април
ј:јаулеска климентина
г:години:21
п:професија/интереси:студент на
Факултетот за Ликовни Уметности - Скопје/сликарство, фотографија,
пишување, читање
д:досега објавено:издадена една
збирка поезија
metal6tinit@gmail.com
д:два пати разбуден
…………………………………
Едно двегодишно дете на тревникот си играше со куп стари ножеви, упорно го гледав и наеднаш почувствував љубов. Наредниот миг на кој се сеќавам го прегрнував ножот, откако му го украдов на детето, па тоа почна пискаво, трескавично да плаче и да се сече по рацете.
…црвенило насекаде, дури имаше и зелени нијанси во сета крв што истече…. Две секунди се двоумев што да направам: дали да му ја вратам “играчката”
што толку многу, незнам зошто, ја посакував, па така да ставам крај на сета иронија; или да продолжам задоболен, па нека вришти до смрт??....? Себично заминав.....и се разбудив.
Мамурен од тешкиот сон, како некој со лопата да ме чукнал по глава, ми се пријаде кисело млеко, сигурно ќе ме освежи..... но си помислив, немам крава па набрзина да ја измолзам и после неколку сточарски постапки, за релативно кратко време, да добијам кисело млеко. Па најлогичната мисла што во тој момент ми пролета низ глава беше да отидам до најблиската продавница и за релативно пократко време да си го купам задоволството.
Тргнав. На видик продавницата, ја отворив вратата, направив два чекори и погледнав, чудно!!! Се вртам лево-десно барам кисело млеко, нема! Очајно погеднувам горе, па и долу, нема и нема и нема…… и што сега?! Што ќе правам јас сега, како да излезам од ова сурово и ништожно место и да продолжам да живеам без моето кисело млеко. Мојот живот ….веќе нема смисла во овие моменти и понатаму.
Ја подигнав главата, со поглед низ солзи видов едно старо кесиче Кечап, како нежно, иронично и по малку мудро ми се насмевнува. И бидејќи јас од искуствата во животот читам реакции, препознавајќи и претпоставувајќи што точно би можеле да значат, дедото Кечап ми рече: “Слушај дете,не тажи, зошто животот е како мене, ако ме боцнеш ке истечам бавно, а ако ме згазнеш…”. Тогаш замолкна, јас направив кисела љубопитна фаца, прашувајќи: “и што и што?!”, тој почна да се дува и дува, јас ги ококорив очиве од страв, но за миг морав инстинктивно да ги затворам. Стариот кечап експлодира од возбуда врз мене.
…црвенило насекаде, дури имаше и зелени нијанси во сиот сос што истече….
За жал не ја слушнав поговорката до крај, но ја видов и по малку вкусив, па после целата таа смртоносна случка веќе не бев мамурен, а кисело млеко ама ич не ми се ни јадеше.