т:темплум  

 

април
п:
папратчиески трпослав


а:
алиас:командант Седмица
г:години:33
п:професија/интереси:заврзан анти уметник - пломбиран крт
н:нешто за себе:пишувам зборови
alias_sedmica@yahoo.com

 

б:брчка

  Погледна во огледало, рефлексија на лик, брчка нова, старост грнала.
  Излези надвор, секое движење, секој звук, дава мир-дофати.
  А, ветрот дошол да види перцепција:
  Времето минува или вечност се претвора?
  Којзнае?



у:улични одачи

  Премина. Остави траги од чевлите на тревата. Погледна од страна, да се осигура. Прелетуваа возила. Покрај.
  Ноќта ги заплашуваше неспокојните:
  - Не тргнувајте, патот е полн со непријатности. Одете одоколу.
  Со вкус на симнати облаци, обвиени околу зградите. Следеа. Движење и сенки, да ги покријат недостатоците. Затскитани звуци на темнината прекорени да бидат молчеливи и да изникнат за незаборав. Крици на ноќта, што се криеа. Демнење на острите од привлечната оддалеченост на предметите, внатре во мракот. Затскривање.
  Полека нереметејќи, збир на звуци од претворено движење, создаваа музика во ноќта. Човечки од, занесување на сенката, издолжување и следно подготвено пречекување, од следната улична светилка.
  Шахтите нудеа реа, затаена, но скиселена. Застоена, претворена ко уста што дише, немиени заби.
  Прескакаше. Мирисаше, избегнуваше мириси, гледаше околу, без поглед, претчувствуваше. Собран набој од сетила. Скаменети движења што создаваа звук на неподобност.
  Крстопат. Непознато. Кој беше правецот. Семафорот имаше притаени три бои. Исти. Црвени. Правец неодлучен. А избор, недефиниран.
  Застана. Престана крстарењето на улиците. Изгубени сетила, допирите на тлото предизвикуваа тежина. Немаше промена. Светло, контраст, боја на лице. Фрагменти на љубопитност на погледот. Нијанси на кристалните одблесоци, вратени.
  Звук, изникнат од темнина. Наближуваше, по зголемување. Од нијанса, во боја, до одблесоци на боите. Се препознаваше силуета, откривање од зад. Дојде нов уличен ходач. Го погледна семафорот. Застана.
  Темнината го покажуваше својот лик. Ги претстави облиците, многу бои, црти, нијанси. Ликови. Звуците надоаѓаа попречувајќи ја ноќта да остане својствена. Ја издадоа нејзината доверба. Застануваа.
  Натрупани лица, недопрени, без емоции. Зјапаа. Бојата на семафорот. За сите иста, различен агол. Различна просторна поставеност, но сличност во видикот.
  Дали беше претставена затскриеноста, прозваните беа тука?
  Беа прозвани. Да застанат.




п:приказ

  Во ќошот застанат. Го избра горниот, десно. Беше скупчен. Со двете раце се потпираше на ѕидовите. Употреби мусклули и одговараше на предизвикот да притисне. Како да ги имаше залепено рацете по страничните ѕидови. Жилавост од мускули набрекнато, затегнати. Главата свиена надолу, со прекорен поглед, во точно одредена точка. Загледан над вратата. Очекуваше да дојде некој.
  Мачката го издаваше со мјаукањето. Го гледаше неповерливо. Како да сакаше да се симне.
  Сепак останаа небрекнати мускулите, за да почнат да се тресат, по малку. Ги згрчуваше, да ја згусне цврстината.
  Го повикаа овде, да му доделат признание. Го излажаа. Сакаа да го затворат.
  Ненавикнатост на клаустофобијата на аглите, ги истуркуваше. Од себе. Сосила. За да се искриват. Можеби одвојат.
  Чекаше да ја отвори вратата, да влезе неподносливиот лик. Да се спротистави, на приказот на екраните прикажани секаде. Однадвор, а внатре само ѕидовите.
  Се обидуваше да ги извитка аглите. Додека чекаше.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања





























































 

  д:дома