т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


d:dr. max

г:години:19
п:професија/интереси: студент
д:досега објавено: ништо во печатена форма
koprivce@yahoo.com
kopriva.blog.com.mk



 

д:дождот

Темнина... тишина... единственото нешто што се слуша е придушеното чукање. Се одбива од четирите празни ѕида и се враќа во мојата глава. Толку силно а така тивко, нечујно. Така синхронизирано, толку смирено и потиштено. Тик, так, тик, так, тик, так, тик, так... и се така до бескрај. Одзвони четири пати. Со секое одзвонување како да се нарушуваше таа константна тишина надополнета со ситните чукања. Исто како што со секоја мисла и секоја слика во мојата глава се нарушуваа чукањата на мојот личен часовник. Часовник кој што за разлика од оној големиот во ходникот чука поинаку. Чука со поинаква цел.

Секогаш послатко спам кога врне надвор. Самите звуци на ситните капки кои што непрестано одјекнуваат ми ја пеат вечерната серенада. Овој пат ја посматрав таа убавина од прозорецот на мојата глува соба. Посакав да ја осетам на себе...

Со секоја нова капка на моето лице се повеќе се уклопував во времето и просторот. Се повеќе се будев од долгиот сон. Талкав по таа пустара со единствениот соговорник, дождот. Ме соголи. Ги одстрани сите мои маски, сите мои панцири и штитови. Ионака веќе беа безвредни. Дозволиа да бидат одкриени, пробиени, искршени. Веќе беа бескорисни.

Врнеше во мојот мал свет. Свет чии темели ги постави здравиот разум, граден врз принципиелноста и самодовербата. Свет ограден со кинескиот ѕид. Мој свет. Свет кој почна несопирливо да се руши.

Времето застана. Се се укочи. Капките останаа во воздухот, реката престана да тече, единственото битие освен мене беше фатено во расчекор обидувајќи да се сокрие од врнежите, громот во својот почетен стадиум одаваше прекрасна слика - беше на пола пат, веќе разгранет. Јас продолжив да талкам меѓу сопрените капки.

Врнеше во мојот мал срушен свет. Посматрав како може едно толку убаво нешто да направи таква пустелија. Граденото со години сега беше срамнато со земја. Со смирен поглед ја гледав празнината на некогаш толку полното и живото место. Сепак не ми беше жал. Темелите сеуште беа тука...

Се цедев пред радиаторот. Мократа облека ја поставив на сушарата. Се истуширав со топла вода присетувајќи се на изминатиот период со одредена доза на тага и среќа. Посигурен, помудар и посталожен од било кога, влегов во мојата соба.

Сонцето огреа додека јас мирно спиев во новосоздадената колевка.
 

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања



































 

  д:дома