т:темплум  

 

април
и:
играч



www.igrac.blog.com.mk

 


м:мојата улица

Почнаа да пиaт кафе скришно... Било убаво. Имаше и една тегла мед со саке. Посегнаа дури и по цигари. Беа тоа момци постари од мене по 2-3 години, од истата улица. А за мене немаше никакво значење, и немаше никаква смисла ни цел: ниту кафето, ниту филмовите, ниту цигарите... Единствено медот го голтав. Пресвртот беше многу ефектен и атрактивен. Така, поминаа 2 години пред да се најдам со својата улица повторно: а таа ми понуди и кафе, и цигари, и нешто што многу слично, а сепак сосема различно, а кое го гледав, толку за да можам да кажам дека сум го гледал. Целиот мој живот, од аџилакот со Пеце, освојувајќи го западот преку исток, преку бегството на север, преку искрениот бунт на мојата улица, иако се одвиваше во тајност, до подоцна, и шармантните начини на одвојување(денеска ќе се облечам спортски, и ќе ставам многу приметлива јакна ќе биде многу закон), од утре два месеци ќе се посветам на заебаната јапонската поезија, а после тоа на јужноамериканската литература која беше ептен закон...) беа стапувања во слобода и смешни до тоа да се помочаш у гаќи... Сепак, на мојата улица, се случи најдрастичната најубавата револуција. Почнавме вистински да пиеме кафе. После почнав и да уживам во него. Се остварував како буљаш, преку аскетски направените изработки кои беа фрлени на подот и оставени на милост и немилост да лежат за секогаш. Го скинав шеќерот а тоа ме потсеваше на укинување на закони у влада. Го пиев после стандардниот оброк: јогурт и ѓеврек, а со него одеше по едно скапано јаболко...Остро и тврдо месо, благ вкус... Една од трите цигари во денот. После тоа се гледав со кафеавите очи на мојата улица. Имавме сосема различни кожи:) а тоа беше единствената достојна причина да ја разликуваат од мене. На мојата улица бараше многу одење затоа што беше нова и уште не направена со цименто туку јас кога немав што да правам ги броев стапките на луѓето што одеа наваму натаму. „Глупавиот алкалоид кои некои стари мислат дека нешто ќе им подобри беше голема пропаст и перење пари...Најголема концентрација на кафетин се постигнува кога ќе го истискаш со прсти...„ И на крајот беше Хаос... Ме виде еден доктор еднаш со цело тенџере вода и неколку кесички кафе: некогаш прочитал дека ако се конзумира доволно голема количина на кафетин, може да има хипнотичко дејство. На Север научив сосема нови начини на припремање убава верзија на црно кафе и друго. Нема да навлегувам во тоа. Ме држеше некое време, благата киселина од Северното кафе. Сепак беше горко. Се навлеков на горчливоста... 3 цигари дневно прејдоа на 3 цигари по шолја кафе. Барем. Не јадев никакви јаболка, бисквити, не беше на некој оброк, ниту придружник на некоја средба, стана „кафе само по себе„. Е тогаш вистински стапив во својата слобода: дури кога можев горчината, до степен на неподносливост да ја осетам на коренот на јазикот. Топлината на течноста заедно со топлината на димот да ја дегустирам на горниот дел од непцето, а аромата да ја пуштам да дише по многу студените ветришта што малку ке ме одвее. Понекогаш, желудникот надразнет, враќаше со свој придонес: својата киселина ја враќаше до грлото. А воопшто не беше кисела. Беше цреша на овој богат куп на горчливости. Бев во состојба сосема да се засакам во некоја, доколку приметев дека ја негува истата наклонетост кон оваа толку типична работа. Доколку некој се фатеше за џебот посегнувајќи кон цигарите, и побараше кафе „без шеќер, нормално„ додека зовриваше водата, останував загледана во тој пар очи обидувајќи се да сее уверен до крај, дека ја имаат желбата преку горчината да отидат на Запад, да се уверам дека тоа е можеби единствениот мотив кој ги движи. Ја видов мојата улица после 3 години. Се разделивме со нејзините ветување „е па ај ќе поминам од кај тебе да ми понудиш кафе...„ Во кој правец, и дали воопшто имаше правец тој нејзин чекор кон влегување во состојба на најголемата слобода нормално дека не знам, и нормално дека не престанав да се обидувам да дознавам. Се обидував да ја сфатам вистината, дека еден правец не е возможен: оној назад. Горчината никогаш не триумфирала толку величествено. Тогаш под притисокот на топлиот ветар, и тешкиот и спор ритам кои го оспоруваше мојот здив да диши се потешко и потешко додека еден миг не заврна. Свеќите едвај остануваа запалени. Сега сите свеќи беа изгаснати, а единствен начин да знае дека врне е кога ќе ја осетам горчината на коренот на јазикот. топлината на течноста заедно со топлината на димот да ја дегустирам на горниот дел од непцето, а аромата да ја пуштам да дише по ладните ветрови таму некаде далеку.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























































  д:дома