т:темплум  

 

април
а:
андоновски златко



г:
години:20
п:професија/интереси:ништо не работам и ништо не ме интересира
н:нешто за себе:колешка ми (спомната во еден од текстовите) ме гњавеше да ги праќам овие, на мене сам немаше да ми текне.
zelda@unet.com.mk




d:death-metal проза за мали цвеќиња

Еднаш некој ми кажа дека сум бил чуден. За среќа, пред мојот мозок да заврши со интерпретацијата на коментарот и потенцијално да го протолкува негативно, мојот соговорник ме потапка по грб со страничната нога, и кревајќи го грбот за да може со рачната уста да стигне до храната, ми се насмеа со окото небаре додавајќи дека да се биде чуден, во поголемиот број случаи, и не е воопшто лоша работа.

Еднаш некој ми кажа дека чудно сум се однесувал со луѓето. Не лошо, чудно. Истиот човек потоа се претвори во пеперутка и одлета некаде, не знам дали далеку и блиску, но знам дека веќе не го видов.

Еднаш некој ми кажа дека сум бил празен. Тоа ме замисли, па напишав речник. Кога заврши со печатењето (бидејќи нема шанси речник цел да го пишувам на рака, не зезајте) и се олади мастилото (бидејќи уште имам страв од размачкување кога се печати нешто на висок квалитет), го отворив и го побарав значењето на зборот "љубов". Оттогаш не сум се погледнал во огледало.

Еднаш некој ми кажа дека сум бил ненормален. Го послушав и си ја продадов среќата за пари. По некое време ми се здосади целата работа и си ја откупив пак. Никој веќе не ме нарекол ненормален. Ама повеќето ме гледаа малку чудничко.

Еднаш некој ми кажа дека сум бил полн само со омраза. Ме трпеше некое време, но потоа без да трепне ме уби. Сега јас сум тој.

Еднаш некој ми кажа дека треба да отворам блог. Долго време гледав наоколу по собата пробувајќи да се сетам кој ми го кажал тоа. На крајот се сетив дека имам навика да си зборувам сам со себе.

Да, некој ми кажа дека сум имал многу лоши навики. Ги испукав прстите и, одејќи накај најблиската фастфударница, решив веќе да ги немам. До ден денес се самоуништувам за да ги истребам.

Еднаш некој ми кажа дека сум бил глуп. Е, тој беше во право.



м:местото каде ќесите личат на мачки

Готово е веќе, нема никаков сомнеж. На исто место се случува веќе два пати по ред. Гледам нешто што ми личи на мачка, а тоа испаѓа дека е ќеса. И тоа најобична, нималку мачкеста ќеса (иако веќе може да се стави под знак прашалник мачкоста на состојките од кои била произведена). Можеби беше истата од минатиот пат, иако не верувам, бидејќи под "минатиот пат" подразбирам "пред едно три недели".

Не, не ќе да е истата. Многу поверојатно ми паѓа тоа дека се работи за место на кое насилно умрела некоја мачка. Нејзиниот дух е сега засекогаш проколнат да... мачкува (да, за жал навистина не знам што прават мачките) на тоа место. Во нашиот свет духот може да се манифестира само преку ќесите кои случајните (или пак намерните) минувачи се доволно љубезни да ги фрлат каде што им текнало, поточно се доволно љубезни да им текне да ги фрлат токму таму каде што може да се манифестира мачката.

Одеднаш ми текнува и друга теорија. Денес кучињата се особено лошо настроени кон мене. Да бидеме на чисто, кучињата се секогаш лошо настроени кон мене. Бирајќи помеѓу мачка и мене, 9/10 кучиња и удираат рецка на мачката и трчаат да ме лаат мене. И не, не е ова измислен настан, навистина ми се има случено две кучиња во исто време тотално да изигнорираат мачка заради мене (мачката, колку за информација, беше поблиску до нив). Како што за се (па дури и за ќесите кои личат на мачки) има логично објаснување, има и за ова - тоа инволвира северал биохемиски нарушувања во кои нема да навлегувам во моментот, бидејќи доволно е да се знае дека едноставно тоа е причината што некои суштества реагираат на мене различно што би реагирале на другите. Ама па денес стварно не ме сакаа кучињата. Ме нападнаа три различни банди во текот на денот, од кои првиот напад беше од куче што за време на прошетка со стопанката (инаку баба која не се потресе многу што нејзиното куче напаѓа рендом непознати луѓе на улица) и избега за да тргне по мене. Потоа на тоа му се придружи и уште едно, чисто ради ќеф. Што ако (и/или, во зборовите на мојата колешка Калина - можеби, само можеби) духот на мачката некако влегол во мене? Тоа совршено би објаснило не само зошто кучињата ми се претерано лути, туку и зошто гледам мачки наместо ќеси.

Инаку, колку за информација, деновиве пијам млеко, јадам риба, и приметувам зголемено чувство за рамнотежа. Мислам дека на вас ќе оставам да решите која од двете теории ви изгледа поверојатна. Отидов да си поиграм со клопчето.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори  

з:застапени автори

  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања













 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 







  д:дома