т:темплум  


2007:март/април
општ конкурс


г:груевски зоран

gruzioran@gmail.com


 

р:расни, порасни, возрасни !!!

Растев, пораснав, но верувајте.......... никогаш нема да возраснам.
Го познавате ли вие ВОЗРАСНИОТ ?!?
Сте разговарале ли со него?
Сте го виделе ли?
Да? Кога?
Кога сте биле деца.
Кога ве погалил по главата и ви се насмевнал, кога го искривувал лицето, речиси до изнемоштеност, само за да ви ја покаже неговата наклонетост кон вас, најчесто заради другите возрасни, кои будно го набљудувале секој негов потег и го вреднувале како соодветен или не дај боже премногу соодветен.
Значи тогаш и така.
А денес?
Сте го виделе ли денес, кога сте веќе пораснат, возраснат дури.
Сте разговарале ли со него? Ја покажува ли и денес неговата наклонетост кон вас на истиот, внимателен заради другите, начин како и тогаш?
Не? Да? Не знаете? Не знам ни јас. Само знам дека никогаш нема да возраснам.







н:не чекај, почекај!

Ги гледаше како поминуваат секој ден. Ги слушаше како зборуваат и се смеат, како се поздравуваат. Луѓето не му пречеа многу.
Но во болницата, кога чекаше тој да дојде на ред, ги презираше. Се презираше и себе си.
Во тој простор за недолично чекање, кое секогаш (барем за повеќето од нас) е предолго - си велеше тој , речиси е невозможно да не се престориш во мал монструм кој постојано се труди да не пропушти ниедно од движењата на сите околу тебе, особено на оние кои штотуку пристигнале.
Ќе влезе преку ред.......што ли му е па овој на лекарот...... и овој ли само ќе праша нешто?
А редот? Редот........ се реди........ се чека........ се седи.

***

Помислуваше, насмевнувајќи си се на помислата, дека, човекот оди на лекар да се лечи со чекање. Кога си дочекал, ти си безмалку излечен. Понатаму, се што треба да направиш е да влезеш и да го направиш лекарот горд.






с:снема струја

Неговото лице е старо и збрчкано. Крупните вдлабнати очи, како да излегуваат од огледалото, се тркалаат кон него нанапред и го допираат..........
Снема струја.
Нема кисели краставички, нема страст да голтне било што.
Нема свеќа на масата, нема луѓе.
Гласот на смртта сега е подлабок, посигурен.

    e:електролит конкурс
       
     
  а:актуелен конкурс   а:архива на конкурси
  р:рокови   д:досегашни конкурси
  п:праќање   н:награди
  а:автори   з:застапени автори
  р:раскази   з:застапени раскази
  н:наградени раскази   н:наградени раскази
  в:ваш избор   в:ваш избор
       
       
  д:други текстови   в:вон конкуренција
  п:праќајте ни други текстови (песни, есеи, рецензии...) кои не спаѓаат во рамките на нашиот конкурс...


 
 
     
  в:ваши предлози  
 

п:прашања


















































 

  д:дома