т:темплум  

 

април
ј:
јанаќиевска марина



г:
години:23
п:професија/интереси:тазе дипломиран филолог по општа и компаративна книжевност/Покрај книжевноста ме интересира и се друго што се нарекува уметност, креативност - зависник од убавина со смисла. :о) Сакам да сликам, да цртам, сакам виртуозни џез импровизации - Дјук Елингтон и Чарлс Мингус.
н:нешто за себе:се обидувам да ја најдам суштината на нештата и при тоа да бидам искрена кон себе, а потајно се надевам дека таа суштина нема да ме разочара. Можеби и не е така сложено, се обидувам да пронајдам мир во себе. Пишувам од 9 години, имам повеке огромни тетратки со текстови од различен жанр, ама до сега се немам обидено нешто да објавам.


к:кој верува во љубовни приказни?

  - Кој верува во љубовни приказни? Ни ги раскажуваат како деца, веруваме во принцови и принцези и што потоа?

  Го собираше својот генијален ум, пробуваше да ги состави сите парчиња што беа расфрлани околу него, но не успеваше и затоа реши да се прави дека така требало да биде и дека тоа е правилно- да шета наоколу фалејќи се со својата растргнатост. Тој мозок беше мозок на гениј, но кој знае каде заврши генијалноста кога започна глупоста. Господ му даде дар, го награди од самото раѓање со дар- да биде секогаш чекор пред другите, да знае што е добро, што лошо, да знае како се стига до висините господови, па затоа се што правеше правеше природно и никогаш не грешеше. Доби чуден дар господов, и го користеше правилно се додека не сфати дека се наоѓа во свет полн со несовршености, свет полн со несоодветности и реши да се преосознае себеси. Го стори тоа по пример на оние кои беа осудени да лутаат низ вечноста и никогаш да не се спознаат, не размисли кој е тој и тргна по патот на “сите”, заборавајќи дека бог намерно него го создаде целосен и го предодреди за поголеми работи од оние земните.
  Господ му даде талент. Го создаде како уметник, но и го прати меѓу луѓе кои носат светлина во срцата за да биде подготвен да прави дела вонвременски и натчовечки. Бог имаше намера, но повторно се јави пречка како онаа што ги истера Адам и Ева од рајот, ѓаволот- искушувач пак замеша прсти и еве ја божјата творба фрлена во канџите на најниските творби замни, се бори за нешто- кој знае што, се дави и повторно се вивнува, сака- а не знае што сака, се губи и станува дури и потпросечен...
  Господ му даде и друшка за заедно да се качуваат по скалилата божји- да не биде осамен во генијалноста, но тој ја избрка и неа здружувајќи се со гадинки и изроди земски. И мислеше така треба, поверува дека така треба, реши да биде лош, да заборави на сè со што беше задоен и поверува дека е роден да се мачи во калта, заборавајќи дека е створен да живее во висините. Господ Бог не знаеше што треба да стори, плачеше над своето чедо и се обидуваше да му прати знаци со кои ќе го избави од бедата, но се беше залудно, неговиот избраник ја имаше собрано на своите плеќи сета земска беда и тага, составена од пороци и најниски страсти. Неговиот мозок беше мозок на гениј, но кој знае каде заврши... и зошто така заврши? Сега веќе секоја дразба беше без глас, секој збор остана без моќ...
  Неговата друшка беше поет, поет занесеник, но и непоправлив зависник од убавина, но убавина со смисла. Таа неизвалкано веруваше во вистинско и вечно те сакам, сакаше сонце и се радуваше на плишани мечиња. Зборовите господови си ги повторуваше везден и црпеше од нив смисла, но и наоѓаше во нив другар во моментите полни со осаменост. Од тоа се состоеше нејзиното постоење, Бог ја сподели и со неа својата тајна и таа ја ценеше и почитуваше онака како што треба иако среќата не беше секогаш на нејзина страна. Ужасно многу ја болеше што нејзината инспирација се претвори во ништо и што ништо не можеше да стори во врска со тоа. Зошто? Не можеше да поверува дека сè било лага бидејки постојано комуницираше со Бога, но не знаеше дека и Бог е преплашен од сето она што се случуваше на земјата, тој не сакаше да ја преплаши и неа уште повеќе.
  Почна сосема наивно, нејзиниот долен веш полека ја изгуби бојата, нејзината убавина изгуби смисла и значење, нејзината насмевка го изгуби сјајот, за на крајот нејзиниот ум да ја загуби сета моќ што ја имаше некогаш. Најпосле доби одговор дека сè што му се случува со неа е неизмерно здодевно, и дружењето и сексот, дека немаат заеднички интереси, а единствен негов интерес беше музиката и порокот. Кревка и малечка неговата друшка не можеше да стори ништо друго освен уште еднаш да заплаче со надеж дека и ова ќе помине, или да почне полека да се помирува со тоа дека ќе мора да го концепира својот живот без него. Што и преостануваше неа освен да се повредува себеси или да повреди некој друг во моментите кога се кршеше се во што некогаш верувала, како требаше да постапи кога се сруши единствената работа за која била наполно сигурна?
Господ Бог се разбира беше со неа. Не можеше да ја поштеди од тагата, но не и ја уништи вербата и таа остана да живее и да верува, а тој повторно заплака бидејќи злото што го имаше пратено да ги покоси неправедниците го повреди и неговиот миленик.

- Кој им го расипа сонот на малите деца, кој им ги замени приказните со судбини?

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања







































































 

  д:дома