т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


с:серафимовски оливер

serafimovski@yahoo.com
г:години:32
п:професија/интереси: професор по историја/уметност, книжевност, филм
д:досега објавено: нема
н:нешто за себе: сонувач



 

з:заробено срце

Седеше сам во собата. Беше го исклучил светлото од ноќната ламба. Врнеше. Ја слушаше секоја капка која силно удираше на плехот од балконот. Мразеше кога врне. Тогаш беше најмногу депримиран. Низ главата му поминуваа најразлични слики за кои на моменти не сакаше да се присетува. Од другата страна од вратата го слушаше гласот на својот мачор кој со сиот свој егоизам, сакаше да биде со него и да го праша зошто е секогаш ваков кога врне. Не се ни помрдна, а камо ли да стане и да му ја отвори вратата. Продолжи да го слуша дождот во ритмот на најсилните тапани кои можат да се чујат . Стана и дојде до прозорецот. Ја помрдна завесата и долго гледаше во вирот со вода. Секоја капка што ќе паднеше во тоа огромно мноштво на вода, нему му создаваше најразлични форми и ликови кои одамна не ги имаше видено.Ги виде сите свои љубови. Да, оние што му биле на дофат и сите оние што можел да ги има, а поради својата заслепеност му се лизнале од дланката како капка вода. Ги протри очите, а длабоко чувствуваше како нешто го стега во градите. Дали беше тоа болка која знаеше одвреме навреме да го стегне кога ќе го вратеше филмот за сите пропуштени шанси или пак претчувство за нешто што ќе се случи. Ех, имаше тој рана која никој неможеше да ја види освен тој самиот. Голема, гнасна и длабока. Направена од усвитено железо насреде градниот кош. Да го потсетува постојано. Го печеше одвреме-навреме, но секогаш кога ќе му се појавеше... само таа во мислите. А, се појавуваше... како „Венера„ на Ботичели, како „Голата Маја„ на Гоја, но го потсетуваше дека е тука, во мислите. Сакаше да ја заборави, да ја одсака, да му се тргне засекогаш од животот, но како ѓаволче ќе му се јавеше во мислите, недавајќи му да дозволи друга да влезе во неговиот живот. Како да му правеше магија. Беше свесен дека веќе долго време му ги окупира мислите и на секој начин се трудеше да го избрише секој спомен за неа.
Седна на креветот. Беше уморен. Заспа. Како и секогаш во првите секунди од толку потребниот сон почна да сонува. Сликите се движеа многу брзо. Како на филмска лента.
„Тој сам на широка пољана. Стои на средината со широко спружени раце. Почнува незапирливо да се врти, како вртелешка. Се вкопува во место. Во неговото видно поле ја здогледува... неа. Трча кон него со нејзината широка насмевка. Збунет е. Се повлекува неколку чекори наназад. Таа трча се посилно и ги раширува рацете. Го слуша нејзиниот глас како го довикува. Слушаше како гласно вика: „Те сакам!„. Толку малку му треба за да се стрча кон неа. Паѓаат во прегратка. Страсно се бакнуваат. Прилепени се еден до друг. Но, оддеднаш почнува да му се лизга од рацете. Ја стиска се повеќе кон себе, но таа му бега. Се претвора во најстрашното чудовиште што дотогаш го има видено. Ја отвора својата уста и со грозни остри заби почнува да го гризе. Чувствува ужасна болка, но не се ни труди да бега. Стои и му дозволува да го гризе. Дел по дел, чувствува како губи од своето тело. Со извитоперен глас му вели: „Уште ли ме сакаш? Бегај и не се враќај по мене! НЕ ТЕ САКАМ ВЕЌЕ!!!„.
Срипа од креветот целиот испотен. Ваквите соништа го исцрпуваа. Дишеше длабоко. Како да неможеше да земе воздух. Надвор сеуште врнеше. Го отвори прозорецот ширум. Ја извади главата надвор за да го освежи дождот кој силно врнеше. Неколкуте капки, толку му беа потребни, како на сува распукана земја. Го затвори прозорецот и седна на подот. Му се вратија сликите од сонот кога чудовиштето почна да го гризе. Да, таа е чудовиште кое цврсто го стега со неговите канџи и не му дозволува да се отргне од него. Стана и зема еден од албумите со нивни фотографии. Го отвори токму каде што беа двајцата. Прегрнати и насмеани. Тоа беше фотогрфија од нивната прва средба. Беше одамна, но нему му се чинеше како да е вчера. Го затвори албумот и го врати онаму каде што му беше место, меѓу полиците со еден куп книги, сите спомен од неа. Го слушна телефонот како ѕвони. Без голема воља ја пружи раката. Од другата страна на слушалката го слушна гласот на својата девојка. Беше тажна. Ја слушаше, но немаше желба со ниту еден збор да ја утеши. А, само еден збор треба...Те сакам! Беше свесен за тоа, но нечувствуваше потреба тоа да и го каже.
„ Ти не ме слушаш? Ти зборам неколу минути, но од тебе нема никаква реакција. Те молам, дојди до кај мене, потребна ми е твојата близина. Сакам кога си покрај мене!„.
„ Мене кој ќе ме утеши!„, си помисли, но како и секогаш и секому, одеше по неговото положение.
Ја спушти слушалкта и набрзина се облече. Излезе надвор. Дождот како да немаше намера да престане. Застана и ги испружи рацете. Му требаше ладење од ваков тип. Силно викна. Викна уште еднаш. Стоеше како вкопан в земја. Чувствуваше како нозете му тонат во калта. Тонеше се побрзо и побрзо. Потона до половината, но ниту со еден потег не се обидуваше да се извлече.
„Пропадни... нека те лапне калта...„, си помисли. Беше целосно воден кога се стрча и влезе во колата. Осети дека му студи. Возеше како луд. Повторно, како флешови му поминуваа слики.
„Со неа, голи... На плажата немаше никој. Една од оние...пустите. Врнеше дожд, а тие се љубеа незапирливо. Легнаа на ситниот песок. Го преврте на грб. Седна на него и почна диво да галопира. Не престана додека не сврши. Дождот незапираше, но им беше убаво. Тогаш не го мразеше„.
Нагло закочи. Го исклучи моторот. Седеше во колата, иако веќе се тресеше од студ. Го пушти првиот диск што му се најде при рака. Почнаа првите звуци, а нему повторно слика пред очи.
„ Легнати во кревет. Повторно голи. Пушеше цигара. Нежно го милуваше со своите прси. Му беше убаво. Ја стави главата на неговиот стомак. Тивко изусти:
„Те сакам!„, и продолжи да го милува„.
Го извади дискот. Ја запали колата и тргна. Го подотвори прозорецот и го фрли дискот.

* *
*

Лежеа на креветот. Голи. Со прстите го милуваше. Ја стави главата на неговиот стомак. Тој пушеше цигара. Ја слушна како тивко изустува:
„ Те сакам! Но, не го чувствувам тоа од твоја страна. Во последно време си отсутен, го нема оној жар од почетокот. Стварно незнам што се случува со тебе. Дај, кажи ако нешто ти смета, подобро е да ми кажеш отколку вака...Не сакам кога те мачи нешто, а ти молчиш цела вечер. Не можам да те поднесам таков.„, а тој превртуваше со очите и во себе коментираше:
„Бла, бла, блаааа...„, стана и почна да се облекува.
„ Каде одиш? Бегаш повторно, по којзнае кој пат... Застани...„, и почна да го влече за фармерките.
Плачеше и го удираше. Стоеше и на ниту еден нејзин удар не реагираше. Знаеше дека е виновен, ја сакаше, но не како нејзе. Никого неможеше да сака како неа. Ја мразеше, но длабоко знаеше дека таа го има заробено неговото срце. Ја погледна како го покрила своето лице, раце полни со солзи. Клекна покрај неа. И ја подигна главата. Ја погледна право во насолзените очи. Молчеше и ја гледаше. Како јазикот да го голтнал. Ништо не збореше, само ја гледаше.
„ Доволно те повредив... знам дека сум најголемото ѓубре на овој свет, но неможам да те лажам, себе си да се лажам... те сакам, но ме стега нешто во градиве, не ми дозволува да те сакам онака како што заслужуваш. Разбери ме, те молам... ќе те оставам на мира... не те заслужувам... „.
„ Зошто ми го правиш ова? Не оди, неможам без тебе...„. Го зема палтото и со брзи чекори излезе од собата. Чувствуваше дека ќе експлодира. Тапа болка која го малакса.
„ Што правам, зарем толкав слепец можам да бидам?!„, му помина низ главата. Тоа беше вистината. Слепец кој ги уништува сите врски само поради својата заслепеност. Пропушти уште една од многуте шанси кои му беа дадени, знаеше дека греши, но исто така знаеше дека неможе да го врати времето назад. Ја удри главата со рацете и влезе во колата.

* *
*

Сеуште врнеше. Стоеше пред нејзината врата сиот наводенет. Заѕвони на вратата. Вратата ја отвори таа, онаа која го имаше заробено неговото срце. Се изненади кога го виде. Очите и беа широко отворени. Тој само молчеше и ја гледаше. Му помина низ главата:
„Што барам тука?„ но таа го имаше заробрено неговото срце.


 



у:убиствена убавина

Седеше на столицата, завален на шанкот. Ја испиваше којзнае која по ред текила. Очите му светеа како канделабри, а понекогаш ќе икнеше како знак дека се препил. Немаше намера да престане бидејќи од шанкерот побара уште една тура. Неможеше ништо да изусти само покажа со раката. Келнерот го погледна и неколку пати сврте со главата во знак на неодобрување. Но, баш го беше заболе што овој коњов на шанкот е дрво пијан, битно е дека остава пари. Размислуваше како трул капиталист, но таквите како дунстеров му носеа пари. Наточи од текилата и се тргна на страна. Ја пружи раката кон чашата и почувствува како некој му ја зема чашата од пред нос. Со тешка мака ја придвижи главата кон сеуште за него неиндетификуваниот објект, но кога го виде алкохолот како да му испари во еден миг. Стоеше до него вајано дело природе, што би рекол Миладинов „ божествена ја хубавина„. Се исцери со својот крезав осмех, а Божицата со палецот помина по неговата излигавена уста на која сеуште имаше капки од текилата. Палецот така добро го исцица, да во моментот помисли дека ќе експлодира од најразлични чувства, како новогодишен огномет. Неможеше да си ја види својата дебилна реакција, подзината уста и спуштен јазик до колена.
„Текила, а? Има супер вкус, а и ти не си лош!„ и помина со раката низ густата коса која и паѓаше преку раменици. Почна да се поместува на столот бидејќи неможеше да го издржи притисокот кој го чувствуваше во тенките панталони. Цурата дискретно примети дека попалениов со раката си игра џепен билијард, но го остави да ја заврши партијата. Тргна со тоа лигавата уста да ја пољуби, но Божицата се повлече наназад и кратко искоментира:
„Каде, бе, златен!„, а овој поцрвене к‘о морски рак. Ја наведна главата и со брз потег на раката ја избриша устата. Од срам се вртеше околу да види дали некој го гледа и откако се увери дека секој си ја гледа својата работа тивко изусти:
„Не ми беше тоа намерата, извни ако те навреди мојата реакција!„ и отпи од чашата. Нејзиното височество се насмевна и го баци во образот.
„Не очекував толку брза реакција...„, е на ова му одеше да се избљува, кое одвратно клише, си помисли. По ова се ослили, доби сила турбо инџекшн и силно ја стисна за задницата. Таа не реагираше, отпиваше најладнокрвно од коктелот. Неколку секунди ја држеше раката како да се укочи и да не добиваше команда да пушти. Како пит-бул кога ќе стисне и не пушта. Чувствуваше како раката му шета лево-десно, цурата не се бранеше, напротив, и се допаѓаше. Ја тргна раката. Ја забриша потта од челото и стана. Девојката изненадено го погледна. Извади неколку новчаници ги стави на шанкот и тргна да си оди. Излезе од барот и тргна со бавни чекори по темната улица. Беше ладно, па го закопча капутот. Сврте во првата уличка и застана да се испразни. Погледна наоколу дали има некој и набрзина ја заврши таа работа. Го закопча патентот и кога го направи првиот чекор се стаписа. Божицата стоеше пред него. Го грабна за реверот, го доближи до себе и почна незапирливо да шета со јазикот по неговата шуплина. Беше изненаден, со ококорени очи, но не се бранеше. Ја прифати играта.

* *
*

Ја отклучуваше бравата на брзина. Влегоа во темната соба во ефтиниот хотел. Мирисаше на неизветреана просторија со месеци. Беа залепени како пијавица на раскрварено месо. Темнината не им дозволуваше да се видат еден со друг. Но тоа не им претставуваше никаков проблем. Нему му беше во глава само како да ја плесне, ама онака крвнички како обична машка шовинистичка свиња. Ја фрли на креветот, а тој почна незапирливо да се соблака, небаре негде ќе му побегне. Се соблече угол гол и и се фрли на Божицата, милувајќи и ги бутините. Наеднаш срипа к‘о попарен. Го обли ладна пот. Како избезумен и блед како крпа стоеше исправен пред креветот. Со брзи чекори отиде до прозорецот, го отвори за да земе чист воздух, бидејќи почувствува дека го губи. Неколку пати вдиша длабоко, но нешто го притискаше во градите. Се сврте и почна да се дере:
„Излегувај пред да те убијам, те убив тука, маму ти јебем у пичка!!!„, и повторно главата ја извади надвор од прозорецот да вдише воздух. Божицата срипа од креветот и како да не и беше многу јасна неговата реакција. Со треперлив глас промрморе:
„Не ја разбирам твојава реакција?„, а тој збесна и се стрча кон неа. Почна незапирливо и крвнички да ја удира по целото тело. Негледаше каде удира. Неколку пати главата на божицата се поместуваше напред назад од неговите удари. Пцуеше како никогаш, но и удираше исто така. Босата нога веќе му беше крвава. Ги слушаше само пригушените офкања, но тие донего не допираа за да престане. Само слушна тивко и болно:
„Зошто...?„, кога престана со веќе неконтролираните удари. Тргна кон прозорецот и погледна во градските светилки кои полека згаснуваа. Беше зазорено и немаше никој по улицата пред хотелот. Колку што го држеше гласот почна да вика, да ја исфрла сета негативна енергија и шокот кој го доживеа. Нервозно се врати до неа и клекна:
„Ме прашуваш зошто, а ? Еве зошто, ти го ебам племето болно , мамути ебам у пичка, изроду болен...!!!„, и почна да го кине фустанот кој и беше припиен уз тело. Крвнички го кинеше. Во тие моменти не беше при себе. Кога го искина и последното делче од фустанот одеднаш се покажа „гордоста„ на Божицата. Тоа беше трансвестит, ликом и делом, желен за забава. Се исправи и почна да се облекува набрзина колку што имаше сила после такво крвничко тепање, а истовремено беше исцрпен од шокот. Ја подотвори вратата и ладно дофрли:
„Имаше среќа што не те убив....!„, и ја тресна вратата.

* *
*

Седеше на столицата, завален на шанкот. Ја испиваше којзнае која по ред текила. Очите му светеа како канделабри, а понекогаш ќе икнеше како знак дека се препил. Немаше намера да престане бидејќи од шанкерот побара уште една тура. Неможеше ништо да изусти само покажа со раката. Ја испи на екс како што секогаш го правеше тоа. Одеднаш забележа дека до него седи убавица. Му се стори дека халуцинира, па ги протри очите за подобро да види. Да, донего стоеше убавица која слатко му се насмевнуваше. Очите му се ококорија, престана на момент да дише и го изби ладна пот. Молскавично стана, ги извади парите од џеб и му ги остави на шанкерот и со трчање го напушти барот. Излезе на чист воздух и дишеше како да бил неколку минути длабоко под водената површина. Градите го стегаа. Продолжи со брзи чекори да оди по темната улица. Брзаше без да погледне околу себе. Наеднаш, во дел од секундата се најде струполен на улицата. Лежеше облеан во крв. Полека дишеше. Ги испушташе последните знаци на живот. Околу него се собраа луѓе кои на секој начин се обидуваа да му помогнат. Знаеше дека му се ближи крајот. Слушна како луѓето коментираат:
„Полека испушта душа, но гледајте како се смее...!„, и само ги затвори очите.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


























































































































































































































































































 

  д:дома