2007:март/април
општ
конкурс
s:sweden
dejanelo9@yahoo.com
г:години:25
години
н:надежда
последна умира
Јас Мирко звани Бургија
бај д веј ако не сте чуле за мене сум попознат како еден од родителите на
Злате. Така тој јануарски ден спиев тоцно 24 часа и точно у 8 навечер
излегов пред зградата во која живеев со мојата невенчана жена Јована. Се
збираат комшиите за бадник си помислив симнувајки се по скалите . Одеднаш
слушнав викотници .Погледнав сите беа собрани околу болничката кола .
Што се случило запрашав ?- јас Мирко звани Бургија бај д веј ако не
спомнав да запомните добро у поверенје ... еден од родителите на Злате.
Мада зашто така ме викаат не знам но искрено Злате баш и не личи на мене
ама тоа е друга приказна. Е тој јас лично и персонално у прво лице еднина
...пак запрашав : Што се случило ?
Марија , Марија умре реце Баба Благица
А извини комшо а која е таа Марија ? запраша пијаниот Мики тетеравејки се
околу нас .Мики премногу пиеше можеби затоа го остави неговата Есмералда а
можеби И поради тоа кога го фати жив со Баба Стамена во подрумот . Но И
тоа е друга приказна веке.
Е ебем ти живот викна чичко Боро ...а кај најде сеа да умре да ми квари
расположение, не можеше да умре ко цел нормален свет ...утре да му ибам
мајката...поцна да пцуе а од неговите мустаки падна капка од врелата
ракија .
Смири се бе Боро греота е аман повика баба Трајанка неговата жена.
Ма што смири се бе ...на крај краева која е па таа Марија ...знае некој ?
Сите погледнаа во Баба Благица. Се зумираа во неа .
Незнам изусти тивко Баба Благица ...не знам што сте се зазвериле во
мене... ја бараа од амбулантната рекоа бараат некоја Марија...и тоа е се
Да не ја барале старата Надежда , но таа ...не ке да е таа , таа секогаш
последна умира се насмеа иронично студентот Диме.
Баба Благица наеднаш стана центар на вниманието. Се затресе и западна во
транс. Имаше панделки во косите кои вибрираа заедно со нејзината глава .
Чорапите и беа полуоптегнати до глуждовите. Папучата лева и беше целата со
кал. Баба Благица одеднаш почна хистерично да се смее.
- Јас сум Спајдермен извика таа
Спидермен ??? запрашаа останатите како во хор
Спидермен извика Баба Благица, и можам да летам . Што не верувате извика
ебем ви матер неписмено ...ебем ви па знаете ли Вие што е уметност ?
урлаше бабата погледнувајки ги останатите .
Бабо мори ти си нетокму извика селјакот Трачхе.Трајче беше типче кое се
досели во нашата зграда од Антипармаково и никогаш, ама никогаш не
разбираше ништо. Бабо мори што збориш продолжи тој ...Ништо не те
разбираме ? Што зборуваш ?
Па што ако сум баба , заш баба да не може да биде спидермен поцна да вика
Бабата на сет глас.
Оваа се шекнала помислија останатите.
А јас еден од од родителите на Злате ... Мирко звани Бургија гледав
зачудено, таа Марија постоеше и секогаш беше некаде околу нас а никој не
знаеше за неа апсолутно ништо. Застанав и гледав во огнот и се сетив на
500 те денари кои ги дала на тој копилјот кој ми крадеше од подрумскиот
ајвар и му мавав заушки кога И да го сретнев . Се запрашав дали умрела и
Надежда заедно со неа...
сцена 2
Очите ми беа затворени. Ништо не можев да видам , само слушав гласови
. Јас Марија Цветковска од татко Димитар Чувалековски и мајка родено име
Таска Балабанова Чувалековска ...јас Марија не чувствував веке ништо.
Изгледами све ми се чини искрено да Ви кажам бев мртва. Рацете не си ги
осекав , а не беше баш ладно , мртва бев . Си помислив е тоа е тоа Марија,
ти дојде и тебе времето да си умреш. Штета , но може и не .И така и така
си бев стара мома , одвреме навреме ке ме посетеше пијаниот Живко и тоа е
тоа. Болје е вака , си лежам никој не ме замара .
Јас сум спидермен се слушаа гласови однадвор .
Што е пак сега ова помислив . Тогаш осетив дека некои раце ме допираат и
ме пренесуваат некои типови со бели мантили. Кај ме носат ... сакав да
запрашам ама ми текна...мртва уста не говоре овај не е дозволено според
прописи и си решив да си прекутам И така дур бев жива си кутев па не е
вред сега како мртва да се расприкажам .
Јас сум спидермен извикувашхе познатиот глас на комшиката .
Скришно погледнав , кога пред дворот се собрало цело маало . Баба Благица
се обесила како лјилјак на улицната светилка и вреска .
Не верувавте дека сум спидермен еве ви на видете - врескаше бабата.
Се запрашав ова рај е или пекол. Ама кој да прашам . Овие двајцата што ме
носат се гарант хонорарци , немаат врска. Ке морам да почекам да ме
однесат на рецепција . Ги затворив очите и пробав да се концентрирам нели
целиот живот треба да ми помине сега низ глава. Пробувам залудно. Само
едно што ми текна е дека го заборавив бојлерот а скапа струја е. Ми дојде
лутина одеднаш но се појави светло и глас кој ми прозборе :
Смири се мртва си Марија јебеш бојлер .
И знаеш што имаше право овој гласот од централата па и тоа ме заболе мртва
ладна преминав преку тоа.
Крај