т:темплум  


2007:март/април
жанровски конкурс


п:павлова слободанка




 

љ:љубов во прангии

Пред точно осумнаесет години, во малото јужноамериканско гратче Крузеиро де Сул, чиј заштитник е Св. Андреј, избувна веќе предвидената граѓанска војна. Истиот тој ден, по доживеаниот стрес, сопругата на тогашноит јужно-американски гувернер Алфонсо Гуарана го донесе на свет нивното прво дете. По пораѓајот, жената не престана да крвари цели дванаесет часа. Алфонсо не смееше да излезе надвор од својата ќуќа за да побара доктор, затоа што протестантите пред неговата куќа едвај чекаа да се отвори некоја врата и да ја заземат и последната слободна територија на градот. Единствено нешто што му преостана е непрекнато да се моли на Св. Андреј да ја спаси неговата жена и штотукуродената ќеркичка. Св. Андреј најверојатно беше презафатен тој ден, исполнувајќи ги молитвите на остаатите жители, па молитвата на Алфонсо ја исполни само половично, девојчето почна да плаче, што беше знак дека почна да диши, а жената искрвари до смрт. Нејзината последна желба беше ќерката да биде крстена Петруна, според гатачката која го предвиде зачнувањето на девојчето. Плашејќи се да не биде прогонуван од гневниот дух на мртвата жена, Алфонсо и го исполни барањето. Истата вечер откако протестантите се разотидоа тој ја завитка Петруна во дебело ќебенце и заедно со слугинката Росаура, која беше сведок на настанот и со нејзиниот двегодишен син Матијас ги испрати во мирниот град Ла Педрера. На десетина метри од куќата тројцата бегалци беа нападнати од скриени протестанти, на кои им требаа момчиња кои уште од мали ќе ги тренираат за војници. Матијас беше совршен за тоа, потполно здрав и доста висок за своја возраст, беше многу малечок и никогаш немаше да се сети на мајка си кога ќе порасне. Затоа и дадоа избор на Росаура, или да ги убијат сите тројца, или да и го одземат Матијас, а таа и девојчето безбедно да стигнат онаму каде што тргнале. Росаура не можеше да издржи да гледа уште крв тој ден, па молејќи се на Св. Андреј да го чува Матијас во војната, а нејзе и Петруна по патот, се согласи протестантите да го земат Матијас. Одземањето на детето од рацете на мајката беше срцепарателна глетка. Низ солзи и лелекања им го предаде синот, гневно обвинувајќи го Св. Андреј за нејзината судбина. По два дена стигна во Ла Педрера, каде веднаш најде работа во домот на богатата милостива госпоѓа Еухенија. Росаура и ја раскажа својата приказна само на Еухенија и и’ ја покажа единственате слика од Матијас што ја имаше. Кога Еухенија праша за девојчето, Росаура излажа дека Петруна е нејзина ќерка, затоа што ќерката на јужноамериканскиот гувернер можеше лесно да стане мета на киднапери или протестанти. Ла Педрера добро ја прифати Росаура, цели осумнаесет години помина работејќи кај г-ѓа Еухенија обидувајќи се да дознае нешто за Матијас или за Алфонсо кои се водеа како исчезнати откако заврши војната. Петруна израсна во стројна девојка, на која не и’ требаше волшебно огледало да и кажува дека е најубава од сите, тоа беше факт. Немаше момче во Ла Педрера кое не фантазираше за неа, но таа ги одбиваше сите чекајќи да се појави вистинската личност. Росаура неколку пати ја молеше Петруна да излезе со некој од додворувачите, плашејќи се дека ако Петруна не се омажи пред таа да умре, ќе остане сосема сама и незгрижена на овој свет. Но, Петруна остануваше на своето – “Чекам да се појави вистинската личнст”.
Гледајќи ја Росаура како полека умира од болка по изгубениот син и како секоја вечер пали по една свеќа пред неговата слика молејќи го Св. Андреј да и’ го врати, г-ѓа Еухенија реши да потроши колку што е потребно од своето богатство и да и помогне на Росаура да ги пронајде Матијас и Алфосо. Знејќи дека жена во поодминати години не може многу да направи сама, Ехенија се јави во одделот за исчезнати лица во Крузеиро де Сул. Ваботените не беа големи оптимисти кога им кажа дека оние кои ги бара исчезнале пред осумнаесет години, но и ветија дека ако е подготвена добро да плати, осумнаесет години и не се така далеку. Немаше сомнение дека г-ѓа Еухенија ќе плати многу и доби ветување од службата дека ќе ги пронајдат исчезнатите за кратко време. Им остави адреса и телефон и се врати во Ла Педрера, очекувајќи го нивниот повик.
Поминаа четири месеци од нејзината посета на Крузеиро де Сул, а во Ла Педрера ништо не се промени. Росаура навечер палеше свеќа и се молеше, а преку ден седеше стуткана во еден агол од кујната, лулајќи се напред-назад и непрекинато гледајќи во фотографијара. И се закануваше нервен слом. Петруна и понатаму ја чекаше вистинската личност и седеше покрај прозорецот по цели денови. Г-ѓа Еухенија очекуваше повик. По некое време нејзината стрпливост вроди плод. Еден ден, додека Еухенија ги читаше најновите трачеви во Скандал, некој заѕвони на вратата. Таа не беше баш среќна што ѕвончето и’ го прекина задоволството, но сепак стана и ја отвори вратата. Таму немаше ништо и само што помисли дека и се причинило зашто во позадина одеше гасна музика од тв Планет, здогледа писмо на прагот. По марката веднаш позна дека писмото е испратено од Крузеиро де Сул. Во истиот момент заборави на весникот и се затвори во својата соба каде го отвори писмото. Од агенцијата ја известија дека и двајцата исчезнати се пронајдени живи и здрави во Богота, каде морале да заминат по војната и дека на дваесет и седми тој месец ќе пристигнат во Ла Педрера заедно со една од вработените во агенцијата на која ќе треба да и се доплати остатокот од сумата. Г-ѓа Еухенија со нетрпение го очекуваше нивното пристигнување и реши да им приреди изненадување на Росаура и Петруна, па не им кажа ништо. Дојде и тој ден. Еухенија, Росаура и Петруна беа во дворот и ги кастреа трендафилите кога некој затропа на портата. Росаура отвори и... во следниот момент беше на земјата. Матијас и Алфонсо влегоа заедно со девојката од агенцијата. Кога се освести Алфонсо и кажа дека му кажале дека Росаура и Петруна биле убиени од протестантите и затоа не ги барал. Откако се изгушкаа и се изпожалија за изгубеното време, Алфонсо одеднаш забележа колку Росаура се разубавила во последно време, долгата црна коса и се спушташе нежно врз рамената и грбот, а големите црни очи блескаа со необичен сјај кој никогаш порано не го красел нејзиниот темен тен. Но не беше тој единствениот кој забележа нечија убавина во тој момент. Петруна почувствува дека конечно ја пронајде вистинската личност, девојката од агенцијата беше неодоливо привлечна...

Fin

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања































































































 

  д:дома