април
ч:чабаркапа милена
г:години:19
п:професија/интереси:студент/читање, пишување, интернет, јазици, музика
д:досега објавено:ништо
millaavanillaa@yahoo.com
с:странецот
Порака: "Тука е." Ах. Олеснување. И чудна трема. Брзо напуштање на трговскиот исполнет со топлина која тежеше, но тоа повеќе не беше важно. Некои притаени насмевки го нижеа патот кој не беше воопшто далеку од местото од каде што стигна пораката. Кога ја препозна зградата која ја напушти пред неполн час, чекорите станаа уште позабрзани.
Влезе внатре, во веќе позната просторија која нудеше пријатно чувство, чувство кое го делеше со уште неколкумина. Сепак, главното случување беше на вториот кат, па таму и се упати. Одеднаш се помеша помеѓу цела толпа која разговараше, се смееше, дел мирно седеше и гледаше некоја претстава, а друг дел го нарушуваше тој мир и едвај дофатената концентрација со разминување и дофрлување.
Во таа мешаница, тешко беше да се пронајде она по што таа беше дојдена. Но, само во првата минута. Потоа некако се водеше таму, иако немаше некоја причина за тоа. Причината беше откриена по само некоја секунда, кога се откри и најубавиот профил, таму меѓу десетици други, погледот кој збунуваше и кога не беше директно упатен во нејзините очи, насмевката која полека како мед се разлеваше по толку нежното лице.
Совршенство.
Совршенство кое беше набљудувано за да му се најде мана.. толку неуспешни обиди. Таа веќе не се обидуваше тоа. Овојпат сакаше целосно да му се препушти на убавиот странец, но токму тогаш и толку непланирано од нејзина страна, тој го сврте погледот таму каде што таа стоеше и ја натера да се повлече зад столбот на кој беше потпрена. Со спуштени раце покрај телото кои цврсто го држеа столбот кој сега веќе беше позади неа, со глава наведната на истиот и поглед кон плафонот, си се насмевна самата себеси. Сето тоа и изгледаше толку будалесто, па почна да шета наоколу за да проба да им препушти некои други мисли на нејзината глава која упорно одбиваше.
Размислуваше.
И тогаш кога полека и сама се движеше помеѓу изложените дела на некоја уметничка. Размислуваше на неговата уметност. Во тој момент посака да биде критичар. Да напише нешто.. критика, статија, книга?? И почна. Со неговото движење. Толку умерено што убива. Бара жртва. Толку лесно, а тресе земја. Ја префрлува главата на друга страна, погледот го задржува на истата. Таков момент морници создава. Онакви слатки и бескрајни. Неговите очи, привлечна мистерија, премногу силен магнет кој контролира, а не сака да биде поразен. Дали некогаш бил одбиен тој поглед? Тие очи кои се насмевнуваат заедно со препривлечните усни. Во нејзините мисли толку полека се движат, како успорено вртење на лента на некој филм. Се движат, раскажуваат нешто, а длабокиот погледот не мирува. Бара други погледи кои се би дале за тој еден поглед кој растопува. Кој растреперува и размрдува коленици. Таа седнува. Можеби така ќе може полесно да го поднесе тоа што тој упорно го приредува, без никаква милост, без да праша дали смее.
Тука е веќе полесно, си помислува. Се случуваат разговори кои ја опуштаат атмосферата, ја менуваат сферата, го оставаат него некаде позади, не за долго. Такво нешто воопшто не постои.
Погледот.
Го бара, мислите го замислуваат, си го цртаат сами и го гледаат пред себе. Премногу реално, дури и збунува. Тој е сега пред неа. Повторно разговара, но како да не му е тоа важно. Важна му е таа. Тоа таа го чекаше. Да му биде важна, да му биде блиска, да го ужива. Не се ни прекори дека е толку алчна и себична. Тоа беше таа. Во уметноста.
Мислите.
Почнуваат да забрзуваат, да смислуваат, да измислуваат, тоа што на ним им се допаѓа. Креатори на сопствена илузија, која подоцна ќе ги убие и ќе зажалат за се. Најмногу за илузијата дека тој е тука до неа, но не со неа. Сепак до неa, со погледи за неа. Си повторуваше: Трепни! Трепни...
Трепна.
И ги затвори очите. Кога веќе ги отвори, тој не беше тука. Успешно се извлече, несакаше да си роди нова илузија во која ќе треба да живее. Доста и беше од тоа. Со задоволство си допушти една мала насмевка на олеснување, која беше скриена од цела таа толпа, а прекината само од еден допир.
Допир.
Повторно мистерија. Една цела вечност мислите размислуваа чив е тој допир, бидејќи телото оддаваше нешто непознато. Се и беше збунето, а доволен беше поглед нагоре и се ќе беше откриено. Си го одложуваше задоволството. А, како ли беше сигурна дека е задоволство?
Интуиција.
Не ја излажа. Ја збуни, но не дозволи да остане со отворена уста. Само еден прашален поглед на лицето, за кој мислеше дека не е на место, но веќе немаше назад. Имаше разговор. Имаше среќа. Нетрпеливост. Брзо играње на ногата под столот. Никакво трепкање. Ако трепнеше ќе го изгубеше повторно.
Не го изгуби.
п:погрешни
Беше тоа ден, прво облачен, дождлив, па сончев.
Во секој случај - беше топол ден кој тежеше на моменти,
кога сонцето и облаците неможеа да се договорат кој да доминира.
Зошто воопшто некој мораше да доминира..
Беше.тоа.ден.прво.облачен.дождлив.па.сончев.Во.секој.
случај.беше.топол.ден.кој.тежеше.на.моменти.кога.сонцето.
и.облаци-те.
неможеа.да.се.договорат.кој.
да.доминира..Зошто воопшто.некој.мораше.да.доминира..
Бешетоаденпрвооблачендождливпасончеввосекојслучај-
бешетополденкојтежешенамоментикогасонцетоиоблаците-
неможеадаседоговораткојдадоминиразоштовоопштонекој-
морашедадоминира..
-----------------------------------------------------------------------------------------------
И тој истиот ден не поминуваше. Се вртеше во круг.
Немаше никакви агли каде што може да се застане и одмори, немаше место за
земање воздух. Или ќе го следиш кругот, или ќе се изгубиш во кругот.
Тоа категорично го диктираше тој ден.
А, имаше ли воопшто разлика во тоа што тој го нудеше како избор..
Тој круг се вртеше во тој ден. Или обратно - сеедно.
Барбара и се јави на својата пријателка и и соопшти дека е пристигната.
Таа само се поткашла и веднаш се симна да ја пречека. Веднаш и тргнаа.
А, уште побрзо и заврна. Само си помисли: Каков е овој ден што завршува
пред да почне? Сепак, тој ден поинаку беше планиран. А, некогаш залудно се
планира. И тоа си го помисли, малку подоцна. На вистинскиот крај на тој
ден.
Барбара е една девојка која што беше тешко да се опише.
Ни самата Морис незнаеше кое мислење да го има за неа, Барбара секогаш
успеваше да и ја промени секоја идеја што ќе и поминеше низ глава.
Тогаш и се откажа од мислење во врска со тоа. Тој ден.
Сен и Зуно, истотака, посебна приказна. Барбара ги форсираше, им се
јавуваше постојано, ги бараше и ги викаше, Морис тоа само го гледаше од
страна и пробуваше да си го затаи ликот, зашто ако ја издаде повторно, ќе
биде осудена повторно. Мораше да ја игра истата игра, зашто сите играат
нешто и така си формираат секција. Морис никогаш не сакаше да глуми, и се
чудеше зошто
сите го очекуваа тоа од неа. Сите мислеа дека е брилијантна во тоа, а таа
само го сакаше стабилното чекорење по земјата, реалноста и реалноста.
Сакаше да се намурти кога така чувствува и да се смее кога така ќе и
дојде. Другите сакаа се да биде обратно, а тажно е колку успеваа во тоа.
Затоа и Морис беше тажна додека ја препознаваше целата глума на Барбара,
Сен и Зуно, посебно на Сен.
Тажно и беше тоа што неможеа да гледаат колку и да им беа отворени очите и
тогаш почнуваше да ги сожалува. Тогаш повторно - ништо не се менуваше.
Морис тој ден имаше фиксирано некоја насмевка која на моменти овенуваше,
но тогаш само беше прекорувана од нечив поглед, и се свиткуваше уште
повеќе. Немаше избор, сама ја одбра таа улога. Денот веќе достигна пладне,
пладнето не најавуваше некоја промена, иако таа јако ја предизвикуваше и
посакуваше, дури и како импровизација.
Сега денот ги префрли сите ликови на друго место, слична локација, со
помалку трева, повеќе луѓе, помеки фотељи. Првата добра работа овој ден.
Меко место за опуштање, колку-толку, константираше Морис, прелистувајќи си
ги во глава плановите, сеуште неисполнети, стојат како запис за тој ден
кој треба да се
прецрта пред легнување истиот ден. Морис тогаш прв пат се покаја што е
толку
амбициозна и несака да разочара никого.
Зошто кога сите ја разочараа неа? По неколку пати. Доволно за да се
свести.
Што ли сакаше да му докаже на светот, кога светот веќе и докажа дека нема
простор за такво нешто. Не е разбрана и крај. Не, тој ден немаше крај.
И фотељата, таква бела и удобна, требаше да потсетува на нешто мирно и
чисто, и се причини како измама. Без размислување се поткрена од неа, се
поздрави со Зуно, со лесно движење преку масата му ја допре дланката и се
насмевна. Искрена насмевка беше тоа. Втората добра работа овој ден.
Преспивање секогаш помагало, но не. Дури и алармот беше погрешно наместен.
Am наместо pm. Се водеше кон тоа да се избегне крајот на денот. Денот
воопшто. Потсвеста ја издаваше Морган, но тоа не и пречеше. Ќе беше и
подобро да не станеше, барем не додека важи истиот ден, но се најде нешто
што ја сруши и ваквата идеја.
Потоа следуваа само прегратки кои ги избегнуваше со едното рамо, а со
другото се чудеше што се случува. Она е чудна или сите се чудни.
Храна, сокови, музика. Подоцна само музика. Вода. Гужва. Многу гужва.
Значи уште повеќе улоги. Една улога не разбираше буквално ништо, Морис ги
мразеше илузиите на таа улога. Празни муабети одбегнуваше колку можеше, но
тука само такви постоеја. Друга улога нападно и ги бараше дланките во таа
темнина, а кога ќе ги дофатеше, Морис полутивко ќе се проколнеше.
Третата улога, како и сите останати, патеше во своја мисла, ужасно.
Погрешни луѓе.
Барбара ја немаше. И Сен и Зуно беа отсутни во тој дел од денот. Проклет
ден. Други ги надокнадуваа нив. Морис дури и ги посака. Навикна на нив и
на тоа што тие го правеа околу неа. Колку и да се сопираше - ги сакаше.
Реши да си замине. Неможеше да спие, но знаеше дека кога е сама не може да
си направи нешто што не го сака. И остануваше само да ги истрие образите
од сите допири кои ги поднесоа тој ден. Да ги протегне рацете од сите
прегратки кои ги стегнаа таа вечер.
Ја слушна својата омилена птица за прв пат таа година. Третата добра
работа.
Морис се претвори во молк.