т:темплум  

 

maj
а:
анета анета



с:студент
mail:misli_si@yahoo.com



o:ослободување на волкот

Во мислите те прашувам каде беше тој ден кога почувствував дека ми требаш. Ти ми одговори дека си загрижен што не ти се јавувам на телефонот што ми го купи за роденден и што не ти враќам мејли на интернет. Замисли: Колку не сме слични! А сепак еден ден, или една поинаква подруга вечност потоа кога место да се провлекувам и развлекувам на твојот кревет јас ќе го читам Степскиот волк онака, за инат. И главата ќе ми беде заматена затоа што веќе е доцна за било што, а јас ќе имам сили да се качам на Марс само за да помине таа моја налудничавост. И токму тогаш ќе дојде тој што беше веќе неколку пати тука исто како што е сега и ќе ми ги понуди своите цигари.
-Ајде да пиеме кафе, ама кај мене. Никогаш не си пиела кафе кај мене а јас често доаѓам…
Што да ти кажам. Степскиот волк е убав за читање кога си луд тинејџер заљубен во чудни книги. А вака само ми ја замати главата да ми се чини дека на ниту едно прашање што постои на светот нема да знам што да одговорам.
-Ајде, само реков без да знам дека овој пат Лудакот не го убиваше љубовта туку неизвесноста. Тогаш можеби само сакав да бидеш ти тој што ќе исчезне од мојот свет.
Наместо тоа сега те чувствувам како се силиш и сега си уште повеќе жив.
Девојката влезе во собата. Таа, јас не можев да знам дека бравата можеби е расипана и дека овде има едно дупче низ кое с# се гледа и с# се слуша, кој и што прави во таа соба. Кажав дека само што го прочитав Х. Хесе и дека главата ме мава како да имам некој голем вулкан во неа. Не забележав и дека кафето што било варено вчера не е испиено. Наместо тоа почестена од гостопримството не се побунив кога видов дека воопшто нема шеќер, а с# ми се чини како да сакав да има. Сепак првпат доаѓам, вториот пат ќе биде подобро. Треба да се има култура барем како за прво идење на гости. Почитуваниот заклучи и ми даде до знаење дека кафе воопшто нема и дека и вчера вриела само вода.
- А така значи, зошто ме викна…
- Долго време те гледам, мислам на тебе, те посакувам…
- Имам друг.
- Еве вака додека разговараме чувствувам како се заљубувам во тебе се повеќе и повеќе..
- Пушти ме!
- Зошто дојде ако не сакаш?
- Да пиеме кафе…
- Кафе на друга планета. Тука има нешто друго.
- Пушти ме!
- Не плаши се! Сакам да разговарам со тебе, сакам да те ебам, сакам да викаш, сакам потоа да пијам кафе, кога би имало, на оваа или на друга планета. Сакам да крвариш и да те влечам по улиците и да ме сакаш. Да, тоа најмногу го сакам…
- Пушти ме! Ќе викам!
- Да, да сакам да викаш. А јас да слушам. Знам дека сакаш.
- Пушти ме!
- Нема. Сакам да ти биде убаво. Убаво ти е… Знаеш твојот газ ми личи на земјата, има две половини. Вие девојките само тоа сакате. Јас сакам филџанот да го ставам на твојот газ. Ама ти не ми дозволуваш. Многу мрдаш!
- Аааа…
На прв поглед ми изгледаше само како да нема да пиеме кафе. На втор, помислив барем бакнување, на трет силување… Четвртиот поглед не можев да го сфатам. Заминав од собата со раскрварени усни и тело, бавно речиси влечејќи се по земјата. Моите очи махинално поминаа во темниот ходник и не видеа ништо. Ниту мене. Заминав без да се видам, можби не гледав ништо воопшто. Или немаше што да се гледа. И тогаш во мислите беше само ти. Дали затоа што можеби те измешав во кафето место шеќер.
И пак никогаш не ме слушаш што ти зборувам. Можеби затоа што не си тука, а таму си. Сакам да си овде. Како да те допрам. Како да те спомнам, како да те држам за раце кога ти си тој што не се појавува. Само во мислите те прашувам зошто си луд. Зошто сум со тебе. Кој си? Што си? Ти, тој другиот кој ме има, кој нема потреба од мене освен кога треба да се регенерира влакното, животот… Ти си еден нов поинаков мој воин кој ме тера да живеам без да сакам, да пијам без да ме фати виното, да играм без знам што и на крајот од сите краеви ти си тој што ќе ме остави да ме снема, да продолжам по патот кон дивините или назад без да те допрам зошто ти си човек, а јас облик на обична обесчестена девојка, таа која никој не ја гледа и која не заслужува ниту една човечка солза. Девојка, некоја убиец на љубов, која ако излезе по долгите години од кафезот нема да знае да се сеќава на тебе. Можеби еден ден, мој мил, ќе ти пишам маил или порака колку да знаеш дека во твојата соба повеќе никој не влезе, а не ни излезе.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања











 

 

 




 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 





 

  д:дома