т:темплум |
април
Да не се секирате ако ви умре циганката - мајка ми е тука!
Кога сме веќе кај фрлање на расипан купус* (фала ти Мими што ме потсети) во понеделникот (з'ш беше неработен ден овде) Стефче се абмицираше да го исфрли купусот и туршијата** и да ги среди бурињата како не би почнале да ни копаат во двор за да бараат распаднато тело, з'ш не само што ни троваше подрумот, туку комшиите почнаа да се шуткаат околу нашата куќа з'ш мислеа дека сум си ја утепала свекрва ми. Што е за право Стефче си побара инсртукции од мене: како да ја изведе операцијата. А јас, паметна на мајка, му реков дека треба да ги фрли во кеса за ѓубре (што би се рекло, да се брца внатре) преостанатите зелки и зеленчуци од бурињата, и водата планирав да ја фрлам во wc шолја. Сето ова течеше како подмачкано иако Стефче ми џиткаше подлед со недоверба. Ги одесовме буренцата позади куќа, никој да не не види, и за брцањето, му врзав три кеси на рака и киднав на вториот спрат од другата страна на куќата. Правиот проблем настана кога Стефче ги отвори бурињата: почна да урла од надвор, а јас горе помислив: земјотрес!!! Се стрчав кај него (мама ми викаше дека на мака се познаваат јунаци, и јас, паметна на мајка, си ја слушам) и констатирав дека тоа ми е еден од најглупавите потези во животот: вие не знам дали сте доживеале во животот таква реа: искакана бебешка пелена и стоена 2-3 дена, мириса “куту парфем” во споредба со ова. Тука ни гас-маска не ти помага брат. Стефче се смее и урла (нешто како хистерија, веројатно од гасовите?!), а јас почнувам исто така да се смеам хистерично со нагони за повракање во исто време. Целиот тој процес после тоа ми е малку во магла, ама знам дека немаше шанси тие буренца да ги внесеме во куќа и да ги истуриме во шолја. И најважно, го научив маж ми дека во ваков случај, одиш кај комшиите и нив им го фрлаш ѓубрето во двор! Веројатно е излишно да спомнам дека мојот “кеса на рака“ метод, беше чиста утка. Наредните 2 дена куќата ни троваше. Дури денес се живее. Така да кој сака да ми дојде - не се секирајте: сигурно е сега.
|
e:електролит конкурс | ||||
а:актуелен конкурс | а:архива на конкурси | |||||
р:рокови | д:досегашни конкурси | |||||
п:праќање | н:награди | |||||
а:автори | з:застапени автори |
|||||
р:раскази | з:застапени раскази | |||||
н:наградени раскази | н:наградени раскази | |||||
в:ваш избор | в:ваш избор | |||||
д:други текстови | в:вон конкуренција | |||||
п:праќајте ни други текстови
(песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс... |
||||||
в:ваши предлози | ||||||
п:прашања
|
д:дома |