т:темплум  

2007:март/април
општ конкурс

е:едифокс икс

ц:црковен зејтин

Еден човек пристигна во дворот на црквата. Влезе во малата продавница на влезот.

- Добар ден, едно литро зејтин ве молам.
- Повелете, 64 денари.
- Благодарам.

Човекот се прекрсти три пати и влезе во црката.
Го остави зејтинот под иконата на божјата мајка, остави сто денари и ја бакна иконата.

„Господе чувај ги нашите деца, помогни им на сиромашните и гладните, дари ни здравје и љубов, биди со нас и во нас, сега и секогаш во вечни векови, амин.“

Запали една свеќа за починатите, три за живите и пет за неродените.
„Чувај ги боже нивните души“.

Полека излезе од црквата, прекрстувајќи се три пати и замина онаму од каде дојде.

Клисарот помина покрај иконите. Ги собра шишињата зејтин и ги однесе во малата продавница покрај влезната капија.

Еден човек пристигна во дворот на црквата. Влезе во малата продaвница на влезот.

- Добар ден, едно литро зејтин ве молам.
- Повелете, 64 денари.
- Благодарам.

Човекот се прекрсти три пати и влезе во црката.
Го остави зејтинот под иконата на божјата мајка, остави сто денари и ја бакна иконата.

„Господе чувај ги нашите деца, помогни им на сиромашните и гладните, дари ни здравје и љубов, биди со нас и во нас, сега и секогаш во вечни векови, амин.“

Запали една свеќа за починатите, три за живите и пет за неродените.
„Чувај ги боже нивните души“.

Полека излезе од црквата, прекрстувајќи се три пати и замина онаму од каде дојде.

Клисарот помина покрај иконите. Ги собра шишињата зејтин и ги однесе во малата продавница покрај влезната капија.

Еден човек пристигна во дворот на црквата. Влезе во малата продвница на влезот.

- Добар ден, едно литро зејтин ве молам.
- Повелете, 64 денари.
- Благодарам.

Човекот се прекрсти три пати и влезе во црката.
Го остави зејтинот под иконата на божјата мајка, остави сто денари и ја бакна иконата.

„Господе чувај ги нашите деца, помогни им на сиромашните и гладните, дари ни здравје и љубов, биди со нас и во нас, сега и секогаш во вечни векови, амин.“

Запали една свеќа за починатите, три за живите и пет за неродените.
„Чувај ги боже нивните души“.

Полека излезе од црквата, прекрстувајќи се три пати и замина онаму од каде дојде.

Клисарот ...

„Чувај ги боже нивните души“.
 
ш:шахта без капак

Се разбудив во болница. Не помнам како стигнав тука. Левата нога ми е обложена со гипс. По еден месец ме пуштија дома. Се спакував и лека полека, кроце по кроце тргнав да си одам.

Беше приквечерина. Во паркот пред зградата нема светилки што светат. Светилки ли се ако не светат? Опс, нешто ме удри во коленото. Паднав со левата нога во шахта без капак. До тука помнев. Потоа сум изгубил свест.

Се разбудив во болница. Не помнам како стигнав тука. Ми донесоа весник. Читам некој паднал во шахта без капак. Градоначалникот не може ништо да стори, нема ингеренции, законот не чини. Шахтите во Скопје кренале востание. Не можат веќе да ги издржат тешките капаци. Секоја шахта се бори за своето природно право да не носи капа.

Нема друго решение. Градоначалникот предлага да се промени законот и да се возврати цврсто. Да се затнат сите шахти со по еден кубик бетон. Да ги снема. Да се очистат од лицето на Скопје. Секој граѓанин да си го носи изметот во себе до крајот на животот.
Веќе никој не ќе може да падне во шахта без капак. Ќе ги затнеме тие смрдливи дупки. Никој нема право да го ограничува слободното движење на граѓаните на Скопје.

По еден месец ме пуштија дома. Се спакував и лека полека, кроце по кроце тргнав да си одам.

Беше приквечерина. Во паркот пред зградата нема светилки што светат. Светилки ли се ако не светат? Опс, нешто ме удри во коленото.
 
з:златна рипка рипка во сувиот песок

Додека го држев стапот, чекајќи да загризе некоја кркушка, сосема неочекувано фатив златна рипка. Ете ти чудо. Кај баш на мојот стап – златна рипка?
Ја гледам златна, рипка, рипка на суво се превртува и ми вели не мисли долго ајде пушти ме во водата и ќе ти исполнам три желби.

Добро и велам, ајде првата желба ми е да те пуштам, втората да не те фатам пак, а третата да ме оставиш раат да си ловам кркушки.

Ја гледам златна, рипка, рипка на суво се превртува и ми вели ајде пушти ме во водата и ќе ти исполнам три желби.

...

Ја гледам златна, не рипка, не рипка на суво не се превртува и не ми вели ајде пушти ме во водата и ќе ти исполнам три желби.

Лажна е гледаш! Да ми ја исполнеше првата желба сега ќе беше жива. Сега што? Сега може ќе фатам друга златна и се така… - колку да не може човек раат да си лови кркушки.

    e:електролит конкурс
       
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...

  в:ваши предлози  
 
п:прашања

  д:дома