен свет. И го гледам рајот, онаков каков што отсекогаш сум го замислувал. Толку далечен, толку нестварен, толку покинаков, толку разнобоен, толку различен од реалниот свет каде ако нешто не е црно или бело, мора да е сиво. И блика од мене некој вруток на чувство едно за кое не постои збор кој ќе го именува во ниту еден јазик на светот беспомошен. Целата таа вечност трае еден миг, во кој се чини е сплотено се кое никогаш не сум го доживеал, а сакал. По него, се е исто како порано. Со надеж: секогаш има утре. А во таа утрешнина која никогаш не доаѓа барем има по уште една мигновита вечност преплавена од морето од сништа.




н:на мрачната уличка

  Прстите на рацете му се укочуваа во длабоките џебови на палтото додека со несекојдневно брз чекор се движеше, пробивајќи се како дух низ врвулицата работници на кои штотуку им завршила смената. Металот му ја заледуваше не само раката која се посилно го притискаше во џебот, туку и целото тело што веќе се навикна на сеприсутните морници и студената пот што речиси непрестајно го облеваше. На безизразното лице се истакнуваа само помодрените очни капаци зад кои искреше некој чуден сјај. Погледот му беше постојано вкотвен некаде пред него, како да сакаше да ја пробие земјата и да го одведе таму долу, каде веќе се чувствуваше дека припаѓа. Но решеноста беше толку голема што не ни помислуваше да се врати назад. Сега веќе не го чувствуваше стравот кој секојдневно го преплавуваше додека одеше или се враќаше од гимназијата по таа секогаш мрачна уличка. Многупати помислуваше, меѓу другите опции и на тој епилог, но никогаш не успеа да собере доволно храброст за да направи нешто. Но она вчера ја прелеа чашата. Колку и да се трудеше да заборави, во главата постојано се нижеа сликите. Цела ноќ не успеа да заспие. Утрото не појде ни на училиште: ја зеде чантата, но наместо кон улицата на која го доживеа најголемото понижување во животот, се упати по угорницата кон шумата, единственото место на светот во кое се чувствуваше сигурен и свој. Но сега беше свој и на мрачната уличка, иако како да не беше истиот тој кој секојдневно се движеше по неа. Како некој да го опседнал слабникавото тело кое од секогаш беше симбол на послушност и кроткост во маалото. Го здогледа пред неговата гаража на крајот од улицата и го забрза и онака брзиот чекор. И Џелатот (така го викаа зошто уште како мал се однесуваше бесчувствително кон сите, што ја достигна кулминацијата кога ги уби ѕрите мачки на соседите со голи раце фаќајќи ги со едната рака за главата, со другата за опашот и растегнувајќи ги, а потоа ги наби на колци пред вратата на гаражата) го забележа тоа и застана вкрстувајќи ги рацете на градите.
  -О, па, па, види кој доаѓа! Изгледа ти беше убаво вчера, а?- се исклешти пред да го надуе и онака развиениот граден кош.
  Веќе не можеше да издржи, и иако не беше доволно блиску, го извади пиштолот од џебот на палтото и го впери во Џелатот, не запирајќи го чекорот. Џелатот се исплаши и се обиде да избега кон внатрешноста на гаражата, но не успеа да помине ни три чекори, кога се слушна истрел, и почувствува како нешто го жегна во градите. Следуваше и втор, и трет истрел, и Џелатот се струполи на земјата со очи ококорени од болка. Тој дојде непосредно до безживотното тело, го спушти пиштолот покрај него, плукна врз Џелатот, и низ склештената вилица го истури целиот свој бес.
  -Готово е... Доста беше веќе трпење... Гледаш, и сега немав пари во џебовите па затоа те почестив со олово. Ајде, стани педеру скапан! Стани, да ти ебам мајката курвинска! Не можеш, копиле расипано! Не можеш,а?! Оди сега еби се со ѓаволите, тие сигурно нема да ти дадат пари. Или сакаш уште, а?! Е па немам пари! Но и ова може да ги замени, нели тебе ти се допаѓа, а...
  Го откопча патентот на панталоните, го извади пенисот и почна да уринира врз неподвижното тело на Џелатот. Во очите растеше гневот, се чинеше како да ќе експлодираат во тој момент. Не престана да реди пцовки и почна да онанира. Веќе се гледаше олеснување на неговото лице. За прв пат во животот се чувствуваше моќен, доволен сам на себе. Како да беше единствен на светот. Како се друго околу него да не постоеше. Дури не го слушаше и се погласниот звук на сирената кој го параше воздухот, приближувајќи се кон мрачната уличка.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања








































































  д:дома