т:темплум  


2007:март/април
жанровски конкурс


т:тренчева надица




 

м:македонска варијанта на шпанска серија

„Значи, дневната соба ќе ја варосаме во посветли тонови, на подот ќе ставиме персијски теписи, за кујната одбрав најнов модел на италијански плочки, а во купатилото планирам...“
Мислата и беше прекината со страсен бакнеж.
„Драга, заборави малку на станот. Насочи се повеќе на пату-вањето кое ни предстои. Нема ништо повузбудливо од меден месец поминат во Куба. А уредувањето на станот можеме да го оставиме за потоа.“
„Барем да се договорам со мајсторите за некои ситници.“
„Шшш... Препушти се на имагинацијата и фантазирај. Откако
ќе ги наполниме батериите, ќе тргнеме во нова офанзива: Уредување на нашето љубовно гнездо.“

Во подготовките околу вселувањето беа ангажирани сите:
Децата ги пренесуваа најлесните предмети, Перо и Божана ги распоредуваа по собите, а најмените работници ги носеа покрупните технички средства. Најпосле им се исполни животниот сон: Раскомотување во голем, потполно нов стан. Кога само ќе се сетеа на годините минати во две собички, а купатилото доградено надвор. Но, тоа е сега далеку зад нив.

Брачниот пар Симоновски се приближуваше кон европскиот континент. Од авионот го посматраа водениот простор држејќи се за раце и евоцирајќи спомени за животот поминат во Америка. По толку години печалба, решија да се вратат дома, и староста да ја поминат во нов, тукушто купен стан. Куќата во селото одамна им беше запустена, а роднините раселени. Затоа се одлучија да живеат во главниот град. Документацијата им беше средена. Им преостана уште да го видат станот.

Гостите доаѓаа и заминуваа. Атмосферата беше навистина жешка. Радиото пуштено до даска, Божана го носеше мезето, а Перо жолтата. Среќата сама им се црташе по лицата.
„Не е секој ден Велигден. Ајде, земете, послужете се.“
Одеднаж, на вратата се појавија две непознати лица:
„Ленинова број 35 - 3 ?’
“Да. Повелете.“ - одговори Перо.
“Извинете, но, кои сте вие и што барате во нашиот стан? И каква е оваа забава?“  - праша Горан видно возбуден.
„Млад господине, еднаш Перо купува стан. И тој не е ваш, туку наш.“
„Тогаш, кој стан е наш?“ - праша госпоѓа Симоновска која само што се нацрта на вратата.

РАСПЛЕТ

Расплет всушност и нема. А натамошниот заплет талка некаде во административните лавиринти на правниот систем. Дотогаш им препорачувам на Горан и жена му да продолжат да ја сонуваат Куба, фамилијата Симоновски да си се вратат во Америка а Перо, Божана и децата... Нека си останат во станот додека не се расчистат работите. Та и тие треба да живеат, нели?

 




 

г:господарот

На крајот од селото се наоѓаше имотот на С.С.: трошна куќич-ка и широк двор. А во него кокошарник, свињарник и штала.
Господар на дворот беше шарпланинецот Мурго. Со својот авторитет држеше се под контрола, или барем така мислеше. Повремените групирања на кокошките станаа позачестени. Незадоволни од својот статус во кокошарникот, го обавестија петелот кој ги застапуваше во Советот на животните. Нивните барања беа следниве:
Изедначување на нивните права со оние на останатите перду-вести животни; усогласување на нивните потреби со потребите на петлите со кои го делеа кокошарникот и намалување на об-врските околу снесувањето на јајцата.
Петелот, кој во суштина беше експресионист, експресно му ги достави на расниот шарпланинец.Овој му вети дека ќе ги разг-леда на наредниот состанок. Арно ама, го замоли да не го ши-ри муабетот, со цел вакви или слични барања да не достават и другите жители на имотот.
Арно ама, кокошката не би била кокошка ако ова не и го иско-кодака на дебелата свиња. Под хитно свињите свикаа состанок со следниов дневен ред:
Подобрување на условите за живеење, зголемување на килаж-ата неопходна за товење и почести контакти со вработените од ветеринарната служба.
Откако беше едногласно усвоен, му беше доставен консензус-от на господарот. Тој малку се намурти и молкум го претрча со погледот. ,, Ќе видиме, ќе видиме.,, Во основа реалист, господа-рот Мурго знаеше дека само со компромис може да ги задово-ли сите. ,, Барем коњите да не ми побараат нешто.,,
Коњите, кои важеа за најпаметни, водени од сопствената идео-логија, уште од поодамна се спремаа за:
Проширување на територијата на движење, поистоветување на нивните амбиции со амбициите на господарот и стекнување на звање - лидери во дворот со оглед на нивните пропорции и ква-лификации.
Сето ова го искажаа на состанокот кој се одржа на чистинката во дворот во моментот кога сопственикот не беше дома.
Господарот знаеше дека ќе биде густо. Мораше да се потпре на некого. Да направи коалиција со некој кој е како него, единст-вен од својот вид.
Кокошките скокаа, свињите грокаа а коњите ржеа. Секој си го баташе своето. ,, Добро, да резимираме. Секому ќе му испол-нам по едно барање. Доколку не сте задоволни, ќе имате рабо-та со моето обезбедување.,,
Сите со нетрпение ја очекуваа непозната личност и се прашу- ваа кој би можел тоа да биде. Тогаш се појави магарето. Иако умствено не беше напредно, сепак телесно им влеваше страв на поголем дел од присутните. Ним не им преостануваше ниш-то друго освен да го прифатат понуденото решение.
И кога се чинеше дека дебатата ќе заврши, од некаде се појави мачорот: ,, Мјау, мене ме заборавивте.,,
,,Ајде оди си, ти не припаѓаш на ниеден табор.,, - во еден глас му рекоа сите.
,,Вие заборавате дека јас ги контролирам глувците. Ако им на-редам, ќе ги изедат сите трици,просо и јачмен. Тогаш со што ќе се храните? Затоа, слушајте ме.Од утре јас ќе бидам господар овде.,,
Можеби и ќе беше, доколку сопственикот не западнеше во фи-нансиски долгови.
Свињите и кокошките завршија во кланица, а коњите ги про-дадоа. Магарето го зеде соседот, а за мачорот никој не се ин-тересираше.Одеднаш, шарпланинецот остана сам. Без потчи-нети и натчинети. Сам, како вистински господар, го чуваше остатокот од она што се нарекуваше царство.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања














































































































 

  д:дома