т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


q:queen adreena




 

п:предавник

Ми кажаа да верувам. Ми кажаа дека сум била песимист. Ми кажаа дека не душата, туку телото е мое. Мртва, згрутчена маса, обвиткана околу малечко зрнце светлина.

Решив да ја тестирам теоријата.

Те донесов на брегот, те расечкав на мали парчиња, те горев во огромниот оган - капка по капка крв се вжаруваше, па исчезнуваше нагоре како столб од чад. Чадот го боеше небото црвено, а Сонцето паѓаше во водата сакајќи да се придружи на мојата мизерија. Коските ги оставив, да ги соголи времето и солената вода. Кожата ја исклукав и ја исплукав, очите ги исколвав и ги проголтав, а вените ги врзав околу својот врат.

И пак, и пак си тука!

Вистина е тоа што го велат.

Ти си степски волк без плен, ти си коњаник кој го убива волкот, ти си смртоносен инсект кој го соборува коњот, ти си пајак заробен во сопствената мрежа, ти си лута змија - мудра и глупава, ти си овен кој смачкува змии, ти си болест која уништува животи, ти си свет - лулка на животи, ти си супернова - уништувач на светови, ти си универзумот - целото постоење на почетоци и краеви, ти си темнината на дното - уништувач на животот, боговите, светлата...

Јас сум, едноставно, Надеж.
 




 

п:поглед

Го набљудувам мртвиот поглед. Се подготвувам за неговото сецирање под најсилниот рефлектор, ја лупам сувата обвивка, тече крвта, темна, како ноќно небо. Ги набљудувам неговите закривени црти пред сосема да се распадне. Тој се стуткува и лази по подот, исплашено, се качува по белите ѕидови, залутува низ отворениот прозорец. Го пресекувам со сјајниот скалпел, а Неговите зеници се шират и собираат споро и мрзеливо. Се чини не ги интересира врз што можат да се стркалаат, свртени се навнатре, солзат, се кршат, се распаѓаат.

Го допирам мртвиот поглед. Тој е мек и нежен, а сепак ладен и сув, како да допирам метална површина, послана со свилена покривка. Го притискам нежно, а тој веднаш се изобличува... темната крв како мастило се собира на краевите и тие помодруваат. Мириса чудно, не мириса на мртво и распаднато, туку мириса на есенски дожд, на насолзени прозорци, на зачадени простории...

Одеднаш тој се буди, се вперува во мене, а потоа треперливо замира. Рефлекс."


Надвор се стемнува. Ги снемува Неговите очи. Тие се вкоренуваат во срцето на ноќното небо. Завиткан околу сопствената тага, Тој заспива, а јас Го милувам со сопствениот поглед.
 




 

б:б(луд) у(сни) с(екс)

Моето љубено Место. Мојот подвижен, пол-саатовен Рај. Чини 3 хартивчиња и едно парче метал. Преполн е... со ангели, со демони, со сенки и искри. Преполн е, со Стари, Изгорени лисја и одвратни мисли осветлени со Неонски светла. Потонувам... некаде, каде што нема реалност, каде што нема само смрт и ништо друго... Некаде каде што нема празни лица или празни ветувања. Нема темни денови, нема gloomy предмети со прекршени сенки кои паѓаат врз мене и тежат колку целиот свет... Ме има мене, и само мене - има некакво ехо, од нечии крици; но толку се далечни и неразјаснети, што воопшто не допираат до мене. Има неколку безвезни седишта, скршени, полускршени, изљупени. Има прозорци на кои постојано се менуваат сликите... има врата низ која циркулираат крвта и солзите. И малку промаја.

Небото се крши, од него излегуваат милион грозни лигави пипала, се подаваат накај мојот врат и го зграпчуваат со сета сила... влечат, влечат... и одеднаш сум на проклетата автобуска. Пак. Здрвена, измрзната...

Двата бунари, ме зјапаат низ прозорите... се прекршуваат милион рефлексии, умираат милион соништа. И готово. Будна сум. Полека зачекорувам по мокриот тротоар.

"Return to see, everything looks the same
I don’t know if the change made was grave
Cause the craving remains the same."

Проклети автобуси.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања






















































































 

  д:дома