2007:март/април
општ
конкурс
o:oscar wilde
braziltessbruno@yahoo.co.uk
к:кратка
реминисценција на една /не/одмината љубов
далеку од сé... сé ти станува далечно...
блиску до самотија...самотијата ти станува блиска...
борејќи се за спомени...спомените ти стануваат борба...
замислувајќи си слики...сликите ти стануваат замисла...
далеку од спомените...сé поблиску си до сликите...
како залог за својата љубов си грабна неколку писменца
чуден грабнувач си
откупнина не бараш ... ниту сакаш
итро молчиш и траеш
љубоморно го чуваш пленот се криеш
одвреме навреме ги препрочитуваш и пак ги сокриваш
додека ги криеш под перницата...преправајќи се дека спиеш...полека и нежно
со врвовите на прстите ги допираш буквите
ја замислуваш раката...ги замислуваш прстите што во маѓесна низа буквите
ги редат
усните...очите...носот...што се помрднуваат со секое движење на раката
глеј! погледни еден прамен коса í паѓа преку лицето десната рака бавно се
крева ја допира средината на челото за миг подзапира и прстите го враќаат
праменот зад десното уво
го чувствуваш нејзиниот топол здив на своите усни
го доближуваш својот нос до нејзиниот и длабоко вдишуваш
миризбата одамна те прогонува само кај неа ја наоѓаш
миризбата на единствената
ноздрите ти ги исполнува миризбата на неа
ја движиш глават околу нејзините
образи...уши...коса...очи...нос...усни...целата ја вдишуваш
се плашиш и од најмал допир
се плашиш дека ќе се разбуди
се плашиш дека ќе избега
се плашиш дека ќе се разбудиш
се соочуваш со ѕид бел ѕид помислуваш...невиност
придвижувајќи се ги вадиш писменцата од под перница...речиси неподвижно...
сé додека усните не ти се најдат врз буквите
неколкупати ги бакнуваш сите...потем ги миризнуваш...повторно бакнуваш...
миризнуваш...
ги допираш...ги бакнуваш
замижуваш...ги отвораш очите...тука е
пленот е тука...сеуште
не бега...никогаш